Не знам каде да го пишам постов па ќе го ставам и во Манчестер и во Реал, модераторите ако мислат дека не на место слободно нека го тргнат.
Минатиот септември кога Сити доби нов сопственик и кога имаше најави за мега транфсери сите фудбалски работници, фанови, експерти, луѓе од УЕФА, ФИФА се побунија како богатството на Арапите ќе го уништи фудбалот. Истото се случи и претходно со Челзи, сите го обвинуваат Абрамович дека се обидел со пари да купи успех и бла бал бла, уште милион работи поврзани со парите и фудбалот и како овие два клуба го уништуваат фудбалот.
Но Реал го правеше истото во минатото а го прави и сега. Фиго, Зидан, Роналдо, Бекам....Кака, Роналдо и уште кој друг... Сите тие до вчера што викаа дека Сити и Челзи се предавници на фудбалот сега се радуваат како мали деца на трансерите на Кака и Роналдо. Дали целиот свет сега ќе го завземе истиот став како и во минатото или ќе му прогледа низ прсти на Реал Мадрид и ќе речат: Ајде тоа е Реал па они секогаш правеле такви трансфери што сте изненадени.
Кака и Роналдо во Милан и Манчестер го имаа на располагање се она што ќе го добиат во Реал, престижот од носење на дресот на Реал е само завеса зад која се крие големата понуда на пари. Парите се тие кои ги реализираат овие трансфери и баш ме интересира кој ќе покаже сега со прст кон Реал и да каже дека ФУДБАЛОТ Е УНИШТЕН, дали Платини и Блатер ќе соберт храброст и јавно ќе ги обвинат Кралевите.
ПС нека не мислат навивачите на Реал дека сум љубоморен на ваквите трансфери, напротив убеден сум дека Интер и без вакви мега ангажмани ќе биде на исто ниво со Реал, ќе бидеме силни доколку и Ибра замине. Зошто имаме континуитет, имаме компактни и квалитетни 22 играчи предоводени од добар стратег.