Ајдеееееееее Победооооооооооооооооооооо...
Теренот катастрофа а беше најдобро нешто, сега само крв, солзи горчина во душа, нешто што ме стега во грло, а ѕидчето еј не можев да се качам а сакав, Отидов пијан да се прекачам ноќе црна темница сега можам тогаш дете бев. Што правам си викам овде сега ако ме види неко јсамо клекнав и се потпрев со грбот на него. Ноќе гледам тука се контејнерите со медицински отпад, оградени се со ограда сега. А баравме во нив не знам што тешка некоја заразна болест да добиеме. Баравме метални делови беа од некоја опрема беше за да ги наполниме со фосфор од кибрит за петарди самонаправени....
Оди длабока горчина за ѕидчето кое што сеуште е тука од кое се влегува во стадуион а и за луѓето кои што ги нема, детсјка радост за лифтот болнички окупиран од нас и возење се додека не не забркаат стражарите . И одат бранови од публика гужва и се следи внимателно кога тој ќе стане до тебе а ти по него. Шеќерното јаболко од кај Мечо....