moni <3 real
ти никад нема да влезеш.
- Член од
- 27 јуни 2009
- Мислења
- 1.466
- Поени од реакции
- 667
Не ми е јасно само зошто толку го посакувате Мурињо? Не е спорно дека е одличен тренер, но и она што Пелегрини го прави и нуди не е за потфрлање. Со тоа што човекот е на клупата на Реал оваа сезона и со според мене одличната сезона, мислам дека заслужува да остане. Таман ќе знаат и одредени грешки и негатвности од сега да ги поправат до наредна сезона и се тоа да се склопи во една кристална коцка, со тоа што кога ќе излезат на терен ќе има одлично прикажана игра, а притоа без многу напнатост и пцуење тука...немојте да мислите дека доколку дојде Мурињо дека наеднаш се ќе биде перфектно скоцкано. Помислете на тоа дека пак одново ќе треба некаква адапртација и други работи, што ќе донесат само повторни нервози и можна реприза на сегашното.