ПЕЛИСТЕР - ПОБЕДА
Пелагониското дерби се игра во градот на конзулите. Пелистер по успехот во Ѓорче против Македонија, сигурно дека ќе сака да ја дотолчи Победа, која си дозволи таков луксуз, да биде елиминирана од купот уште на стартот. И тоа од второлигашот Илинден кој беше подобар по изведувањето на пенали. По ова, повеќе од јасно е дека тимот на Николче Здравевски, не може да го продолжи трендот на успешна шампионска екипа, која лани го освои првенството и стигна до финалето на купот. Ова дерби доаѓа во мошне незгоден час. Доколку и од Битола, Победа се врати со празни раце, можеме да очекуваме и смена на кормилото во соседниот град.
Стратегот на Пелистер, Ибраими, ќе може да смета на најдобриот поедниец во минатото коло, Бразилецот Жуниор, кој повторно ќе ги предводи зелено-белите, овој пат пред своите гледачи во Битола. Со евентуален триумф, битолчани сериозно ќе се замешаат во трката за самиот врв.