Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.891
:pos2:во врска се?
Близначиња чекаат

После раскинувањето со девојката,Озил веднаш си најде утеха во преубавата Аху,како што кажа Шурикен,чекаат близначиња
:pos: :pos: :pos:

--- надополнето ---

Mourinho (11.12.10 - press): Arbeloa е биде стартер утре и он тоа го знае веќе два дена. Но не затоа што Ramos не може да игра, туку затоа што Arbeloa заслужува да биде стартер поради својата работа. Arbeloa е пример за добра работа, сериозност и борба, исто како и Albiol или Granero. Тие што не играат често работат многу добро, тоа е нешто што се постигнува со добар менталитет, мораме да им дадеме добра кондиција на тренинзите и потоа да им ја отвориме вратата на надежта, за да знаат дека не може истите играчи да бидат стартери секогаш, ниту пак замените да бидат замени секогаш. Тоа се случува со Arbeloa.
Се уште не сум одлучил дали Beznema ќе биде стартер или не утре. Тоа е сериозен проблем, затоа што ако го ставам од почеток и ни тргне лошо ќе останеме без алтернатива на клупа. Затоа се двоумам. Знам дека најдобро за Karim е да му се даде континуитет, но не знам дали е тоа најдобро за екипата.

Темата засилувања во јануари не зависи од мене, тоа е тема за некој со поголема функција од мојата во клубот. На почетокот на сезоната реков дека ќе биде тешко да се игра цела сезона само со Benzema и Higuaín. И сега само со Benzema е уште потешко. Јас сум само тренер, ништо повеќе, и морам да работам со играчите кои ги имам. Мене ме ставаат за да ги решавам проблемите на терен. Кога имаш куче можеш да уловиш повеќе, кога имаш маче ловиш помалку, но сепак ќе уловиш нешто. Ни Cristiano ни Di María се класични напаѓачи. Ќе се бориме без да плачеме. Ќе го промениме системот на игра или ќе го користиме Benzema како стартер, но ќе одиме напред.
Јас верувам во младинците за во иднина, но не за сегашноста. Ако некој младинец игра, сакаме тоа да го направи добро. Имаат потенцијал, но едно е да бидеш комплетно подготвен и друго е да играш затоа што немаш друга опција. На децата им требаат уште подготовки, се уште го немаат она ниво кое го бара Real Madrid. Но немам намера да плачам, ќе се борам.
Larsen е интелигентен судија, затоа што знае како да се изрекламира. Топ играчите како Cristiano секогаш ги плаќаат скршените чинии. Овој судија е нормален, никој не знаеше кој е ниту дека е при крај со својата кариера, сега секој го познава.
Сите мораме да учиме од интелигентните луѓе. Тоа што го кажа Alves немаше подобро да го каже ни Ајнштајн. Не беше Португалец тој што му ја откри државата, ниту пак е вистина дека Португалец го измисли фудбалот. Има право, јас не го измислив фудбалот.
Iker може да игра уште 10 години ако сака. Неговите бројки се важни и има добра кариера.
Kaká ќе се врати наскоро благодарение на одличната работа во последните месеци.
Zaragoza е екипа која нема да ја заврши сезоната на последно место. Поради квалитетот на своите играчи, поради искуството на нивниот тренер, поради динамиката на клубот, не заслужува да има проблеми за да излезе од последните три места. И се разбира очекуваме тоа да не биде утре.
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Можен стартен состав според МАРКА:

Casillas
Arbeloa - Pepe - Carvalho - Marcelo
Lass - Xabi
Di Maria - Ozil - Ronaldo
Benzema​

Најверојатно ќе е овој, појак нема во моментов. Рамос и Кедира повредени:toe:
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872


Ловецот Мурињо извикува 9
на 7ми живот на мачка Бензема

--- надополнето ---

Бенз ги остри своите канџи за со Сарагоса
 

Голијат&

...зависи...
Член од
10 мај 2010
Мислења
271
Поени од реакции
9
Ќе има пренос на алфа вечерва или барселона ќе ја пуштат ?

Edit: се заборавив дека барса е од 9, а ние сме од 7... :)
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.891
Q: Зошто си “canalla” (никаквец)?
А: Како дете играв за Rosario Central, почнувајќи на седум годишна возраст. Благодарение на канаљите заиграв за Мадрид.

Q: Ќе ни објасниш што е тоа “canalla”?
А: Пред многу години (1920) Старите момчиња на Newell сакаа да играат на хуманитарен натпревар за лепрозни, но Rosario Centra одби да им се придружи. Оттогаш нив ги викаат лепрозни, а нас никаквеци.

Q: Сега живееш во Ла Финса, многу поразлично место од она во кое израсна на улицата Пердриел.
А: Тоа е местото каде што бев роден и каде што ги запознав другарите. Го имам истетовирано на подлактицата. Цело друштво (седумина) ја имаме истата тетоважа. Сите што ги сакам живеат во Чураско соседството.

Q: Понекогаш, кога фудбалерот станува успешен заборава на старите пријатели..
А: Јас не. За мене Алекс, Нико, Диего, Маури, Херемиас и Брајан се се’, заедно со семејството и девојка ми Хорхелина.

Q: Вистина ли дека првиот трансфер го доживеа на седум години, од Atlético Torito во Rosario, во замена за 25 топки?
А: (се смее) Да, но мислам дека чинеше повеќе од тоа.

Q: Времето лета. И сега играш во Мадрид..
А: Ми се чини дека беше вчера кога почнав, кога мојот агент Андрес Миранда дојде во куќата на моите родители. Во Премиера дебитирав на 17 год., а на 19 дебитирав во Бенфика и сега во Реал Мадрид.

Q: Колку му должиш на семејството?
А: Некој доктор и предложил на мајка ми (Дијана) да ме прати да тренирам некој спорт бидејќи бев многу хиперактнивно дете. Благодарение на советот од докторот сум сега овде. Татко ми беше продавач на ќумур. Работеше со ќумур 16 год. но кога станав успешен и заминав во Европа, му реков дека не сакам повеќе да работи.

Q: Работеше и ти со татко ти?
А: Да, растоварав вреќи. Му помагав од кога имав 13 год. се до дебито во Премиера.

Q: Што ти имаат соиграчите кажано за твојот нов стадион?
А: Ништо, сеуште. Бев на Бернабеу минатата сезона, гледав како изгубија 4-0.

Q: Среќниот ден на Alcorcón?
А: Да!

Q: Го гледаше натпреварот на стадионот?
А: Да, бев со аргентинскиот национален тим.

Q: Каков меч си изгледал!
А: Фановите се’ тешки’, но кога работите се одвиваат добро, луѓето се охрабруваат.

Q: Твојот сонародник Гаго мораше да претрпи исвиркувања од толпата на Бернабеу.
А: Да, знам. Публиката бара многу. Она што се случи против Алкоркон беше тешко. Знам дека го исвиркуваа Фер, но се случуваат такви работи.

Q: Со среќа вечерва.
А: Благодарам. Верувам дека играње на Бернабеу е нешто прекрасно.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Q: Понекогаш, кога фудбалерот станува успешен заборава на старите пријатели..
А: Јас не. За мене Алекс, Нико, Диего, Маури, Херемиас и Брајан се се’, заедно со семејството и девојка ми Хорхелина.


ммм... :icon_mrgr
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom