Фан Клуб: Пелистер

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
8.023
Горан имаш грешка во мислењето кој сум!!! Има време ке ме запознајш.Друга работа ИСПИСНИЦИТЕ СЕ ДАВААТ СО АМИН НА МОНГОЛОТ...па и пак ке ти речам имаш лоша проценка и во таа насока.Јас неможам да ги смислам дуо три ама и монголот си го гледа интересот без денар даен го растури клубот.В0 6 месеци 20 битолчани го напуштија Пелистер.Единствен моментален спас за клубот беше да влези пелистерка со унапред уплата на целата година и плус парите од општината плус да се задржи целиот кадар и со уште 3-4 засилувања да бидиме конкурентни.А ова сега шо се случва е ебавање во здрав мозок меѓу себе во паралелната управа.И една работа ке те замолам .....прашај некој било кој шо комуницираш зошто јавно на прес не излезат и да изнесат проблемите,зошто не ја постават јавно понудата од пелистерка па да знајме кој е крив кој не е.А ние си носиме заклучоци од по некоја информација шо ке ја добиеме.
Ај не забавај по пишаното те знам кој си...нема потреба да се криеш не збораш нешто шо не си во право или пак не лажиш па да се криеш слободно кажи си кој си ете во порака немаше потреба и да го запоставиш прошлиот профил шо го имаше на кајгана ..ама не и битно работата е тука да пишиме збораме за Пелистер а не кој си или јас кој сум ;)Монголот си има исписниците од сите странци владица мојсов и мацата односно тие шо тој ги донесе а дека сака да земи некој динар за тоа што вложил е факт како што е нормално да си бара нешто да си врати ...Не да го бранам нешто Гоце ама знам дека порано давал пари лично негови без да му се вратат и помагал на клубот иако не бил дел од него во управата ..Исто така дека годинава даде пари даде а колку се тие и како се давани ан рака на црно итн ..тоа ен знам ниту пак ме интересира ама тие играчи шо ги набројав се негови и само мал дел од буџетот на клубот се даваат за нив не за друго оти таков е договорот како и тоа дека официјано повредените имаа поглеми догвори до овие сега шо играа сепак тоа е најмалку битно ...Пелистерка да влези сите ние сакаме ама има некој што не сакаат а кои се тие исто така сите знеме на кого нема да му договара но тука пак да не се повторвам решава двојче а не тие или ние ...
Друга работа јас немам контакти од пред нова година со никој и немам намера да ги прашвам нив за понудата оти наводно не ја знаат и да ја знаат нема да ми ја кажат шо значи самите тие од Пелисерка и Стопанска Банка Битола требаше до сега да излезат на прес ако вистина го сакаат клубот да гхо земат да излезеја јавно да ја кажат понудата па после да знаеме дека вистина двојче не го дава клубот покрај добрите услови а вака само нагаѓаме шо и како е понудено иако имаше информации дека преговорите беа во завршна фаза и договорот бил аминуван од сите со сите потребни клаузули арно ама ете не бидна до сега а оти пак не може да знаеме за тоа трева двојче и тие од општината да кажат оти веќе е извесно дека со овај буџет сегашен од општината не може да се изелези на крај ...
Тешко нас на градот и клубот кога останавме да ни ја решаваат судбината двојче компанија и другите пратиски послушници со амин од скопје и пази да се крастиме да дојди Панделевски ,Камчев а со тоа главен на Пелистер да биде Мијалков како и во скопски Вардар !
 

WilliamTell

Before Zee Germans get here...
Член од
3 март 2013
Мислења
963
Поени од реакции
1.630
Самиот ќе се цитирам...

Според ова твоето испаѓа дека Монголо е уствари Мајка Тереза, а од друга страна лично со него имаат дил неколку играчи, така да утре ако некој се реши да кешира, клубот ќе добие пољубац само.
А и еве да речиме дека на Пелистерка ќе му дат 51% акции (шо е мање вероватно), пак тука Монголо останва чаљо, а има функција генерален директор на клубот. Така да мене лично ми изгледа цела оваа приказна премногу бајковита.
Монголо ќе си замини оној момент ко ќе види дека ни тендер ни бутур нема да добие, ќе продај се шо можи да се продај, и ќе го снема... за по хх години кажи дека немале слух од општината.

Ова е негде неколку дена пред Нова година. Ко се пушти патката за колумбиецот, сите ко праеа формации едно друго, уште од тогаш почна егзодусот. Не е крив ни Двојче, ни Монголо, ни Димов, ни Кашкавало... Ние самите сме си криви.
Пред некоја година Ванчо скопјанецот ко беше финансиер... Кога испродаде се шо можеше да се испродај, сезоната кога испаѓавме после една утакмица ојдоја неколку дечки на паркингот небаре ќе го тепат. И овој лажов (во рангот на Двојче) му вика сега бе дечки ќе биди, ќе донесиме тројца јаки играчи ќе се бориме за европа. По сто евра да му даеше на секој од тие шо беа наоштрени, немаше така среќни да си заминат. Та сезона бевме мизерија жива и завршивме кај шо и сега ни е местото.

И сега е истото... Се пикат под тепих проблемите. Јавна тајна е дека договорите на блгарчињата, Жуниор и на неколку други играчи се лично со Монголо и тој одлучва за нив, и фала богу и тој го собира кајмакот. И сега се истите симптоми дека оваа полусезона се распаѓаме, ќе ги гледаме Главевски и Врапчето како засилувања (иако тие ни во најдобрите деној не можеа да поврзат две добри утакмици а не пак сега...) а ние уште си прајме филмој ќе го пуштеле колумбиецот, две странски засилувања, тој од Напредок, Кировски... :LOL:
Сега од понеделник ко ќе запалат патиките и Драгаро и Владица, е дури тогаш ќе биди весело. :X3:

Ако се сеќава некој и на првиот мандат на Монголо, после реваншот со Апоел, се продадоја одма неколку играчи и Монголот си се повлече. Така да тие приказни дека играчите биле тука заради него само, и дека тој е добриот дечко во цела работа се крајно дебилни. И него примарна цел му е да излези ќар, па се друго.
Двојче ќе има кого да лажи дури сите слепо му верват. Сега пред претседателските избори пак ќе ја замачкат малце ситуацијата, ќе фрлат мрсна боја малце на стадион ко демек се работи. Ќе дај пак некоја феноменална најава како автобусот, стадионот... И одма ќе ги маѓепса 99% од луѓето кои пратат спорт во градот.
И шо е најбитно НИКОЈ НЕ Е КРИВ. Монголот не го доби клубот од Двојче па ќе нема потреба да "вложва" на празно, Двојче ќе кажи дека немало банкарски гаранции или не му делувале доволно сигурни и Монголо и Пелистерка... И на крајот welcome to втора лига се до наредните избори.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
8.023
@WilliamTell се убо кажа и најмногу во право беше дека сами си се лажиме и не гледаме на вистината во очи како тоа дек сите сме криви само уште да кажиш чаре ќе нема како тебе ...Проблемите сите ги знаеме и историјата како до ова дојде и што може во иднина ќе претпоставиме ама никој до сега ен кажа чарете како да го бараме и до кој !
 

WilliamTell

Before Zee Germans get here...
Член од
3 март 2013
Мислења
963
Поени од реакции
1.630
само уште да кажиш чаре ќе нема како тебе ...Проблемите сите ги знаеме и историјата како до ова дојде и што може во иднина ќе претпоставиме ама никој до сега ен кажа чарете како да го бараме и до кој !

Две опции има...
Првата е кучињата лаат караванот си врви, уште XX години да се лажиме и да се вртиме во круг, дури некој не ја укради шољата од соблекувалната...
Втората е да се угасни клубот, и да се урни онаа руината од стадион. Зато шо уште немам видено некој независно бизнисмен, политичар од било која партија да има искрени спортски намери. И евентуално ако му падни авионот на некој шеик во довлеџик (ко 90тите една цесна ко падна...) Па да види дека тука постој народ шо сака спорт па да вложи цело богатство. Или пак Германците да не поробат...
Зато шо можностите за лажење на "нашите" се некаде до бесконечност (сега за сега).
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.477
Поени од реакции
5.532
Не се нервирајте, спонзорот ќе го кажат во понеделник освен ако вртат паре, ако не другиот. :D

Мајтапот настрана сите знајме дека клубот е златна кокошка на власта и нема теоретски шанси да го дадат на друг. Двојче се заеба што го вети стадионот, да не ветеше ќе ни ги мачкаше очите со европски Пелистер, мал зафат пред избори и ќе си продолжеше по старо.

Е сега поред мене спасот е превземање радикални мерки, од протести пред општина до палење на транспаренти и други работи на стадион кога ќе го даваат Пелистер на МТВ, значи масовно цела спортска јавност во Македонија да се информира што се случува овде. Само така можеме да промениме нешто.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: JOE

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Не се нервирајте, спонзорот ќе го кажат во понеделник освен ако вртат паре, ако не другиот. :D

Мајтапот настрана сите знајме дека клубот е златна кокошка на власта и нема теоретски шанси да го дадат на друг. Двојче се заеба што го вети стадионот, да не ветеше ќе ни ги мачкаше очите со европски Пелистер, мал зафат пред избори и ќе си продолжеше по старо.

Е сега поред мене спасот е превземање радикални мерки, од протести пред општина до палење на транспаренти и други работи на стадион кога ќе го даваат Пелистер на МТВ, значи масовно цела спортска јавност во Македонија да се информира што се случува овде. Само така можеме да промениме нешто.
Шо транспаренти да палиме ? o_O
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
Чарето се знај,ИСПРАВАЊЕ ПРЕД ОПШТИНА,СЕКОЈ ДЕН АКО ТРЕБА...
Ама за жал,ние сме луѓе шо само си кажваме како треба...а кога ќе треба да се излези јавно да се искажи незадоволство(грото) ќе си најдат изговор АМИ ЈАС НЕ МОЖАМ,ЈАС СУМ ОД ВМРО,ЈАС СУМ ВРАБОТЕН од вмро,ЈАС ИМАМ МНОГУ ДА ИЗГУБАМ.... итн...
Е па сега никој не е будала да си ја клава глата в торба,а другите да гледат од страна....
Видовме протестите за струјата кој сеир беа...
Видовме шо се случи со протестот пред домот на Манаки,какви само скандали напрај Двојче,проба да ја раздели групата...
Дури меша политиката прсти во се,не барајте ништо....
Кој ќе организира протест?Чкембарите?Невладините организации,се држат под надзор...:cenzura:
Или сите ќе излезат да му се кажи на Тројче дека Битола сака спорт,не само Чкембари,туку и сите ФБ-ковци,твитерџии кои на социјалните мрежи се за Пелистер,а во живо никаде ги нема....се е џабе,ама ние сме народ шо не знај шо сака,ќе го спомнам ТАТ само,и како завршија тие протести,се украдоја 100 милиони марки и си легна на брашното се,а да не прајме маубет за некој си фудбалски клуб шо немал буџет....:tapp:
Сто пати е праено муабет,како прво не смееше да се дозволи општината да го земи пакетот акции...
Мораше да се бара друго решение....
Па ние сме за греој,кукаме ГРАДОНАЧЛНИЧЕ ИЗВАЈ ПАРИ.нигде го нема овде,проблемите да се решаваат пред општина...
Ама ако кога партијата ни го води орото арно ни се напрај....се мешат во сите сфери на живеењето,сегде тие го имат последниот збор,е па пичка му матер,кај живејме ние?
И сега не дупат сите,Монголо си ќути,тој посекако е ќар...
Ете ко е тој толку прав,оти не излезе еднаш на прес,да речеше Тројче не ми го дава клубот..
Нема да излези,од една причина шо ТОЈ НЕМА(доволно) ПАРИ,тој е ситен бизнисмен,појќе менаџер,стварно добро си ја заврши работата....
Со Пелистерка шо бидна никој не знај,некој велат дека од централата на партијата сакале тие да земат некој клуб од Скопје,никако од друг град,газдата на Лозар сакал Пелистер да го земи,можи тука закочи работата кој ги знај...
Ако толку имаше притисок да го спасат Пелистер,и амин за спонзорот од ГОРЕ сигурно Тројче немаше да се меша,вака гарант тие имаат измешано прсти и ја ебаја работата,мора се да остани во метрополата...
И така сме ебиветар држава,партијата му кажва на приватниот сектор кај треба да вложи....
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.477
Поени од реакции
5.532
Шо транспаренти да палиме ? o_O

