Милан - Катанија
Поразот од Палермо иако под сомнителни околности според табот на росонерите не го намалува впечатокот дека Милан е во резултатска криза во првенството во кое има 3 нерешени и еден пораз на последните 4 средби и само една победа што е премалку според очекувањата во клубот. Катанија има една победа досега во шампионатот и по два порази и нерешено ќе преставува добар испит за можностите на Милан кој нема друга опција освен победа. Дали притисокот може да биде и мотивација е основното прашање кај Милан кој објективно е фаворит на оваа средба. Катанија никогаш не победила во Милано на 10 гостувања каде Милан како домаќин има 8 победи. Роналдо може да се врати во тимот на Милан на оваа средба за кого под знак на прашање е настапот на Дида, Малдини, Сержињо, Амброзини и братот на Кака, Дигао. Катанија има 2 повредени и 2 казнети играчи. Средбата Милан - Катанија ќе можете да ја проследите во живо на Телма в Недела со почеток од 15:00 часот.
можни состави
Milan (4-3-2-1): Kalac; Cafu, Nesta, Kaladze, Jankulovski; Gattuso, Pirlo, Emerson; Kakа, Seedorf; Gilardino
Catania (4-3-3): Polito; Silvestri, Terlizzi, Stovini, Sabato; Izco, Edusei, Vargas; Martinez, Mascara, Spinesi