Не знам шо се траскате од земја кога ова се првите логични бодови шо ги изгубивме годинава. Лацио не е боса екипа годинава и на имиња и на игра.
Нервира тоа што се направи од готово вересија, не се искористија моментите кога можеше да се стави печат на све и тие неколку шанси шо се пропуштија.
Сите играа добро ама додека играа....а кога прекинаа да играат сите прекинаа и изгасија заедно, не може да додржат концетрација и темпо и тоа не опали по нос. Додека не падна голот све идеше ко што треба, после тоа паднаа и се повлекоа, плус и овој закасни со Робињо...пак.
Наредно коло со Џенова дома мислам дека ќе биде уште потешка од оваа, oни имаат амбиции имаат и екипа, ама немаат бодови, мислам дека ќе биде прав покољ и ако не тепаме не треба да се чека и да се даваат рокови туку одма да се назначи Тасоти за тренер, а овој да иде.
Интер Рома ќе ја изгази пошто они се па бетер од нас, они стварно не знаат кај тераат и во случај да не тепаме ние ќе се одлепат многу.