Фан Клуб: Пелистер

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
Ако е вистина дека Љамче поднесол оставка,тоа значи дека струјата на Владо Костов,и на тој тој претсставникот на Словенците Ванчо(не ми текнува на презимето)е чекор подалеку од преземање на клубот.
Љамче е чоек на Костов,познат во Битолската јавност како Пупучот(на постарите сигурно ќе му текни кој е,беше председател на Пелистер од 1998-2000 година).
Костов и неговиот брат се врската на Словенците со пелистер.
Многу заплеткани се работите,очогледно е дека нема да се реши на мирен начин цела фрка.
Еве веќе втор пат не можи да се организира тоа собрание на делегатите.Круме си тера по свое-изгледа се прави простор за влегување на Масалко и Круме игра на таа карта.
И тој си има некоја своја математика,свои интереси-само да не испадни на крај,дека за сметка на сопствените амбиции да се упропасти клубот-не ме чуди и то да се случи,се има случено и порано:lut:
Љамче бил во лоши односи уште од порано со Масалко-уште пред некој ден од чоек близок до клубот ми беше предочено дека е можно Љамче да поднеси оставка,и еве се остварува(ако е вистина тоа шо беше напишано).
Е сега и Чкембарите најавија радикални мерки,преземање на клубот,цела документација,печати...
Мора шо побрзо да се реши оваа работа-оти еве се ближи преоедниот рок-го загубивме Кирче Ристевски-уште од сега има најави дека други клубови се заинтересирани за неколку наши играчи-Мацата пред се...
Мора да се среди цела работа,да се задржи костурот на тимот-па со некое добро засилување-пред се голман,можиме многу да напрајме,посебно во купот.:pehar:
Ако ДУПАТ и понатаму ништо не прајме-ќе се разбегаат играчите,и џабе ќе биди сиот труд на децата кои изгинаа за клубот и без пари.:violent1:
P.S.
Од блогот на Зоран Мишевски!!!
http://zoran-misevski.blogspot.com/2009/12/ljamcevski-podnese-ostavka.html

Не одат на арно работите!
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.239
Поени од реакции
8.018
Изгледа Љамчевски поднесе оставка. :nesvest:
Љамчевски го напушти Пелистер

Наум Љамчевски поднесе оставка на местото шеф на Стручниот штаб на ФК Пелистер, а како причина за неговото заминување ги посочува лошата состојба во клубот и поделеноста на раководството.

Тој екипата ја водеше од трибините речиси три месеци од неговото назначување, бидејќи немаше лиценца, а на клупата седеше и екипата ја водеше неговиот помошник Ѓоко Илиоски.

Управата го ангажира Љамчевски, кој не можеше во целост да извршува функција, зошто клубот не си ги расчисти побарувањата на тренерот Алексо Мацков, кој исто со оставка го напушти Пелистер.

Битолскиот прволигаш во пролетниот дел ќе биде и без младиот македонски репрезентативец Кире Ристевски, кој потпиша шест месечен договор со можност за продолжување уште на две години со чешкиот прволигаш Бањик. Ако не се промени моментната состојба Пелистер може да остане уште без неколку стандардни првотимци, кои веќе планираат да ја променат средината, а меѓу нив е и младиот Марјан Алтипармаковски, за кој веќе постои интерес од домашни и странски екипи, особено од соседна Грција.

ЦРНО НИ СЕ ПИШИ СО КРУМЕ И КОМПАНИЈА СЕГА ЗА ДА ЗЕМАТ НЕКОЈ ДИНАР ОД ТРАНСВЕРОТ НА РИСТЕВСКИ ЌЕ ПРАВАТ ПРОБЛЕМИ И НЕМА ДА СИ ОДАТ ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА СОПРЕД МЕНЕ САМО ТЕПАЊЕ МУ Е МАЈКАТА
:violent1:
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
до кога ќе мачкаат и залажуваат бе со тие арапи,словенци и уште не знам шо???
 
Z

ziko bt

Гостин


НАЈДОБРИОТ ИГРАЧ НА ФК ПЕЛИСТЕР ПРЕД ЗАМИНУВАЊЕ

ПАОК фрли око Алтипармаковски

БИТОЛА. - Најдобриот играч на Пелистер во есенската полусезона Маријан Алтипармаковски е на мета на повеќемина менаџери од домашни и странски клубови. Меѓу нив, како што се говори, најголем интерес пројавуваат претставниците на грчкиот прволигаш ПАОК. Меѓутоа, ваквите информации засега ниту ги потврдуваат, ниту ги демантираат во таборот на Пелистер, а слични резерви искажува и самиот Алтипармаковски.
Наспроти ваквото однесување на луѓето од Пелистер, кои се уште се затечени од заминувањето на тренерот Науме Љамчевски, извесно е дека во зимскиот преоден рок, покрај Кире Ристевски, кој потпиша шестмесечен договор со чешкиот прволигаш Бањик од Острава, редовите на битолскиот прволигаш ќе ги напуштат и Алтипармаковски, Спировски и Ганчев.
 
Член од
20 декември 2009
Мислења
100
Поени од реакции
3
Ојде македонскиот фудбал... :tapp:
ахх друзе одамна нема фудбал у македонија све е наместено однапред се знае кој ќе биде шампион и све однапред све се мести башка нема пари узас
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.302
Поени од реакции
5.209
Ахххххххх :nerv::nerv::nerv: ништо не прајме во пролетниот дел :nesvest: ако не се реши проблемот со Волнаров и компанија за рок од 10 дена ништо не прајме, еве и играчите полека полека ќе почнат да си бегат и ќе останиме со к.р в раце. Овај Волнаров само тепање.... најавува повлекување никако да се повлечи :nerv:

Но :toe: нема спонзор, нема пари, нема ни фудбал :kesa::kesa:
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
3.640
Поени од реакции
3.261
Инаку во врска со Наум Љамчевски, разбрав дека, доколку влезат словенците како шо се најавува веќе 100 години, ќе се врати на тренерското место.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
http://www.sport.com.mk/WBStorage/Files/042412.pdf

Нова "работа "за ЕL-PRESIDENTE Ефто Божиновски,по ракометот и фудбалот најверојатно ќе се најде во рацете на навивачите:mist:
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.239
Поени од реакции
8.018
http://www.sport.com.mk/WBStorage/Files/042412.pdf

Нова "работа "за ЕL-PRESIDENTE Ефто Божиновски,по ракометот и фудбалот најверојатно ќе се најде во рацете на навивачите:mist:
Редно беше нешто арно да има од ффм
http://ffm.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=542:2009-12-23-13-42-45&catid=46:2009-03-19-21-17-01&Itemid=77&lang=mk
не оти сакаше круме да си оди како што пиши во македоснки спорт туку дека го казнија сега би требало да се реши ситуацјита со спонзорот не дека нешто сијајно ќе биди ама ако влези спонзорот ќе биди сигурно подобро од сега ако не бараат нашите преку леб погача односно да ги тераат да бидат спонзори и во рк Пелистер па да ја испрличат работата и на двете места после :toe:па жива да сме ќе видиме сега една работа помалку за нас решено е со круме и копманија :smir:
НАПРЕД ПЕЛИСТЕР ТИ СИ ЖИВОТ НАШ ...
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
ај да видиме конечно дали има некој заинтересиран инвеститор или нов арамија...

ако имаме потенцијален инвеститор најдобро е деновиве да му се дадат одврзани раце во клубот заради најавениот одлив на нашите најдобри поединци
 

Kajgana Shop

На врв Bottom