Ајде збор 2 за играчите..
Сан Икер - Ништо не можеше да напраи за голот, фантастичен како и секогаш, фати зицер на Чави, кога сите ја видовме топката у гол.
Арбелоа - Па ако не му беше најдобра утакмица у дресот на Реал уопште
Му кажа на Тељо да не се прчи како младо петле
Пепе/Рамос - Не солидни, одлични беа синоќа. Конечно за нив Ел класико без грешка. Дај боже и во среда да дадат се од себе.
Коентрао - Не го критикував ни со Баерн, а сега? Сега пак би му дал шанса, Марсело некако нервозно ми изгледа. Одлична утакмица на Фабио.
Чаби - Генијалец. Клучен играч од средината. Трча и напред и назад. Те молам немој да добиеш жолт
Кедира - Ги повлекувам сите зборови кажани за неговата некорисност во офанзива. Повеќе од доволно направи, а јас обожавам кога сум позитивно демантиран. Што се тиче во дефанзива, уште една маестрална утакмица.
Ди Мариа - Прелесно му се одзема топката кога е во трк, али ќе се сложите сите тука, одигра клучна улога за пресингот врз противникот. Ако не ти иде у напад, барем биди корисен во одбрана. Браво.
Озил - Човек создаден за асистенции. Имаше у прво полувреме еден спринт по десна страна, штета што не упати подобар центаршут. А асистенцијата беше потег на мечот.
Бензема - Не многу корисен во нападот, али се вклопи во шемата на Мурињо за пресингот. Исто ко Ангеле
И за крај, CR7 - Шуд ај вејст вордс? Калма Калма
Дечкото што „се губел во големи утакмици“, што никогаш немал да освои ФИФА награда (иако веќе еднаш во 2008 ја освои), што стално симулирал и лежел по теренот... Ги заќуте апсолутно сите. Ќе изоставам да кажам дека е од друга планета, пошо ванземаљацот (кој шо коа не игра добро е само обично љуцко биче) не се виде синоќа. А после фијаското од 2010 година, небитно е кој ќе ја земе ФИФА наградата.
П.С.
Мурињо - Конечно го најде начинот како против Барса. На фан клубот на фб, пишуваше дека наводно на полувреме им рекол, „ако ни дадат гол, тоа значи дека ние треба да дадеме уште еден“. Ги заќуте сите, вклучувајќи ги и голем број на кајганџии. Ајде и швабиве да паднат, ти знаеш како!