Фан Клуб: Пелистер

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.287
Поени од реакции
5.161
Готово Китановски летна, овие дена треба да оди Романија за детално се да се договори и да си стави потпис со Крајова, нов играч кај нас највероватно ќе биди младиот Крклински кој до сега беше на проба во Шведска во Малме....
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.083
Поени од реакции
7.890
Готово Китановски летна, овие дена треба да оди Романија за детално се да се договори и да си стави потпис со Крајова, нов играч кај нас највероватно ќе биди младиот Крклински кој до сега беше на проба во Шведска во Малме....
:pos:
Не е нов, наш од секогаш беше во младинци... и демек на проба беше кузнај кај тренираше таму...
 
Д

Дуле Пацов

Гостин
Се плашам Китанот да не го снајди истата судбина на Мацата.
Многу млад е (21 год) за да напрај ваков очаен трансфер во чкљ екипа.
Има огромен потенцијал во детето , ама незнам колку ќе можи да го надогради во ваква екипа.
Плус ако нема и минутажа таму тешко него...
Можи да најди и подобар тим сигурен сум за него , ама ете си одлучил да си оди изглеа.
Да беше во ред ситуацијата во Пелистер , можи ќе излезевме во Европа на лето , па многу од нашите играчи ќе имаја подобри понуди . Вака на полусезона да си одиш по секоја цена , незнам:confused:
Како и да е му посакувам среќа и успех во понатамошната кариера , премногу даде детето за Пелистер , дури и ко испадна клубот 2ра лига буквално на нивни грб падна цел терет и успеаја да го вратат клубот 1 лига иако и тогаш не примаа редовни плати децата.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
За жал Грција,Романија и тоа во втора лига е најголемиот дострел на нашите вечити таленти....
За тие шо сакаат да ризикуваат тука се Сингапур,Филипини,Виетнам,Камбоџа....
И на крај ќе си кукаме,ќе си плачиме а другите ќе се засилуваат,ние ќе ги пуштаме било каде нашите најдобри играчи..
Сега на ред за шиткање се Драгарот,Владица,Фиката и да го заокружиме преодниот рок...:tapp:
Еве еден добар текст...(не е прв,еден куп ги имаше,засега нема одговор од надлежните органи,ние правниците имаме еден термин МОЛЧЕЊЕ НА АДМИНСТРАЦИЈАТА):cenzura:
http://sportclub.mk/фудбал/категорија/македонија/15656-ckembar-taleski-napravete-go-ona-sto-go-vetivte
Ни се еба матер со овие....ама самите сме криви,шо си дробевме то ќе си сркаме....:свиркам:
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.196
Поени од реакции
6.871
Се плашам Китанот да не го снајди истата судбина на Мацата.
Многу млад е (21 год) за да напрај ваков очаен трансфер во чкљ екипа.
Има огромен потенцијал во детето , ама незнам колку ќе можи да го надогради во ваква екипа.
Плус ако нема и минутажа таму тешко него...
Можи да најди и подобар тим сигурен сум за него , ама ете си одлучил да си оди изглеа.
Да беше во ред ситуацијата во Пелистер , можи ќе излезевме во Европа на лето , па многу од нашите играчи ќе имаја подобри понуди . Вака на полусезона да си одиш по секоја цена , незнам:confused:
Како и да е му посакувам среќа и успех во понатамошната кариера , премногу даде детето за Пелистер , дури и ко испадна клубот 2ра лига буквално на нивни грб падна цел терет и успеаја да го вратат клубот 1 лига иако и тогаш не примаа редовни плати децата.
ова е истото што се случува веќе 15тина години наназад,малку да крени играч на цена се договара трансфер,притоа посредниците да лапнат некоја лесна пара,па за играчот нека се снаоѓа,а клубот со празни раце,односно блокирани сметки и долгови ;)

дури печатите не ги добие вистински газда не очекувајте нешто да се промени,вака ќе си тера,а поединци ќе си лапаат лесна пара на туѓ грб,приказни за инвеститори и спонзори повеќе не палат,а клубот секоја година ќе се пререгистрира во башка фирма или акционерско друштво,задржувајќи го своето право име ФК Пелистер единствено во медиумите,во регистрите не постои како таков
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Мацата назад во Грција, сега во Панилијакос. Според Вики.


