Милан не е задоволен од медицинските тестови на Али Сисоко
Медиумите од Италија пренесуваат дека екипата на Милан го одложува за краток период официјализирањето на трансферот на Али Сисоко бидејќи не се задоволни од резултатите од медицинските прегледи.
Росоњерите пред неколку дена постигнаа договор со Порто за трансфер на Али Сисоко вреден 15 милиони евра и успеаа да постигнат согласност со играчот за личните барања.
Sky Italia објави дека Росоњерите по вчерашните извршени лекарски прегледи над Али Сисоко не се задоволни од сдравствената состојба на левиот бек.
Се шпекулира дека Французинот има проблем со забите па сеуште не е ставен потпс на договорот иако се очекуваше во текот на денешниот ден Сисоко официјално да биде презентиран како ново засилување на Росоњерите.
Извештаите кои пристигаат од Италија говорат дека Сисоко сега ќе треба да направи дополнителни прегледи а агентот на играчот Роџер Боли наскоро ќе се сретне со Адриано Галиани.
Во меѓувреме управата на Милан се сретна и со агентот на Масимо Амбросини за да преговараат за продолжување на верноста на фудбалерот.
Договорот на Амбросини истекува во 2010 но по состанокот неговиот агент, Морено Роџе за медиумите само кратко изјави дека не е постигната согласност за продолжување на соработката.