Галијани потврди дека Кака е на чекор до трансфер во Реал Мадрид
Потпретседателот на Милан, Адриано Галијани потврди дека на почетокот од оваа недела бил во Мадрид и разгловарал со Реал за трансфер на Кака.Според шпанските медиуми Кака е веќе играч на Реал Мадрид, последната изјава на потпретседателот на Милан, Адриано Галијани само го потврдува тоа. "Флорентино Перез ме покани на прослава по повод неговата номинација" - изјави Галијани за La Gazzetta dello Sport.
"Имавме ручек и зборувавме за Кака. Не можам да го одречам тоа. Преговори постојат, договор сеуште не е склучен".
"Сите ние имаме срце, но бројќите станаа такви да дури и тие со големо срце треба да се соочат со себе си и да пресметаат".
"Кака се однесуваше добро со нас, никогаш немал некои посебни побарувања ниту за продолжување на договорот. Тука беше шест години и освои се што можеше да се освои".
"Но ние не можеме да си дозволиме да загубиме 70 милиони фунти. Причината за заминувањето на Кака ќе биде економска".
"Профитот на Реал е речисти двојно поголем во однос на нашиот, тие се сопственици на Сантијаго Бермабе и не ги делат ТВ правата со другите тимови".
"Даноците во земјата им овозможуваат да им понудат поголеми договори на фудбалерите. Два милиона стануваат еден во џебовите на фудбалерите во Италија. Додека во Шпанија милион и пол".
"Не сакам да бидам досаден но сржта на проблемот е економски. Италија ја губи конкурентноста и Серија А треба да се бори да не биде претркана од другите лиги, откако веќе губи oд Шпанија и Англија".
"Се надевам дека фановите ќе ја разберат ситуацијата. Милан под водство на Берлускони живееше четири одлични циклуси: периодот на Саки, оној на Капело, потоа Табарез-Закерони-Терим и перодот на Анчелоти".
"Ние почнуваме нов петти циклус. Има преговори за Кака, но другите големи фудбалери не се на продажба. Тие се Пато, Пирло и Сидорф".
Галијани беше запрашан зошто Берлускони не го продаде клубот ако мисли дека повеќе не може да му помогне економски.
"Берлускони не сака да го продаде, но никогаш и немало интерес за големо пакет на акции. Имало интерес само за мал пакет, но никогаш не бил постигнат договор".
Галијани беше запрашан што да очекуваат фановите од Милан следната сезона:
"Милан е подготвен повторно да започне. Тие повеќе пати рекле дека сме завршиле и ние повторно сме започнале да победуваме" - заврши Галијани.:nesum::nesum:
извини маца..али морам да сугерирам тука нешто...без провокација...али треба да го знаеш ова...НИКОЈ НЕМОЖЕ КАКА ДА ГО ПРОДАДЕ...НИ ДА ГО ИЗБРКА ОД ТИМОТ...ТОЈ ИМА ДОГОВОР...но ако дојде тој во реал...очигледно тоа сам го сакал..неможе галијани да го продаде самиот...а секако и ако сака да си оди кака...неможе да го задржи..од xx причини..!!!
kaka ne saka da si odi ako si otide toa ke bide poradi Galijani I Berlu koj se alcni za pari i ne mozat da ja odbijat ponudava:nesum::nesum: