Пред да го пцуете и навредувате Озил, сите шпекулации и информации водат до заклучокот дека Месут не сакал да си замине, туку бил избркан од клубот.
Перез нека не изиграва голем мангуп и да ги заќутува фановите, да имаа мозок жив ќе го запалеа досега.
Ќе видиме што било, рано е за секакви заклучоци, дури не се олади трансферот.
Вака постојат две опции: 1.Озил сакал да иде, 2.Клубот му дека не смета на него
Али за овие две опции постојат милиони приказни и варијанти до сеа. Чудно е што агентот на Озил САМ побарал од шпанската федерација Озил да биде испишан од пријавениот список на Реал.
Донекаде го разбирам, сака сигурно првотимско место за да обезбеди место на СП. Али заборава нешто, дека нема во репрезентацијата да му биде како во Арсенал туку како во Реал, во поглед на конкуренцијата. Ако заминал заради конкуренцијата во Реал, тогаш тоа е гест на неамбициозен спортист, кој нема самодоверба дека може јаки играчи да стави зад себе.
Ако заминал заради поголемата плата која му ја понуди Арсенал, во споредба со таа што му ја нудеше Реал пролетва, ондак е уште еден од многумината кои поцепаа по стапките на агентите и е лесно убедлив.
Пошто, во никој случај, заминување од Реал во Арсенал не е „нагорно“ во поглед на амбиции на клубот, кон трофеи.
Секако, втората верзија е многу можна познавајќи ги постапките на Перез од минатото. Се повторува 2009 и Снајдер, само што сега не го шитна за мала цена. Можеби ова било мастер план цело лето. Всушност многу веројатно е. И Реал мора да биде во плус некогаш (особено со ситуацијава во Шпанија) па планирал да го доведе Бејл а да шитне двајца за приближни пари од Бејл. И тоа се деси, Игуаин и Озил заминаа за вкупно 90 милиони евра, толку колку што Реал даде за Бејл.