Добри натпревари изигравме на пријателскиве, се подобруваме од натпревар во натпревар и тоа без клучите играчи во тимот. За разлика од лани во овај период сите само пцуевме по играчите, немавме победа 7-8 натпревари, а играта ни беше тиња. Добро е што Алегри ги форсира младите играчи, Леонардо многу ретко го правеше тоа.
За вчера со Панатинаикос, речиси сите изиграја дбро.
На голманската позиција годинава Абиати и Амелија ќе се јадат за прв тим, двајцата се одлични голмани.
Одбраната ни е прилично добра, освен десната бековска позиција, Тиаго Силва и Неста знаеме од лани каков тандем беа, ама како што забележувам Неста станал поспор, дури и нема да бидам изненаден ако Сократис добива се повеќе шанса на негово место, Неста е еден од најдборите централни дефанзивци во светот, но годините го стигнаја. Сократис вчера само што влезе во игра ги затвори сите дупки во одбраната, Сисе не мрдна. Бонера изигра солидно. Антонини вчера беше најдобриот наш играч, неколку одлични центаршутеви и дриблинзи, добар беше. Исто така и Замброта не изигра лошо. Одо само што влезе веднаш направи грешка, ама добро е што играше само малку време.
Средината сега, Гатузо вчера добар беше, се бореше за секоја топка, ама не треба да добива шанса сезонава пред Фламини, мислам дека годинава ќе си има константен првотимски статус, само нека продолжи со добрите игри. На Сидорф повеќе му одговара оваа позиција, отколку таа зад напаѓачите, каде што треба повеќе брзина и повеќе трчање. Меркел повторно пријатно не' изненадува, мислам дека Алегри ќе направи играчиште од него.
Од напаѓачите, слабо... Одуамади не беше баш најдобар, имаше неколку грешки, и неколку пати заспа во овсајд, но има талент, има време за него. Бориело имаше неколку добри потези и повеќе трчаше од минатите утакмици, но пак тешко влегува во шанса. Берета имаше еден добар удар со глава.
Се на се летово без да потрошиме ништо имама подобар тим од лани, само нека се оствари трампата, Јанкуловски - Бокети, да го земеме Боатенг и Илсињо за беспари ќе имаме уште поконкурентен тим.