- Член од
- 5 април 2009
- Мислења
- 874
- Поени од реакции
- 75
Мурињо ги носи Тевез и Маикон во Реал; Интер се насочува кон Капело и Бенитез
Медиумите шпекулираат дека Жозе Мурињо ќе се пресели во Реал Мадрид заедно со Карлос Тевез и Маикон а Интер како алтернативи за ’Специјалниот’ ги има Фабио Капело и Рафа Бенитез
Иднината на Жозе Мурињо продолжува да биде една од главните теми на шпекулација на медиумите.
И покрај тоа што Португалецот има договор со Нероаѕурите од 2012 и актуелниот шампион на Италија сака Мурињо да продолжи на Џузепе Меаца и следната сезона шпекулациите говорат дека ’Специјалниот’ во новата сезона ќе биде на кормилото на Реал Мадрид.
Мурињо во својот догоовр со Интер има клаузула за раскин на договорот вредна 8 милиони евра и токму таа е сумата што Реал Мадрид ќе ја плати за да ја купи слободата на стратегот.
Се шпекулира дека Жозе Мурињо веќе испратил четири барања до претседателот на Реал Мадрид, односно услови под кои тој ќе го превзеде тренерското место на Сантијаго Бернабе.
Don Balon вели дека Португалецот побарал тотална контрола на трансферите, ангажман на Карлос Тевез од Манчестер Сити и на Маикон од Интер, директна комуникација со претседателот Флорентино Перез и намалено влијание на генералниот директор Хорке Валдано и спортскиот директор Мигел Пареза.
Бидејќи Реал Мадрид ќе одвои 8 милиони евра за раскин на договорот на Мурињо со Интер како и да му плати околу 5 милиони евра оштета на Мануел Пелегрини, ’Специјалниот’ ќе мора да прифати намалување на платата (од 12 милиони евра што во моментов ја добива од Интер на 8 милиони), но затоа пак Мурињо ќе бара ’Галактикос бонус’ доколку на клубот му ги донесе трофеите од Ла Лига, Лигата на Шампионите и Копа Дел Реј.
Во исто време се шпекулира дека Масимо Морати и Интер веќе бараат замена за Жозе Мурињо.
Извештаите говорат дека Нероаѕурите имаат листа од неколку потенцијални наследници на Мурињо но најверојатно тие ќе се насочат на две имиња, селекторот на Англија, Фабио Капело и менаџерот на Ливерпул, Рафаел Бенитез.