Васил МКД
Jesus
- Член од
- 20 ноември 2009
- Мислења
- 8.150
- Поени од реакции
- 8.891
:pos2:во врска се?
Близначиња чекаат
После раскинувањето со девојката,Озил веднаш си најде утеха во преубавата Аху,како што кажа Шурикен,чекаат близначиња
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
--- надополнето ---
Mourinho (11.12.10 - press): Arbeloa е биде стартер утре и он тоа го знае веќе два дена. Но не затоа што Ramos не може да игра, туку затоа што Arbeloa заслужува да биде стартер поради својата работа. Arbeloa е пример за добра работа, сериозност и борба, исто како и Albiol или Granero. Тие што не играат често работат многу добро, тоа е нешто што се постигнува со добар менталитет, мораме да им дадеме добра кондиција на тренинзите и потоа да им ја отвориме вратата на надежта, за да знаат дека не може истите играчи да бидат стартери секогаш, ниту пак замените да бидат замени секогаш. Тоа се случува со Arbeloa.
Се уште не сум одлучил дали Beznema ќе биде стартер или не утре. Тоа е сериозен проблем, затоа што ако го ставам од почеток и ни тргне лошо ќе останеме без алтернатива на клупа. Затоа се двоумам. Знам дека најдобро за Karim е да му се даде континуитет, но не знам дали е тоа најдобро за екипата.
Темата засилувања во јануари не зависи од мене, тоа е тема за некој со поголема функција од мојата во клубот. На почетокот на сезоната реков дека ќе биде тешко да се игра цела сезона само со Benzema и Higuaín. И сега само со Benzema е уште потешко. Јас сум само тренер, ништо повеќе, и морам да работам со играчите кои ги имам. Мене ме ставаат за да ги решавам проблемите на терен. Кога имаш куче можеш да уловиш повеќе, кога имаш маче ловиш помалку, но сепак ќе уловиш нешто. Ни Cristiano ни Di María се класични напаѓачи. Ќе се бориме без да плачеме. Ќе го промениме системот на игра или ќе го користиме Benzema како стартер, но ќе одиме напред.
Јас верувам во младинците за во иднина, но не за сегашноста. Ако некој младинец игра, сакаме тоа да го направи добро. Имаат потенцијал, но едно е да бидеш комплетно подготвен и друго е да играш затоа што немаш друга опција. На децата им требаат уште подготовки, се уште го немаат она ниво кое го бара Real Madrid. Но немам намера да плачам, ќе се борам.
Larsen е интелигентен судија, затоа што знае како да се изрекламира. Топ играчите како Cristiano секогаш ги плаќаат скршените чинии. Овој судија е нормален, никој не знаеше кој е ниту дека е при крај со својата кариера, сега секој го познава.
Сите мораме да учиме од интелигентните луѓе. Тоа што го кажа Alves немаше подобро да го каже ни Ајнштајн. Не беше Португалец тој што му ја откри државата, ниту пак е вистина дека Португалец го измисли фудбалот. Има право, јас не го измислив фудбалот.
Iker може да игра уште 10 години ако сака. Неговите бројки се важни и има добра кариера.
Kaká ќе се врати наскоро благодарение на одличната работа во последните месеци.
Zaragoza е екипа која нема да ја заврши сезоната на последно место. Поради квалитетот на своите играчи, поради искуството на нивниот тренер, поради динамиката на клубот, не заслужува да има проблеми за да излезе од последните три места. И се разбира очекуваме тоа да не биде утре.