Не мора транспаренти, можеме да се организираме сите да донесиме по нешто. Поентата ми е треба нешто радикално да се направи за да привлечеме внимание на пошироката јавност за да се преземи нешто, вака со мирни протести и соопшетнија не правиме ништо.
 
Д

Дуле Пацов

Гостин
БОЈКОТ Е ЧАРЕТО!!!!!

Да не се оди ни на фудбал ни ракомет. Само празни трибини и точка.
 

spb

Битола ах моја битола...те уништија селјаците...
Член од
7 ноември 2012
Мислења
146
Поени од реакции
70
@WilliamTell се убо кажа и најмногу во право беше дека сами си се лажиме и не гледаме на вистината во очи како тоа дек сите сме криви само уште да кажиш чаре ќе нема како тебе ...Проблемите сите ги знаеме и историјата како до ова дојде и што може во иднина ќе претпоставиме ама никој до сега ен кажа чарете како да го бараме и до кој !
Чаре има......Од тие французите црнците во мариово да начекаме неколку и цела битола да не наредат еден по еден можи ке ни го разбистри умо малце.....киикиикикикик
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
8.023
@Leo Bonnie за пароли на натпревари и изразвање на револт на натпревари на МТВ со почетокот на првенството ќе ни биде многу касно тоа е во месец Март

@Tomasino абе брат мора некој да се жртвува не можи вака даваш предлог и уште не почнато со организација да се предаваш или ако не си сигурен како мене дека нема да биде успешен поради причините кои ги наброја не предложвај

@Дуле Пацов од сите предлози твојот е најлесен за остварување ама е убедливо најлошиот во било која прилика со бојкот и бегање од одговорност и бегање се прави само штетат а то е докажано неколку пати во историјата на клубовите кога му се давало што сакаат да прават управите со клубовите да местат да продаваат играчи итн ...шо значи таа опција не сме ниту да се помисли а не да се прави !

@spb французи и црнци нема во Мариово ама јас сум Мариовец од на Итар Пејо фамилијата :D па ако е за онадење ќе треба од на двојче фамилијата да почниме

пс.Сега лапајте сињак и думајте друго чаре оти ќе замини возот ;) инаку ако јас се прашвам не за протест туку за палеење на општината ,стадионот салата па и градот и погреб на двојче оти дури тогаш можи ќе мора да направат нешто за Битола !Ама за бил што требаат луѓе а за жал тие или ги нема ии се се по малку па за тоа секој како индивидуа колку што може нека се бори, бара, плука и лобира а со тоа баре чаре за Пелистер ,Стадионот и Битола !
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
8.023
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Да се излези на неколку прометни улици барем по 10 души на едно место и да се блокира сообраќајот. Да се постават контејнери, да се паркираат коли на сред пат и никој да не се пушта да помини (битпазар сценарио). Или да се блокираат булеварските влезови во градот од двете страни и нити да се пушта некој да влези во градот нити да излези ... и да се искршат филџаните на влезовите :) ...
 
Член од
17 ноември 2011
Мислења
887
Поени од реакции
360
Еве сега го видов постот твој, ова не значи само за тебе туку и за сите останати на форумот како и spb, први пишавме за мацата и пак имаше такви што велеа дека на ВИКИ можи се и сешто да се пиши ... пиши https://www.facebook.com/IMoetoDeteKeNavivaZaPelister/posts/577775695630453?stream_ref=10 ...



Прво тука шо ми паѓа в очи е то 70% дека се вработени преку ВМРО, не би рекол така ... како што знам јас, а и како шо е 4-5 души се максимум па еве и 10 нека се... ние само од нив зависиме ? Еве јас лично овде на форумот пред сите кажвам дека сам ќе соберам 30-40 души ако дојди до протест ГАРАНТИРАМ ! Друго ние ви пренесвавме како што нас ни кажваја, за тој состанок шо беше пред некое време и сите како што го нарекувавме ДЕНОТ ,,Д" ЗА ПЕЛИСТЕР па знаевме само ние администраторите на страната, еве ако сакаш и поточно јас лично им пренесив друг никој врска немаше да имате СИГУРЕН СУМ ! Ќе чекавте пак во некоја кафана или кафич да го начекате монголот кај што прави муабет за играч или спонзор и така да се шират муабето на слушнато недослушнато ...
Дека ти како и неколку овде други на форумот си имате една замисла дека се шо ќе кажиме јас и горан е неточна информација или само ви матиме вода ! Е ПА НЕ !
Нејќев ништо да кажвам ама сега ме принуди... наскоро и официјално соработка со Македонски Спорт токму И моето дете ќе навива за Пелистер, изработено е и лого кое ќе се најди во секој број во Македонски Спорт, електронски ќе ни ги овозможат сите списанија, секој ден, секој нов број, повеќе ќе се пиши за Фк Пелистер, зошто па само за Вардар и скопските тимови да се пиши ко можи и за Пелистер и Чкембари многу повеќе. Ако јас и горан не сме посветени многу повеќе од сите останати на страната тогаш незнам кој е :/ Само ние се обидваме преку Официјалниот профил да добијаме одговор од Двојче и само ние сме добиле кажи ми на кое друго место ГРАДОНАЧАЛНИКОТ јавно се обратил преку коментар ? Еве повели и то чудо види го ако не си го видел https://www.facebook.com/photo.php?fbid=482871101787580&set=pb.345236838884341.-2207520000.1389446835.&type=3&theater во репликите од коментарот на Goran Pinkman реплизира Двојче ;)

Абе, ДЕТЕ!!!Дали не свати дека не сме народ за масивни протести,за било шо не само за спорт.Ти ќе најдиш 40 души а???Јас ќе ти речам ако најдиш 40 души за вкафана да јадат и пијат на туѓа сметка јас ќе те частам...Помина то време,последно 2001 ко имаше ГРАДСКИ МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ,сега веќе нема и неможи да има незнам како да ти опишам...А во случај да има,то се знај дека се од опозицијата иначе родителите наши да не излезат на протест оти клубот пропаѓал а?o_O ај да бидиме реални малце....Читав погоре дека не се согласувате повеќето дека пример ете 70 % биле вработени од вмро.Така е,да знајте дека е така.ЗНачи како прво,неможи некој поединец од нас да организира протест!То е факт!Како прво,се оди со организација и најавување преку социјлани мрежи ,тв,радиа и тн.Како второ,мора протестот да го напрај некоја поголема организација ,во случајот би била Чкембари Битола,значи мора зад протестот да седи некој..Во краен случај како шо завршуват протестите следува оној дел каде за жал мора некој да одговара за протестот :tapp: ,епа дечки незнам дали на многумина би му одговарало то,претежно и дел од нив со стабилна работа (под притисок од власта) незнам колку и дали би се одлучиле на таков чекор.Горан е во право дека стално мора да почни некој и да има жртвено јагне,и јас се согласувам со тоа,ама моментално во општеството наше и државата (ебана) то тешко оди.Сите гледаме дека масовни протести можат да направат само политичките партии,односно опозицијата..Па собраа во ск 50 000 народ бе ееј!!!То не е малце?!Ние колку ќе се собериме?Во Лондон пред 4 год излегоја 50 000 студенти кршеа палеа,дека имале висока партиципација...овде кај нас небаре не е исто а???Ама не сме таков народ,во страство си ги барат правата,и ние си ги бараме ама не на таков начин.Да има протест,а сега треба да се направи по сите оние лајна шо ги изеде и напрај општината треба да биди масовен и со јасни пораки и дологорочен!
--- надополнето: 11 јануари 2014 во 18:39 ---
БОЈКОТ Е ЧАРЕТО!!!!!

Да не се оди ни на фудбал ни ракомет. Само празни трибини и точка.
Ах бе другар бе...на кој му е то гајле?!Гледаш со МВР удрија на секој начин да ги празнат трибините и да казнуват ...на кој му е гајле ако сме ние на трибина или не сме.Знајте шо се случе на ланската последна утакмица со тинекс ко игравме,ко имаше брутално тепање од џандарите за ништо,а имаше и неколку души шо добија високи казни од 300 евра нагоре..Протест да!Ама со неодење на фудбал и ракомет ништо не менва,поубо за нив за местење на натпревари
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
@Tomasino абе брат мора некој да се жртвува не можи вака даваш предлог и уште не почнато со организација да се предаваш или ако не си сигурен како мене дека нема да биде успешен поради причините кои ги наброја не предложвај
Јас ништо не предложвам,ниту сум некој фактор кој би можел нешто да предложи и другите да ме следат,си прајме муабет(отворено)нема шо да се крие,не сме од вчера....
Го имаме праено муабетот сто пати и со тебе и на состаноци....
Јас прв ќе излезам на протест,отсекогаш сум бил за ова,одамна требаше да се напрај,уште пред 3,4 години се планираше ама од X причини не се оствари.:cenzura: ...
Ама не е муабетот дали ќе излезиме јас,ти и уште 50 души..
Овде треба да се случи НАРОД...а со протест со неколку десетици луѓе ништо не прајме,ќе бидиме етикетирани како не(вистински)навивачи...
Колку да се слушни гласот,не дека ќе се реши се,ама барем ќе се почни нешто,а дали ќе се среди спортот то е многу комплексна работа шо зависи од многу фактори(за жал партиски)....
Да не се лажиме така стојат работите...за жал....
Виде и самиот како ја изманипулираја јавноста за само едно изваено знаме,парола....ниту имаше скандирања,ниту имаше немири,ништо..како ќе биди ако навистина се случи нешто?
Да не се лажиме,партиска држава,апсолутна партиска власт, сме за жал,нема овде слободи и права(во случајот правото на протест,штрајк било шо,права загарнтирани со уставот)...
Овде а некој зуцни нешто против власта,посебно ако е навивач одма се бара да сноси последици...одма се бара кој е одговорен за навивачката група,кој го организирал протестот,и то за најобични протести,да не прајме муабет...
Сите протести шо се организираа(т) се од некоја партија...само тие можат да соберат(сосила)маса на народ..
Тука се палат знамиња на држава,се крши,никој не се замара...
Овде треба прсти да вмеша некој шо има ВЛИЈАНИЕ...за жал нема таков....
И не е само до протест,па не можи само навивачите да бараат Пелистер да се спаси...било дали се Чкембари,симпатизери,било кој...
Кај се спортските работници,кај се легендите на клубот,кај се луѓето шо го сакаат спортот,кај се Битолчаните,не можи само Чкембарите да бараат нешто,а во моментот само тие бараат некоја спортска правда..
Јас не сум видел некој да излези да кажи нешто јавно....толку не ги боли нив?
Е па нормално шо ќе си легнат на брашното....ко никој не се замара,само коментират во кафичи,кладилници...
Ко немаме лоби група,во ниедна партија,бизнис група било шо, шо ќе се бори за битолските брендови...
Срамежливо пред избори ќе излезат со некоја програма за спортот.....
Се се прај тајно...
Ете и да напрајме протест,којзнај дали ќе биди успешен,се додека некој глауч во Скопје не се речи да ја спушти рачната и да се реши еднаш прашањето со Пелистер...
Зошто од Скопје?Ото самите се заплеткавме,сега ќе треба еден куп глаучи да одобрат за нешто да тргни напред....
Не оди вака секако,нешто мора да се напрај...кој ќе го напрај не знам,знам дека само треба да излезиме во голем број(ако се напрај нешто)..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom