Фан Клуб: Пелистер

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.325
Поени од реакции
5.303
На крајот влеговме во една лоша серија.... по 8 натпревари без пораз, сега сме 3 натпревари без победа :nesvest:
 
Z

ziko bt

Гостин
На крајот влеговме во една лоша серија.... по 8 натпревари без пораз, сега сме 3 натпревари без победа :nesvest:
јебига добро е сега шо ке следи пауза па од напролет можи и ке се попрај финансиската ситуација во клубот па ке гледаме појак Пелистер
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.303
Поени од реакции
8.278
На крајот влеговме во една лоша серија.... по 8 натпревари без пораз, сега сме 3 натпревари без победа :nesvest:
Сепак треба да му се честита на фудбалерите за прикажаното во првиот дел кои со срце играа на сите утакмици и да се потеситме дека без пари се наоѓаат на солидното 5 место и впрочем на утакмицата со ренова немаше што да бараме жал ми е само за оваа полседна утакмица со силекс што не победивме но сепак за залагњето неможиме ништо да му замериме на игарчите кои се бореа и напаѓаа до крајот единствено имам забелешка на спирковски кој многу солираше и каснеше со проигувањата и се разбира на голманот кој како месечар беше за голот и среќа на крајот што не ни ставија гол на излетите на голманот сепак се на се немафме среќа и не постиганфме гол иако еден постигнафме судијта кипријановски малку ја кочеше играта и ги оставаше да лежат педерчината од кратово и рано свирна крај и не беше на нивото на еден судија и не мие јасно до кога вака ќе се оставаат да судат против нас ете и на домашен терен а што после да очекуваме за во гости треба еднаш да се искршат судиите од мавање па ако треба и да не казнат барем малку од малку да имаат страв
Да се надеваме дека конечно ќе се реши ситацијата во клубот мислам на финасиката и да му се плати заслуженото на игарчите за досегашниот труд за да не останиме со млдинци да ни заминат сите сега во зимскиот преоден рок сега е многу лесно да не речам најлесно да се излезе во еврпоа во оваа наша нерегуларна и наместена лига со солиден спонзор и две три појачувања можиме да бидиме трети и се разбира за финале во куопт но ако останат вака работите тешко на сите нас ќе биди :toe:
 
I

InF3cTeD

Гостин
сепак не ми е јасно кај отиде оној Пелистер кој беше во низа победи,кај отиде борбеноста на фудбалерите...се пропадна во вода и сеа се редат лоши резултати
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.303
Поени од реакции
8.278
сепак не ми е јасно кај отиде оној Пелистер кој беше во низа победи,кај отиде борбеноста на фудбалерите...се пропадна во вода и сеа се редат лоши резултати

Пелистер е тука брат кај да оди и игарчите се тука тие се истите е сега малку паднаа дали на психолошка база или се истрошија малку или што беше таков расопредот не сепак треба да бидиме презадоволни со сите игри на фудбалерите кои играат со срце барем до сега малку се поремети атосверата со одземањето бодови со милано и заебанцијата од страна на круме сепак мое мислење е да ни дозволеа да го одигарме тој натпревар сега ќе бефме 3 место на табелата и со отпањањето на македонија и слога ние излеговме едни од најголемите губитници кога автомаски ни беа одземени бодови кои ги заслуживме и паднавме на табелата потоа беше утакмицата со ренова каде што една гршка во одбраната не чинеше три бода и релано се појаки од нас после беше утакмицата со хоризонт кој е едне од најнезгодните тимови за нас каде сепак дадовме три голови и без 5 што казнети и повредени играчи се прикажавме во добро светло единствен кикс може да се смета овај денес со силекс каде имавме многу шанси и посед на топка еден поништен гол и барем еден сигурен пенал но судијата кипријановски мамето да му го ебам како во кратово да се игарше си суди за силекс ич кур не го боли сега само да се реши сосотојбата во клубот да си замене еднаш за секогаш круме тој и така не оди на утакмици и не се појавува на тренинзи само ги држи се уште печатите со помош на горан тасковски од општинскиот сојуз кои се против хари и се уште се надеваат дека ќе го сменат хари каде немаат никакви шанси и да се надеваме дека ќе остане истиот тим барем ако не ни заминат сите односно ако не можеме да земиме игарчи да остани овај тим но сепак ќе повторам ова се одлични резултати без пари и рушење на лошите традиции со вардар победа со слога па ако сакаш со сите тимови и да не заборавиме дека игарме полуфинале каде се ќе се реши за 180 минути каде ако се игара како до сега и со фер судење ќе одиме во финале на купот и излез во европа :smir:
 
I

InF3cTeD

Гостин
дај боже брат да се средат работите во клубот и дај боже да влезат во финале на купот па да се радуваме на нов,појак и европски Пелистер
 
Z

ziko bt

Гостин
http://www.vest.com.mk/

Инцидент Под Тумбе кафе

Пред вчерашниот меч Пелистер - Силекс полицијата спречи тепачка во службената ложа на стадионот, откако физички сакаа да се пресметаат членови на Управниот одбор од страната на претседателот на клубот Волнаров со своите колеги од застапникот на спонзорот Атанасов. Од слични причини на стадионот доцнеше и возилото на Брзата помош од каде објаснија дека не биле навреме известени да испратат своја екипа.

***

ПРОДОЛЖУВА ХАОСОТ ВО ФК ПЕЛИСТЕР

Претседателот не се повлекува, спонзорот не плаќа

Долгоочекуваното собрание на ФК Пелистер, на кое требаше да се извршат промени во Управниот одбор и да се дефинира прашањето со новиот спонзор, не се одржа поради немање кворум. Вистинската причина, меѓутоа, за петтиот неуспешен обид, според познавачите на приликите во клубот, не е немањето кворум, туку меѓусебните манипулации и опструкции на двете спротивставени струи, предводени од една страна од претседателот Круме Волнаров и од друга страна од застапникот на спонзорот Ванчо Атанасов.
Нетрпеливоста меѓу нивните табори особено кулминираше по потегот на Волнаров да го вовлече клубот во бојкотот против неодамнешниот избор на Хари Хаџи-Ристевски за претседател на ФФМ, кој, пак, веднаш беше осуден и отфрлен од стана на УО на Пелистер. Покрај тоа беше најавено скорешно разрешување на Волнаров од местото претседател кое конечно требаше да се случи на собранието. Меѓутоа, меѓу останатите 15 отсустни делегати беше и претседателот на клубот.
- Самиот Волнаров се согласи на собранието да си поднесе оставка, не само поради обидот да го инволвира клубот во бојкотот против ФФМ, туку и поради фактот што тој и натаму е под суспензија до јуни идната година според која не може да работи во клубот - вели потпретседателот на Пелистер Владо Костов, кој бојкотот на собранието на клубот го смета за чиста опструкција токму на Волнаров и неговите блиски соработници.
Од спротивниот табор, меѓутоа, доаѓаат информации дека не е нималку случајна поделеноста меѓу членовите на УО и тоа главно поради провидната игра на застапниците на спонзорот кои четири месеци одбиваат да ги преземат обврските на клубот и на играчите да им ги исплатат седумте заостанати плати. (Т. Г.)

***

Ристевски потпиша за Бањик

По успешната проба што ја имаше минатата недела во чешкиот прволигаш Бањик од Острава, бекот на Пелистер и младински репрезентативец Кире Ристевски потпиша шестмесечен договор со можност ангажманот да биде продолжен и во наредните две години. Пелистер нема да му прави никакви пречки на еден од своите најдобри фудбалери да замине во странство по три успешни сезони одиграни во зелениот дрес.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.303
Поени од реакции
8.278
Утре ќе се одржи изборно собрание во клубот и еднаш за секогаш да се реши со круме и горан и нивните привезоци за конечно во клубот да се создаде нормална атомсфера и конечно да влези долго очекуваниот спонзор ако дојдат круме и компанија ќе го примнат машки па така да речиси со сигурност нема да дојдат но едиствен проблем за регуларноста на собранието ќе биди бројот на членови односно дали ќе се има кворум за да бидат легитимни одлуките на собранито и да се земат печатите по мирен и регуларен пат би требало да се одржи собранито во малта сала на домот на културата па така да се надеваме дека ќе пред почетокот на преоднито рок ќе се реши уште утре ситуацијата во нашата гордост ФК ПЕЛИСТЕР
НАПРЕД ПЕЛИСТЕР ТИ СИ ЖИВОТ НАШ ...!!!
:smir:
 
Z

ziko bt

Гостин
ОТКАКО ТРЕТПАТ МУ ДАДЕ ГОЛ НА ПЕЛИСТЕР

"Чкембари" му се закануваат на Марковски

КРАТОВО. - Битолчанецот од редовите на Силекс Благојче Марковски третпат за една година му дава гол на својот поранешен клуб Пелистер. Во првите два меча, неговите голови беа победоносни, а во последното есенско коло Марковски му донесе бод на својот клуб. Тоа беше причината поради која битолчанецот доживеа низа непријатности последниве денови.
- Ни крив, ни должен, веќе неколку дена примам закани од членови на навивачката група "Чкембари", кои никако не можат да се помират дека пелистерци веќе третпат по ред настрадаа од својот сограѓанин. Заканите не ме плашат, бидејќи јас сум професионалец и секогаш сум лојален на клубот за кој настапувам - изјави Марковски.

за очеквање беше ова:pos::pos:
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
Шо бидна со собранието?Се одржа,не се одржа?
Или уште се ТЕГНАТ (за уши) двете струи во клубот:music5::duel:
Има некој точно инфо за состојбите во клубот?
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
3.641
Поени од реакции
3.266
Слушнав само дека собрание вчера НЕ се одржало... шо, како друго врска неам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom