Рафа со ултиматум во Чаби, бара иднината на играчот да се разреши за 48 часа
Според шпанските медиуми екипата на Ливерпул поставила ултиматум до Чаби Алонсо неговата иднина да биде разрешена во следните 48 часа
Според AS и Marca, Рафа Бенитез му соопштил на Чаби Алонсо дека неговиот трансфер во Реал Мадрид мора да се комплетира многу наскоро, идеално во следните 48 часа со цел стратегот на Ливерпул да има време да пронајде соодветна замена.
AS вели дека преговорите помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид продолжиле вчера а Marca додава дека Црвените од Енфилд се подготвени да ги намалат барањата и да дозволат Алонсо да замина за 30 милиони евра.
Доколку Шпанецот се пресели во Реал, Ливерпул ќе се насочи кон Алберто Аквилани од екипата на Рома како негова замена.
Исто така извештаите на медиумите од Шпанија велат дека покрај Алонсо и неговиот соиграч од Ливерпул, Алваро Арбелоа ќе се пресели на Сантијаго Бернабе.
Двата клуба се договориле за висината на оштетата за десниот бек која ќе изнесува 4 милиони евра и сега останува само уште да се договори начинот на плаќање.
Вчера Перез индиректно го обвини Ливерпул дека цената на Чаби Алонсо е превисока.
“Бидејќи рековме дека сакаме играчи кои се Шпанци, некои клубови мислат дека можат да бараат оштета која не кореспондира со реалноста.” – рече Перез.
“Пред една година, одредени играчи за кои ние се распрашуваме вредеа двојно помалце од цената што сега од нас се бара.”