Фан Клуб: Милан

Статус
Затворена за нови мислења.

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.445
Поени од реакции
5.408
Еве ја конечно и третата тема за најдобриот клуб Милан :)
Првин благодарност до оние што ги исполниа претходните 2, какви такви постови важно беше убаво времето поминати на тие теми, каде заедно се радувавме на успеси и заедно тагувавме (ако може така да се каже).

Сеа дојде време и за нова трета тема... каде пак сите ќе бидемо заедно, и се надевам повеќе успеси ќе прославимо во оваа тема, но нема да ја заборавиме и првата и втората тема ;)


Ка за почеток првин да се пофалимо што се имамо освоено:


Милан (италијански: Associazione Calcio Milan) е италијански фудбалски клуб од Милано. Клубот бил основан во 1899 година од Англискиот изработувач на тантели Херберт Килпин, Алфред Едвардс и четири други Англичани, и од тогаш најголем дел од историјата ја поминал играјќи во најсилната италијанска лига (само две години во серија Б во осумдесетите).
Милан има освоено вкупно 18 признати официјални интернационални титули, и со Бока Јуниорс имаат најмногу на светот. Клубот ја има освоено седум пати Лигата на шампионите; само Реал Мадрид ја има освоено повеќе (9 пати). Што се однесува на Италијанските натпреварувања, Милан е на второто место со 17 титули, а само Јувентус има освоено повеќе (27). Милан има освоено четири светски титули, повеќе од било кој клуб на светот. Има освоено Интерконтиненталниот куп три пати и Светското клубско првенство
Меѓу другите важни титули освоени од Милан спаѓаат Европскиот супер куп рекордни пет пати, и Купот на победниците два пати; како и да е тие никогаш не стигнале до финалето во УЕФА купот (две полуфиналиња во 1972 и 2002). Ова е единствениот официјален трофеј што постои кој Милан с
ѐ уште не го освоил. Во Италија клубот ја освоил Копа Италија пет пати, како и пет пати Италијанскиот супер куп. Милан беше исто така и еден од основачите на Г-14 групата, група која ја содржеа осумнаесет најголеми и најпрестижни Европски клубови, пред да биде растурена.
Милан своите натпревари ги игра на стадионот Сан Сиро, исто така познат како Џузепе Меаца. Стадионот, кој се дели со Интер, е најголемиот во италијаскиот фудбал и има капацитет од 80,018 седишта еднаш.

Историја
Клубот бил основан во 1899 година од страна на британскитеХерберт Килпин, Алфред Едвардс и уште четворица сонародници. Во чест на неговите корени, на клубот му останало името според англискиот изговор на градот, наместо менувајќи го во италијанското Милано (иако биле присилени да го сменат за време на фашистичкиот режим, исто како и Џенова и Интернационале). Милан го освоил за прват италијанскиот шампионат во 1901, а потоа и во 1906 и 1907. доселеници
Во 1908 клубот доживува расцеп предизвикан поради внатрешните несогласувања поради купување на странски играчи, што довело до формирање на нов Милански тим, Интернационале. Последователно од овие настани, Милан не успеа да освои ниту една домашна титула се до 1950-51. Во 1963 тие ја обезбедија нивната прва континентална титула, освојувајќи го Европскиот куп победувајќи ја Бенфика во финалето. Овој успех се повтори и во 1969, а го освоија и Интерконтиненталниот купЏиани Ривера, за Милан следеше период на опаѓање, во тек на кој беа вмешани во скандалот Тотонеро во 1980 и како казна беа исфрлени во серија Б, за прв пат во историјата. Скандалот беше базиран на обложувачките организации кои им плаќаа на играчите и судиите да го утврдат исходот на утакмиците. Милан брзо се врати во серија А, но веќе следната година повторно се врати во серија Б поради тоа што го завршија шампионатот 1981-82 во зоната за испаѓање. истата година. По пензионирањето на
Во 1986, претприемачот Силвио Берлускони го презема клубот, и веднаш почна да вложува многу пари во тимот, именувајќи го тренерот во пораст Ариго Саки на чело на росонерите и потпиша договор со холанското трио Марко ван Бастен, Руд Жилит и Франк Рајкард. Ова беше почеток на најуспешното време во клубската историја, со што Милан освои седум домашни трофеи, пет Шампионски лиги и три Интерконтинентални купа.
Во 2006 Милан беа вмешани во скандалот во серија А каде пет тима беа обвинети за местење на утакмици. Милан беа казнети со одземање на 15 поени и со тоа не се квалификуваа во Лигата на шампиони. Со помош на жалбата што ја поднесоа нивната казна беше намалена на 8 поени и тоа им овозможи да учествуваат во Лигата на шампиони 2006-07, каде што ја освоија титулата

Еве кој се го предводел Милан:


Еве ги и досегашните газди :)


Највише изиграни натпревари и највише постигнати голови:



Бои и амблем
Низ целата историја на клубот, тие беа репрезентирани од боите црвена и црна. Боите беа избрани за да ја покажат огнената жар на играчите (црвена) и стравот на противниците да го предизвикаат тимот (црната). Поради црвено-црните дресови тие го добија прекарот росонери. Белите шорцеви и црните чорапи исто така беа дел од домашниот дрес.
Гостинскиот дрес на Милан бил отсекогаш целосно бел. Подоцна е сметан заедно од фановите и од клубот како нивни среќен дрес во финалињата од Лигата на шампионите, поради фактот што Милан победил во шест финалиња од осум во кои го носеле белиот дрес (загубиле само од Ајакс во 1995 и Ливерпул во 2005, додека победиле само еднаш од три пати во домашниот дрес. Третиот дрес се менува секоја година и е црн со црвени декорации во зависност од тековната сезона, но е ретко користен.
Многу години, амблемот на Милан беше само тој од знамето на Милано; што е оригинално знамето на Свети Амброзе. Друг прекар што доаѓа од боите на клубот е „Ѓаволот“. Слика од црвен ѓавол била искористена како лого на Милан едно време со златна ѕвезда за спортска одличност; ѕвездата е дадена на клубот кога тие освоија 10 лигашки титули. Моментално, значката ја претставуваат боите на клубот и знамето на Општината Милано, со кратенката „ACM“ на врвот и годината на основање (1899) на дното

Стадион
Моменталниот стадион на Милан е Сан Сиро кој има 80,018 седишта, официјално познат како Стадион Џузепе Меаца именуван по поранешниот играч на Милан и на Интер. Името Сан Сиро е земено од областа во која се наоѓа. Милан го дели стадионот со Интер, другиот голем фудбалски клуб во Милано. Стадионот е добро познат по неговата фантастична атмосфера поради близината на местата за фановите до игралиштето.
На 19 декември 2005, потпретседателот на Милан Адријано ГалијаниСан Сиро. Тој изјави дека новиот стадион на Милан ќе биде направен според Велтинс Арената и ќе ги следи критериумите за фудбалските стадиони во САД, Германија и Шпанија. Ќе биде стадион наменет само за фудбалски потреби (без атлетска патека). Новиот стадион би требало да се именува според спонзорот. Останува да се види дали овој план ќе се оствари или е само трик за да се натера сопственикот (Општината Милано) да го продаде стадионот на Милан за номинална вредност за да продолжат со големи реновирања. Исто така на површина излегоа гласини дека Интер изјави дека тимот сериозно работи за да се пресели од има намера да изгради нов стадион што би влијаело на ова решение.

Навивачи и ривали
Милан е еден од тимовите со најмногу навивачи во Италија, според истражувањето направено во август 2007 од италијанскиот весник La Repubblica. Историски гледано, Милан бил поддржуван од работничката класа во градот и од синдикатот, дел од кој биле мигранти од јужна Италија. Од друга страна, градскиот ривал Интер главно бил поддржан од попроспективни граѓани на Милано кои и припаѓале на средната класа.Една од најстарите ултрас групи во италијанскиот фудбал, Fossa dei Leoni, произлегла од Милан. Политички, ултрасите на Милан никогаш не биле склони кон ниедна поединечна партија но медиумите традиционално ги поврзуваle со левицата, се до скоро кога дојдоа под претседателство на Берлускони и се сметаат за десничари.
Навивачитее на Џенова го сметаат Милан за омразен ривал откако навивачот на Џенова Винченцо Шпањоло бил трагично избоден до смрт од навивач на Милан во јануари 1995. Сепак главниот ривал на Милан е градскиот сосед Интер; двата клуба се среќаваат во многу очекуваното градско дерби Derby della Madonnina два пати годишно во серија А. Името на дербито асоцира на Дева Марија, чија статуа се наоѓа на врвот на Миланската катедрала и е една од основните градски атракции. Мечевите обично создаваат голема атмосфера, со големо број на (претежно хумористични или навредливи) транспаренти кои се отвараат пред мечот. Бакљите се обично присутни, но тие исто така доведоа и до прекин на натпреварот на реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите помеѓу Милан и Интер на 12 април 2005, кога една бакља ко погоди Дида во неговоро рамо




Да не заборавам и сликава која многу кажува:
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.280
Поени од реакции
45.700
АААААААААААААААААААААААААААААААААААААААА
НЕМАМ ДРУГО ШО ДА КАЖАМ :icon_lol:
 

Cuore Rossonero

Rσššσηєјаσ e ιℓ мισ cυσјає
Член од
18 април 2009
Мислења
2.344
Поени од реакции
345
ајде со среќа нова тема и само напред,најдобар можен момент за отварање ! поздрав до сите и ФорцА!
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Тоа е честито победа.Ја заслуживте.Смо шо фајде коа се расдувате не ми е јасно.До првиот гол јадевте еден тон гом.а за секој играч посебно сеа се великани.Али ве сваќам потполно.Како и да е сосема заслужено тепавте ние сме си криви.

Честито победа!
 
Член од
2 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.782
Со победа ја отвараме третата тема ФАн Клуб Милан браво...

Иако реал потроши 250м за трансвери а милан само 25 но милан си е милан браво!!


Одам да видам шо ке каже филе.. :icon_lol: позз
 
P

PewDiePie

Гостин
Лелеелелелле ауууууу вака се немам измерачено додека го гледам Милан незнам од кога!!!!! :vozbud::vozbud::vozbud: Пато со чест ја носи 7-ката на Шева,дефинитивно нов Шева ПИРЛО СИНЕЕЕЕЕ пишав прееска дека ке испука и дека ке докаже дека уште е звер!! Одо ЗВЕР браво топка не му помина Сидорф и Рони на висина на задача!!! Се на се мерак мерак мерак ПС. Кака пиздоо предавничка НЕ СЕ ВИДЕ :baeh:
 
Член од
17 декември 2008
Мислења
4.232
Поени од реакции
3.868
ТООООООООООООООООООООООООООООО FORZZA MILAN TOOOOOOOOOO Честито победа миланези:vozbud::vozbud::vozbud:
 

Alo 192

имам симпатија
Член од
7 октомври 2008
Мислења
353
Поени од реакции
11
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud: Да се знае кој е кој
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.554
Крвта црно-бела ама каков ќејв ми се напраи не сте свесни.:vozbud::vozbud::vozbud:

Честитки.:smir:
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
мило ми е што тепавте, сепак осмина-финале не би било исто без Милан...
 
А

Ајсшутер

Гостин
Пуштете ја химнава и уживајте, мх мх мераци :pipi:


Нова тема и само нека тргне како денешниот натпревар да се радуваме повеќе.
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.009
Поени од реакции
6.040
Честитки за новата тема, заедно со новата победа.
 

The Dude

Лајно
Член од
25 мај 2009
Мислења
502
Поени од реакции
321
ПОБЕДАААААААААААААААААААААААААААААААААААААА
@момчето со 30-те сребреници КОЈ Е НАЈГОЛЕМ КЛУБ ВО СВЕТОТ?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom