Бразилскиот репрезентативец Кака дефинитивно ја затвори вратата за трансфер во Реал Мадрид и изјави дека размислува за продолжување на својот договор со Милан. Најдобриот фудбалер на актуелниот европски првак, а и во светот во моментов, две години беше прва цел на раководството на “Кралскиот клуб”, а претседателот на Реал, Рамон Калдерон, го користеше и како еден од адутите во минатогодишната кампања за оваа функција. Во исто време Кака изрази надеж дека Милан наскоро ќе излезе од кризата и по враќањето на Роналдо и Александре Пато ќе се врати на старите патеки.
“Реал Мадрид е затворено поглавје за мене. Ако Милан има желба јас сум подготвен да го продолжам мојот сегашен договор што истекува во 2011 година бидејќи овде се чувствувам среќен и размислувам за мојот клуб. Не знам што би можело да се случи за да го сменам мислењето и да почнам преговори со други клубови. Верувам дека се уште имаме шанси да се бориме за шампионската титула во Серија А и дека ќе стигнеме далеку во Лигата на шампионите. Сонувам за финале против Барселона”, изјави Кака.
Бразилецот се осврна и на последните инциденти во италијанскиот фудбал, убиството на младиот навивач на Лацио и порача дека ваквите работи можат да имаат тешки последици за овој спорт.
“Италијанскиот фудбал го губи својот кредибилитет и потребна е итна акција или во спротивно спортот може комплетно да изумре. Скандали, загинат полицаец, а сега и навивач. Запрете го тоа или големите имиња од Серија А еден по еден ќе почнат да си заминуваат”, додаде Бразилецот.
Кака: Можно е да си одам од Милан Ѕвездата на Милан, Кака, вели дека се чувствува приморан да го напушти Италијанскиот фудбал по скорешните случувања
Постојано се случуваат некои инциденти во Калчото. Хулиганизмот на навивачите постојано доаѓа до израз. Настаните кулминираа со изјавата на Кака викендот кога тој, постојано поврзуван со селење во Реал, се реши да проговори за неговата загриженост дека насилството во Италија може да биде одлучувачко за топ играчите да го одминат Калчото и да играат во друга лига.
Кака открива дека и самиот тој е ставен во двоумица дали да го напушти Милан, токму поради овие настани.
“Дали е можно да ја напуштам Италија? Да, доколку насилството продолжи ќе го сторам тоа.”
“Мојата љубов према фудбалот е мојата најголема среќа. Во овие моменти јас не можам да уживам, не сум среќен поради лошите настани кои ме опкружуваат. Доколку има проблеми кои ме спречуваат да си ја вршам работата, се може да се случи.”
“Постои можност да се преселам во друга земја. Знаете загрижен сум и за мојата фамилија. Жена ми и моите родители доаѓаат на секој мој натпревар да ме гледаат. Како да бидам мирен на теренот кога знам дека се може да се случи таму горе во публиката, каде што седат и тие,”- изјави Кака.