Со среќа нека му е на Томе :)
 
Член од
17 ноември 2011
Мислења
887
Поени од реакции
360
Резил,прв пат ќе достигниме убав дострел на полусезона и одма се ќе уништат,значи какви дебили има во градот еј!!!Поточно во фотелјите кои седат и немат на стадион дојдено...аххх враце да ми паднат само!:mad::mad::mad:.Во реал барца и компанија дават по 100 милиони само за таа пуста ТИТУЛА значи за успех,а покрај тоа и си остваруваат и профит од нешто нормално.Овие нашите слушнаја дека шкендија го бара Јуниор и одма му договорија уште незаминат од Македонија (ништо чудно и ако намерно излезе тогаш на последниот натпревар со шкендија).Ја договорија и готово е,сега излегва дека бродот сите патници ќе го напуштат,барем најголем дел од нив :tapp:.Се она шо почна да се гради во летото толку траеше-типично македонско :facepalm:.Толку мачкање на очи немам видено,а воедно и толку овци да гласат на избори да се тепат онде ццц :facepalm: ,резил!На седница на МК собрание се гласаше за буџетот и нормално,за спорт и спортски објекти и терени 0 ДЕНАРИ за Битола!Шо треба да се кажи поќе нема смисла ?!?!?!Овај глумецот ги излажа сите чкембари шо ги викаше на стадион лани во февруари ко се сликаа заедно и држеа говори и слично на стадионот демек вака така ќе биди...ајде го гласаа...после помина време пак со него всала се сликаа се гушка бацваа шо не со него,и таму по свое глумецот си одглуми (сето ова се случваше лани ) и на крај си дојдоа изборите си поминаа,се по старо и оп наеднаш се јавија некој поедници дека САКАМЕ СТАДИОН!За одма да има реплика од глумецот: СТАДИОН НЕ ГРАДАТ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ И ОПШТИНИТЕ,СТАДИОН СЕ ЗНАЈ КОЈ ГРАДИ.... Епа драги битолчани и чкембари,сами си го добивме тоа шо всушност е реалност,без разлика кој е на власт исто ѓубре!!!:mad: Е сега околу клубот,значи на шо се сведува ова шо стигна клубот?!Како прво од ко заврши сезоната ништо нема променето освен ,(шпекулации дека овај-онај ќе идел) ,второ клубот требаше да се предај и да се почни со асолна работа ,ама господата која е антиспортски наклонета му е гајле дека оваа сезона Пелистер стигна многу далеку и ги сруши рекордите на гледаност и најпофален тим!Кај нив е битно само да се собери глас поќе,клубот да се чува како џокер за избори (то е редовна пракса со било шо кај шо имаш голема маса на луѓе ) ;) ,да се лапни некој тендер плус да се удри рекет кај шо можи и тн...Е сега оваа манипулација е поврзана и со САКАМЕ СТАДИОН!Бидејки глумецот вети ,а сите знајме дека НЕМА да напрај стадион,почна со камуфлажи монтажна трибина,ова-она,скеле,незнам шо дрн дрн....за на крај да падни клубот 2 лига или долу да последните места (а од догодина се крати лигата ) и за на крај да речи АБЕ ЈАС ЕВЕ УТРЕ ПОЧНУВАМ ДА ГРАДАМ СТАДИОН,АМА ЗА ЖАЛ ПЕЛИСТЕР Е СЛАБ ИЛИ 2 ЛИГА ИГРА...ТАКА ДА ЏАБЕ ЌЕ ПРАЈМЕ...Ама зато,на наредните избори пак ќе си ги собери пиуните околу него на стадион и ќе речи:ДЕЧКИ,ИМАМЕ ИЗГОТВЕН ПРОЕКТ И ИГРАЧИ И КАДАР КАКО ДА ГО ВРАТИМЕ ПЕЛИСТЕР ОД ВТОРА ЛИГА ИЛИ ПРИМЕР ДА БИДИ ПРВ НА ТАБЕЛА o_O...И тогаш ,исто како и со стадионот,пиуните ќе си гласат и пак си тера истото сценарио...за жал.Ама се додека живеат на овие простори македонци,така ќе биди..то е народ за експериментирање (чист факт).Лично мене ми се смачи од овие срања години на назад и искрено се чудам и како има толку луѓе на стадион во овие никакви мизерни услови,а дека го сакаат фудбалот и спортот како порано НЕ!Одат од то шо ни е останато и ретко чат-пат се пали по некоја искра,а се е резултат на нечесните игри од страна на управите кои биле,разни паразити и штетници кои се подпикувале во било кој спорт и за сега на крај да стигни општината да не заебава
 
Член од
2 август 2011
Мислења
1.189
Поени од реакции
1.494
Voglavno site isto pisuvame i mislime no vaka nisto ne mozeme da mu pomogneme na klubot, veke site znaat sto se slucuva no nikoj nisto ne prezema, dokoga ova peda od coek ke ne lazi, stramota e samo da sedime i da pisuvame senadevam deka na forumot ima ckembaripa dajte da se organizirame eden miren protest da napravime, ili vo najmala raka eden press da se napravi da se zapoznae celokupnata Bitolska javnost sto se slucuva vo FK PELISTER.

DOSTA E PASIVNOST MORA DA POKAZIME ZABI ZA DA NE MISLI GLUMECOT DEKA I OVAJ PAT NE IZLAGAL.
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.287
Поени од реакции
5.161
Абе само ЌОТЕК !
Да се фатат сите со ред од Талевски па со ред како шо си оди, тие шо се прат главни во градот, вака Пелистер ќе го носевте Европа да игра ? Мрсулковци едни, ама криви сме ние народот 3 пати ги изедовме истите лајна ќе дојди време и 4 пат да јадиме лајна, нас не ни иди умот тие убо не дриблат...
Па и тие од управата за една гајба домати шо ги продават играчите тој Димов пичката и тој Кашкавало треба да го примат стапот !
Толку од Пелистер не барајте екипа поќе, Владица и Драгарски готово и тие ги палат патиките, Монголо не пие нафта да седи и тој ќе си се тргни со него и Бугарите бегат, и ќе си играме со младинците овде и ќе си ги спакуваме куферите за 2 лига !
НАЈНАДЕЖНА сезона ни беше ова, ама работата е тепаниот тепан, ебаниот ебан во случајот ние сме вторите...
Ни имало, ни ќе има спорт во Битола !!!!
3-4 месеци ќе зажари градот ќе се излажи си мисли тргна работата после 3 години ќе се бориме за опстанок, ќе играме 2 лига !

Абе само еден протест салам во случајот како шо напрај ФА за МЗТ, само не сме ние таков град за да излези толкава топла на луѓе....

Му посакувам се најубо на децата во новите клубој, да си напрат уште појаки трансвери, да си земат пари, за Томе секоја чест лавовски се бореше на секоја утакмица, тој беше моторот на екипата и дури бевме 2 лига остана во клубот цел товар беше на нив то е то си ја барат среќата на друго место, поќе да НЕ МУ ТЕКНИ ДА СЕ ВРАТАТ кај нас да играт за бабин газ !
 

spb

Битола ах моја битола...те уништија селјаците...
Член од
7 ноември 2012
Мислења
146
Поени од реакции
70
Абе оти се фаќаш со нас ?! Шо ти сме ние криви ако не го зедоја предадоја клубот зарем јас одлучувам и решавам во нешто па сум виновен :confused:Истото важи и за играчите на кои му ги дадоја исписниците за мали пари или без пари ...Што имаме ние со тоа ...Ние кажвавме тоа што знаевме шо значи за добро кажвавме не за лошо ...ете ако јас сметам не пишам бе ете вие пишете нагаќајте и дознавајте значи преку к*р ми е дојдено е ем пробваш нешто арно да прајш ти се фати со мене и со детето како ние да сме некој фактор или пак со тоа ако пренесиме некоај информација за доброто односно за да знаат повеќе тука членовите на форумот или на фб односно ако нас не лажат и неи лажиме не зависи од нас ако ти смета не читај имаш игнор листа на форумто може да ставиш кој билочелн и решен проблемот нема што да се замараш со нас или со мене ...Патем ти најдобро од сите тука знаеш како одат таму работите добрите вести одма се кажуваат ама лошите се преќутуваат и кријат ...шо значи ние немаме никаква вина ако управата продава играчи или не дава плати иако секогаш сме биле во одбарана на играчите без разлиак која управа била до сега и од сега ...Со други зборови ако јас му мислам лошо на клубот мене сто пати по лошо да ме снајди !
За овие што ги спомена имам некоја не потврдена информација дека томе ќе бегал ама знаеш кога и тој самиот не знае дали ќе бега нема што јас да кажувам и пишувам дека ќе си бега како што знаеш сите чекаат да видат дали ќе се реши со спонзорот кое за жал тешко дека ќе биди што пак ќе повторам ен зависи до мене туку до неој други луѓе и наместо нив да му се лутиш и да ги прозиваш ти се фати за мене или детето ама тоа македонче не може на магарето удри по самарот o_O
Трета работа јас до сега не сум сретнал или познавам човек што повеќе од мене зборува пишува искрено од срце за Битола за Пелистер или за ебаните поитичари јас никогаш не заземам страна односно гледам за доброто ан тоа што го сакам и немам никаков бенефит или некоја корист и се што правам од срце и душа и никогаш ен калкулирам или преќутвам на никој оти не зависам од никој па за тоа ќе те замолам повеќе мене да не ме споменуваш во твоите иронични и саркатични постови поздрав ;)

пс.ете ти излобирај кај тасковски нека дојдат со турци заедно со круме да го земат клубот од двојче , па ти давај подбри информцаии иако за тоа сега е платен мишевски и никој друг !
Горан не дека си ти крив или нешто друго....јас само ве спомнав дека вие сте најблиску до таканаречената управа ти со дуо трио ( кашкавал , димов и котевски ) и диригентот Двојче, а детето со монголо или син му на монголот.Значи те читам долго и стварно неможам да речам нешто лошо за тебе другар.Јас колку време пишам дека не е така како шо ви пренесват вас односно ве лажат.Значи една работа мора да се разјасни дури нема организиран штрајк пред општина против ова шо се случува во сите спортови и се останато во градот нема успех.А тоа неможи да се случи затоа што 70% од чкембарите се вработени од вмро....
А за тоа дека јас можам негде да лобирам си грешка брат па најмалку за круме или тој другиот.
Најмалце е важно кој ке го води клубот важно е да се има еден буџет од 500000 евра континуирано едно 5 години да се напрај една стратегија за развој повторно на школата потоа сам ке се финансира клубот од сопствени играчи.....ама кај нас е тоа измислена именка ....поздрав Горан извини не мислев ништо лошо и продолжи си во истиот стил !!1
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.156
Поени од реакции
7.854
Ме интересираколку би заработил Пелистер од трансферов? за семки или за сончоглед?
А на томе се најубо во новата средина..
Се шпекулираше со сума од 10 000 евра односно менаџерот од србија толку давал а нашите барале дупло ..а за која сума му ја дадоја испиницата пред новагодина одговор тешко дека некој и некогаш ќе добие(иако по мое средина е договорот)За Томе пишано е и кажано со среќа нека му биди во новиот клуб кој и да го одбери но посакувам да биде само странство а не тука во наша лига ...За сумата и оштетат не знам шо да речам пред година дена кога го бараа од втора шпанска лига сумата за оштета беше колку на џуниор а сега драстично по мала дали некој виде колку е сатот и се уплаши дека конечно ќе влези спонзор па дај шта даш е работата или за да го пуштата само оти неколку пати лани правеше проблеми (можеби оправдано) никој нема да знае сепак нема враќање без секој се мора и може !

За жал Грција,Романија и тоа во втора лига е најголемиот дострел на нашите вечити таленти....
За тие шо сакаат да ризикуваат тука се Сингапур,Филипини,Виетнам,Камбоџа....
И на крај ќе си кукаме,ќе си плачиме а другите ќе се засилуваат,ние ќе ги пуштаме било каде нашите најдобри играчи..
Сега на ред за шиткање се Драгарот,Владица,Фиката и да го заокружиме преодниот рок...:tapp:
Еве еден добар текст...(не е прв,еден куп ги имаше,засега нема одговор од надлежните органи,ние правниците имаме еден термин МОЛЧЕЊЕ НА АДМИНСТРАЦИЈАТА):cenzura:
http://sportclub.mk/фудбал/категорија/македонија/15656-ckembar-taleski-napravete-go-ona-sto-go-vetivte
Ни се еба матер со овие....ама самите сме криви,шо си дробевме то ќе си сркаме....:свиркам:

Лоша е работата и серозна тоа што има најави и за другите играчи што ги спомена па ако не се вратат и бугарите на монголот маф ние планот, ете сега го дадоја и Мацата иако и тој беше под договор како Томе до крајот на годината шо значи пак е земен некој динар ама да се даваат играчи без претходно да се засили тимот го има само кај нас и очајно лош потег и останва да се крстиме во Монголто оти од двојче и неговиот буџет за европски Пелистер видовме сите години како и оваа кои смешни средства ги одвојува за целата година !

Горан не дека си ти крив или нешто друго....јас само ве спомнав дека вие сте најблиску до таканаречената управа ти со дуо трио ( кашкавал , димов и котевски ) и диригентот Двојче, а детето со монголо или син му на монголот.Значи те читам долго и стварно неможам да речам нешто лошо за тебе другар.Јас колку време пишам дека не е така како шо ви пренесват вас односно ве лажат.Значи една работа мора да се разјасни дури нема организиран штрајк пред општина против ова шо се случува во сите спортови и се останато во градот нема успех.А тоа неможи да се случи затоа што 70% од чкембарите се вработени од вмро....
А за тоа дека јас можам негде да лобирам си грешка брат па најмалку за круме или тој другиот.
Најмалце е важно кој ке го води клубот важно е да се има еден буџет од 500000 евра континуирано едно 5 години да се напрај една стратегија за развој повторно на школата потоа сам ке се финансира клубот од сопствени играчи.....ама кај нас е тоа измислена именка ....поздрав Горан извини не мислев ништо лошо и продолжи си во истиот стил !!1
Значи да си блиску до некој и да контактираш со некој се два различни поими јас имама контакти со дел до оваа управа за мене односно за да имама информации за клубот исто како со претходната односно со тебе итн ...Сето тоа само за да знам што се случува со мојот миленик(Пелистер) и ништо повеќе а за лажењето имам кажано и порано ако ме лажат мене и јас лажам и информациите ен се секогаш од нив што ги наброја туку и до играчите офс навивачите итн ...За протест јас ко зборав пишев и рпедложвав пред четири години другите се чудеја арно ама тоа грешката е направена и нема враќање назад иако тогаш беше прифатен предлогот и се почна со организација но не се успеа до крај да се заврши работата поради многу причини ,сепак тоа ен значи дека сега може да биди или во блиска иднина но за тој чекор треба добра организација договор и работа за тоа да се случи но паѓа во очи шо преку лажните профили милано зоран или никола давчев целата вина ја префрлаш само на Чкембари ...Што сме ние дежурни виновници за спортот во Битола ?!Зарем стадионот и клубовите и градот се само наши што треба секоај битка сами да ја војуваме сите вие другите преку лажни профили само плукате а кога треба за било што никој ве нема секоја чест на исклучоците ,не можеш со вакви манипулации никаде да поминеш дека 70% биле вработени па за тоа ќутеле море мајката ако поединци(4-5) си се вработиле тоа не значи дека цела група е под власта а најголем докаж за тоа тие е само последнта година каде се пишани и исплатени рекорден број на пријави како и тоа уште еден куп кои следуваат се само поради тоа што не ќутиме на никого или приведвањата притворите и ќотеците од кучината како и бараќето за стадион за кое сме цврсто решени да одиме до крај без разлика на сите догеашни притисоци и жртви што сме ги дале и во иднина ќе ги дава за ова наше барање !За програмата и самиот знаеш дека цело време за тоа се залагам како што имаше пишано во понудата за младинска школа и фабрика на таленти и голем акцент на младите категории арно ама за тоа требаат прво услови и инфраструктура која за жал никогаш нема да ја имаме со оваа власт во Битола

пс.Сега останва да молиме бога да бидат лоши понудите на клубовите за да ни останат играчите како и тоа да остани Гоце и неговите играчи(освен малиот кирил) како и да се вратат во добра форма маглата буки и дуков и повредените благојче и врапчето и најавените нови двајца играчи од одбраната бугарин и во нападот колумбиецот и ете ристе до напредок ..но што и да биди ќе видиме до 15 Јануари и стартот на подготовките и првата прозивка со старата управа и стручен штаб
 
Член од
2 август 2011
Мислења
1.189
Поени од реакции
1.494
Доста е со меѓусебни обвинувања, впрочем и затоа ова ни се случува во спортот се секогаш ние Битолчаните меѓусебно се обвинуваме, а при тоа вистинските кривци се ја бркаат работата. Што било било пред четири години сега дај да се спаси и она малку што остана од афторитет. Мора да се организира еден јавен мирен протест, и на крај да не е масовен барем ќе се види кои навистина го подржуваат спортот во Битола а кои се душегрижници, ќе се види кои се лугето кои работат во интерес на двојче против интересите на фудбалерите.
Еве мој предлог е на 15 на прватат прозивка на фудбалерите јавно да се истакни незадоволствоте од случувањето во клубот. Работен ден е малку ке намали бројноста но и 5 души да сме барем ќе кажеме еве пробавме и ништо не бидна што е поарно отколку да велиме можеше но непробавме.
 

spb

Битола ах моја битола...те уништија селјаците...
Член од
7 ноември 2012
Мислења
146
Поени од реакции
70
Горан имаш грешка во мислењето кој сум!!! Има време ке ме запознајш.Друга работа ИСПИСНИЦИТЕ СЕ ДАВААТ СО АМИН НА МОНГОЛОТ...па и пак ке ти речам имаш лоша проценка и во таа насока.Јас неможам да ги смислам дуо три ама и монголот си го гледа интересот без денар даен го растури клубот.В0 6 месеци 20 битолчани го напуштија Пелистер.Единствен моментален спас за клубот беше да влези пелистерка со унапред уплата на целата година и плус парите од општината плус да се задржи целиот кадар и со уште 3-4 засилувања да бидиме конкурентни.А ова сега шо се случва е ебавање во здрав мозок меѓу себе во паралелната управа.И една работа ке те замолам .....прашај некој било кој шо комуницираш зошто јавно на прес не излезат и да изнесат проблемите,зошто не ја постават јавно понудата од пелистерка па да знајме кој е крив кој не е.А ние си носиме заклучоци од по некоја информација шо ке ја добиеме.
 

Deksi

Локал патриот
Член од
16 март 2010
Мислења
831
Поени од реакции
991

Еве сега го видов постот твој, ова не значи само за тебе туку и за сите останати на форумот како и spb, први пишавме за мацата и пак имаше такви што велеа дека на ВИКИ можи се и сешто да се пиши ... пиши https://www.facebook.com/IMoetoDeteKeNavivaZaPelister/posts/577775695630453?stream_ref=10 ...
Горан не дека си ти крив или нешто друго....јас само ве спомнав дека вие сте најблиску до таканаречената управа ти со дуо трио ( кашкавал , димов и котевски ) и диригентот Двојче, а детето со монголо или син му на монголот.Значи те читам долго и стварно неможам да речам нешто лошо за тебе другар.Јас колку време пишам дека не е така како шо ви пренесват вас односно ве лажат.Значи една работа мора да се разјасни дури нема организиран штрајк пред општина против ова шо се случува во сите спортови и се останато во градот нема успех.А тоа неможи да се случи затоа што 70% од чкембарите се вработени од вмро....

Прво тука шо ми паѓа в очи е то 70% дека се вработени преку ВМРО, не би рекол така ... како што знам јас, а и како шо е 4-5 души се максимум па еве и 10 нека се... ние само од нив зависиме ? Еве јас лично овде на форумот пред сите кажвам дека сам ќе соберам 30-40 души ако дојди до протест ГАРАНТИРАМ ! Друго ние ви пренесвавме како што нас ни кажваја, за тој состанок шо беше пред некое време и сите како што го нарекувавме ДЕНОТ ,,Д" ЗА ПЕЛИСТЕР па знаевме само ние администраторите на страната, еве ако сакаш и поточно јас лично им пренесив друг никој врска немаше да имате СИГУРЕН СУМ ! Ќе чекавте пак во некоја кафана или кафич да го начекате монголот кај што прави муабет за играч или спонзор и така да се шират муабето на слушнато недослушнато ...
Дека ти како и неколку овде други на форумот си имате една замисла дека се шо ќе кажиме јас и горан е неточна информација или само ви матиме вода ! Е ПА НЕ !
Нејќев ништо да кажвам ама сега ме принуди... наскоро и официјално соработка со Македонски Спорт токму И моето дете ќе навива за Пелистер, изработено е и лого кое ќе се најди во секој број во Македонски Спорт, електронски ќе ни ги овозможат сите списанија, секој ден, секој нов број, повеќе ќе се пиши за Фк Пелистер, зошто па само за Вардар и скопските тимови да се пиши ко можи и за Пелистер и Чкембари многу повеќе. Ако јас и горан не сме посветени многу повеќе од сите останати на страната тогаш незнам кој е :/ Само ние се обидваме преку Официјалниот профил да добијаме одговор од Двојче и само ние сме добиле кажи ми на кое друго место ГРАДОНАЧАЛНИКОТ јавно се обратил преку коментар ? Еве повели и то чудо види го ако не си го видел https://www.facebook.com/photo.php?fbid=482871101787580&set=pb.345236838884341.-2207520000.1389446835.&type=3&theater во репликите од коментарот на Goran Pinkman реплизира Двојче ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom