Драган Чадиковски (25) од денеска ќе го предводи нападот на српскиот фудбалски лидер, Партизан од Белград. Според информациите, некогашниот македонски репрезентативец треба да потпише тригодишен договор со црно-белите.
Високиот центарфор (191 см) сезонава настапуваше во словенечкиот прволигаш Марибор, за кој постигна три гола. Кариерата ја почна во Целје, од каде што направи трансфер во 2005 година во рускиот Зенит Санкт Петерсбург за 700.000 евра вкупен трансфер. Таму остана до лани, но главно играше за вториот тим, па беше позајмен во Публикум од Целје, а потоа направи трансфер во Марибор.
За Македонија Чадиковски одигра осум натпревари и не постигна ниту еден гол. Трансферот на Чадиковски се остварува со помош и на некогашниот македонски репрезентативец Виктор Треневски, кој сезонава игра за словенечка Нафта, играше со Чадиковски за тој клуб, а е некогашен фудбалер токму на белградски Партизан.
Чадиковски со трансферот ја продолжува ниската македонски фудбалери во Партизан. Во моментов член на белграѓани е младинскиот репрезентативец на Македонија Александар Лазевски, а во минатото играле Кирил Симоновски, Ѓорѓи Христов, Вујадин Станојковиќ, Виктор Треневски, Никица Клинчарски, Благој Истатов, Милко Ѓуровски, Милан Стојаноски, Зоран Смилески, Марјан Герасимовски, Васил Рингов, Ацо Стојков...
JEBI DELIJE ZIVECES VESELIJE.