фк воШка - ФК ПЕЛИСТЕР
22.03.2023
И покрај безбројните перипетии кои се случуваа измината недела,
преместување на термини, закани од официјални лица дека ќе ни биди попречен секој обид за наше гостување, давање забрани па тргање на истите, па повторно во последен момент забрана и прогласување на утакмицата од висок ризик, Чкембари денес со сопствен превоз и на своја рака присутни во Охрид. Околу 40тина браќа, силно згрмивме и дадовме јасна слика дека фудбалерите не се сами и никогаш нема да бидат.
По денешниот "фудбалски" преседан повторно се навраќаме на добро познатото прашање. За кого се игра фудбалот во ова држава, која очигледно за некои е мајка, за други маќеа? Како на чоек да му всадиш желба за следење на својот тим дури и на огромни километарски дистанци, кога однапред се знае за фингираноста, благодарение на полните актовки и алчните погани умови на оние кои треба да тежнеат кон правдата, а истите тие без грам совест, чест и достоинство.
Јасна и гласна е пораката наша, БИТОЛЧАНИ, а и сите оние кои зелениот дрес му има значење, вратете се на трибините за заедно да ја водиме ова битка, која до крајот ќе биди пеколна. Ајде да му бидиме трн во око на сите кои ги наоштриле своите бајонети против Пелистер.
Секоја чест за фудбалерите и нивната храброст и верба. Заедно против сите!