Барселона не се откажува од Кака
Според шпанските медиуми Барселона се уште покажува интерес во своите редови да го донесе првиот играч на Милан, Кака.
Според новинарите Барселона константно го следи развојот со настаните околу Кака и неговата иднина во сегашниот клуб Милан.
Идејата за евентуална продажба на Роналдињо во Челзи станува се поизвесна, а парите што Барса би ги добила за обесштетување би ги вложила во ангажирање на ѕвездата на Милан.
Во еден момент се одеше на варијантата трампа со тимот од Сан Сиро, Роналдињо за Кака, но по изјавата на тренерот на Милан, Карло Анчелоти дека зимското засилување Пато е подобар од играчот на Барселона, кај луѓето од каталонскиот клуб се разви идејата за планот Б.
Во прилог на Барселона оди и последната изјава на Кака дека ако продолжат аферите во италијанскиот фудбал ѕвездите многу скоро ќе си заминат од Апенинскиот полуостров.
Само нека сонуваат они за Кака`
Јапонците му се закануваат на Милан
Азискиот победник во Лигата на шампионите, Урава најавува и атак на светската титула, а прва пречка според ждрепката е европскиот првак Милан.
"Нека се подготвуваат Италијанците за двобојот во полуфиналето. Сигурно дека го минуваме првото коло и одиме на големиот Милан, а тогаш мислам дека имаме подеднакви шанси. Ако успееме тоа ќе биде голем ден за јапонскиот фудбал, а мислам дека имаме реални шанси", вели тренерот н Урава, Холгер Осик.
Урава на Светскиот клупски шампионат практично ќе игра на домашен терен бидејќи Јапонија е организатор на турнирот.
Директен пласман во полуфиналето нормално според квалитетот обезбедија Милан и Бока Јуниорс, во првото коло се среќаваат Ваитакере Јунајтед од Нов Зеланд и иранскиот Сепан, а втората двојка е Етоал Споритв од Африка и мексиканската Пачука, поуспешниот од овој натпревар игра против Бока Јунииорс.
Турнирот се одржува од седми до 16 декември.
Овде ќе биде интересно ...
Берлускони со шопинг листа на млади таленти
Екипата на Милан има шопинг листа од шест млади фудбалери кои ќе се обиде да ги донесе во следните два преодни рока.
Екипата на Милан можеби е една од оние кои имаат најстар состав, па затоа Берлускони посакува да донесе малку "свежа крв".
Според Corriere dello Sportуправата на Милан за таа цел составила листа од шест млади таленти кои ќе треба да пристигнат во редовите на Росоњерите во наредните 9 месеци, односно во Јаноарскиот и летниот преоден рок.
На таа листа се наоѓаат, Брено (Сао Паоло, одбрана), Стелвио (Брага, среден ред), Илсињо и Фернандињо (Шахтјор Доњецк одбрана), Џо (ЦСКА Москва напад) и Џузепе Роси од Виљареал
Конечно млади фудбалери ... :zlo: