Да не си ги креваме многу акциите имаме лоша сезона, а и минатите сезони не бевме баш најсјајни. А наспроти нас е тим кој е најактуелен оваа година, којшто нема некој што сака фудбал а не сака да види како играат Кака и Роналдо заедно во напад.
Но и не треба да не потценуваат останатите. Сепак Милан знае да изненади токму тогаш кога никој не очекува. Милан е искусен тим.
Најдобрите 2 тима во историјата на Лигата на шампионите се сретнуваат токму кога Реал има тим од соништата, а Милан има катастрофална сезона. Токму кога сите навивачи на Милан го мразат Реал што им го зема најдобриот нивен фудбалер. Токму оној којшто изјавил дека ќе даде вечер голови ... па и нормално е тоа, да не очекувавте автогол да даде?

Се мислам дека ќе даде гол, ако не денес тогаш во Мадрид сигурно.
Нерешено некако ми е најреален резултат и посакуван. Да изгубиме нема да се зачудам, па и петарда да добиеме. А победа ... некако ми се чини далечна, ама не и недостижна.
Ќе видиме вечер, одвај чекам :tv: