Фан Клуб: Милан

Статус
Затворена за нови мислења.

Roswell

Tu Sei Tutta La Mia Vita
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.619
Поени од реакции
29
Abe vaka slusaj sega Liga sampoini se dve utakmici ili ke te bide ili ne a italansko prvensto e nesto drugo treba cela sezona da pobeduvas a ne dve utakmici Ajt sega na spienje i vaka
Inter 2:1 Milan --->Inter go pobedi evropskiot i svetskiot prva a toa znaci deka Milan za icc nisto ne gi biva
Абе дете, па гледам дека... сите гледаат дека не си дораснат. Се гледа со твоите постови. Малите деца така се расправаат. Према тоа, хм... Дај земи играј си со нешто на пример коцкички, количиња, дувај балони, застани му на таткоти пред телевизор, скриј му се на татко ти па нека те најде. Еј ако имаш барбики тоа најдобро ќе може да ти помогне, сигурно имаш недостаток од кукли.
 
Член од
11 септември 2007
Мислења
48
Поени од реакции
0
само што постирав на гоал.цом... таму анализирав што постигнал Милан ОВАА сезона до овој момент без тие три трофеи што ги освои... Кога сме кај тие трофеи ме интересира каде одат парите што ги добиваат од тие натпреварувања менаџментот на Милан?? Наместо да се трошат на засилувања со цел да се остане конкурентен тие пари одат во „непозната насока“. Трансфер политиката е на неверојатно ниско ниво.. Замислете Челзи и Барса 4 или 8 поени да заостануваат веднаш застануваат и анализираат каде е проблемот и ако треба веднаш во секое време се подготвени до одвојат средства за засилувања што е спротивно кај Милан... Времето одамна е дојдено за промени, освежувања во тимот, а парите во никој случај не се проблем за Милан бидејќи има од продажбата на Шева од освојувањето на Л.Ш. СуперКупот и Светскиот Куп...само проблемот лежи кај нестручноста на Галиани... ми делува незаитересирано за нови играчи и непрофесионално ја врши работата односно својот дел на бизнисот во Милан...Се зборуваше дека Мурињо би седнал на клупата на Милан, ама прво пред да потпише договорот со Милан ќе побара најмалку 3 нови СУПЕР ЗАСИЛУВАЊА во што сум сигурен...
Најбргу што може што значи веќе во Јануари ќе ни бидат потребни најмалку 4 играчи... еден голман....двајца дефанзивци и еден напаѓач од светска класа....
Во сериа а од одиграните 14 натпревари Милан доби 4 а има исто толку порази со гол разлика од 10....21 гол дадено 11 примени гола...
а од можните 42 поени за 14 натпревари Милан има мизерни 18 поени...Ако продолжи вака се плашам дека следната сезона ќе го гледаме Милан на Градски против да речеме Работнички за интертото купот што би било катастрофа за тим како Милан....
Во Л.Ш. го добивме Арсенал..младиот тим на Арсенал... младоста против староста....буквално така ќе биде во јануари....Таму се ќе биде јасно каде е Милан во однос со времето, брзината, уиграноста, и колку е свеж тимот....
Освен ако не се купат засилувања во јануари ќе биде речиси невозможно за Милан да одржи чекор во три натпреварувања..Л.Ш, Купот на Италија и Сериа а.. а да се стигне 4то место, да се стигне што подалеку во Л.Ш. и во Купот на Италија ќе биде екстремно тешко со тим кој има просек од речиси 30 години на играчите... Ќе има 2 понекогаш и 3 натпревари неделно со таков тим со несоодветна клупа е невозможна мисија за Карло Анчелоти.....
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Најдобриот фудбалер за 2007 година Кака` ќе разговара со раководството на Милан за продолжување на неговиот договор до 2013 година. Тој сака да остане во Милан и би сакал да стане капитен на оваа екипа и да остави печат во историјта на овој клуб.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
и да гледа да си остане во Милан да не го колне Господ како Шева да избега и да се упропасти. а за клубот добро ќе биде да му дадат убав договор бидејќи за Кака' реал очи ќе си извади да го донесат.
 

^Capo^

Креативец во движење:)
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.752
Поени од реакции
285
Тоа вчера беше најлошата утакмица што ја има изиграно Милан одкога навивам за нив. Не им одеше ама баш ништо!
Еве мој осврт на сите играчи!
Дида-Само бледа сенка од тоа што беше некогаш. Сега е на рамништето со Калач.
Одо-Добро му прават ли на овој човек допинг тест?? Абе ниеден центаршут не направи за 90 мин, во одбрана слаб.
Неста-Играч на натпреварот според мене. Го стави игра у џеб. Јако, одлучно издание. Само така да продолжи.
Каладзе-Солидно изиграно ништо посебно, направи една грешка која играше со рака ама иа срека што судија компензираше.
Малдини-Далеку најмотивираниот играч на теренот, неможам да се изначудам како на 39 години ги поминува помладите од него. Вистински капитен и пример за сите во тимот!
Гатузо-Ништо не изигра моторот на Милан, неочекувано неприметлив можеби заради повредата.
Амброзини-За овој човек нејкам да коментирам затоа што го мрзам највеке за цел свет. IQ=14
Сидорф-Никако, многу многу многу слабо. Мизерија!
Пирло-Една од посветлите точки во тимот, аууу каков слободен удар беше тоа.
Кака-Само еден збор-Магија.....но неможе сам против сите!
Инзаги-Ајде копачките на клин и заслужена пензија. Стандардно не приметлив во играта освен кога треба да одглуми фаул или нешто друго.
Емерсон-Катастрофа, да го пуштев дедо ми подобро ке изиграше.
Џилардино- Цитат "Се бори храбро, добар е но дефинитивно не е за во еден од најдобрите клубови на светот"
Сержињо-Топ игра. Само што влезе внесе некако свежина и скоро сите напади и центаршутеви во второто полувреме одеа преку него.
Судијата Морганти-Кој му дал дозвола да суди на таа будала?? Чист пенал за Милан кога Камбијасо го фати за нога Кака, безброј безвезе дадени жолти картони и да не спомнам како идотски ја пресече акцијата на Кака по фаулот на Матераци! КОЊ!
Анчелоти-Време е за клоца!!!! Глупави измени, го има Гуркуф на клупа а ми го форсира идиотон Емерсон. Па уште даде изјава за милан.ком дека ништо на светот нема да може да му ја тргне насмевката од лицето после утакмицата?!?!?! ПОТЕНЦИЈАЛЕН КАНДИДАТ ЗА МЕНТАЛНА УСТАНОВA!
----
"We are World Champions, today we played in a way that legitimated this title and no defeat can take away my smile and cancel this state of happiness." - THE WORDS OF ANCELOTTI ----
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Абе незнам што очекувавте... Знаев дека ке загуби Милан. Беа конкурентни првите 15-20 минути дур беа свежи старците... После се знае. Не може човек од 35 години да трча со некој кој има 25 тоа е факт. Мое мислење, за да биде Милан она што беше треба салам реформа да се направи, да се пензионираат пола старци, да се одврзе кесето и да се донесе свежа крв. Неможе 10 години да се игра со истата формација без никаква промена.
 
Член од
11 септември 2007
Мислења
48
Поени од реакции
0
Шансите за сериа а веќе се изгубија... Галиани пак изјави дека Милан ќе го достигне 4тото место...добро бе до кога вака?!? До кога ќе бркаме 4то место во сериа а?!? Одговорот е: до елиминацијата на Милан од Европа и тоа од Февруари од Арсенал... а лично се надевам дека Милан ќе загуби со 5-1 вкупен резултат.... Не сакам да бидам сфатен погрешно но ако тоа е цената за да се убеди бордот на Милан (кој како воопшто да не се грижи за засулувања) тогаш го оправдувам тој пораз... Милан е тим со богата традиција и тим кој секогаш се борел за првото место во сериа а само последните неколку сезони од кога почна да биде успешен во Европа како да не им е гајле за Сериа а....
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Да, ама треба да се мисли и на она што допрва ке иде... Не само поминало, туку и од тоа треба да се извлече некоја поука!
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Ха ха... Не се секирај, ке го ослабиме ние во Милан... Секој ден тренинг и 2-3 пати неделно по еден сат со к***а, има да биди топ :) Само нека дојди во Милан.
 

Roswell

Tu Sei Tutta La Mia Vita
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.619
Поени од реакции
29
Ајде уште малку и ќе ја пееме:

Играј коњу играј...:cug:
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.470
Поени од реакции
5.443
Роналдињо во Милан ... преку рампава

дај нека гледа напаѓач да земе ако не знае кој да му кажеме ...
 

Roswell

Tu Sei Tutta La Mia Vita
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.619
Поени од реакции
29
Роналдињо во Милан ... преку рампава

дај нека гледа напаѓач да земе ако не знае кој да му кажеме ...
Во случај да се оствари овај трансфер, тогаш ќе ги имаме двете најголеми машини во фудбалот. Ова може да биде од пресудно значење за Милан. Пато би добивал многу употребливи топки, Пипо го знаеме дека од ништо може се да направи, Џила сигурно ќе може да се носи со таквата игра, Роналдо мислам дека треба да се помири со вистината и да побара некој друг клуб или со време нека ги лечи нозете, на крај ќе ни треба еден Кварезма или Бензема. Замброта би требало добро да го замени Каладзе кој е најчесто кривец за тоа што Милан прима голови. Ќе мора да се мисли и на тоа дека Малдини, Сержињо и Кафу ја играат последната сезона во дресот на црвено црните.
Што се однесува до Гуркуф, во него има голем потенцијал, но по се изгледа дека сеуште игра со доза на резерва односно како да се плаши. Тоа мора да му се искорени бидејќи во ваков клуб тешко дека ќе успее.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom