Milanez`
Tutta lα miα vitα...
- Член од
- 6 август 2007
- Мислења
- 14.523
- Поени од реакции
- 5.515
КАРЛО АНЧЕЛОТИ ГНЕВЕН НА АРБИТРАЖАТА НА ДУЕЛОТ СО ПАЛЕРМО
Судијата најзаслужен за нашиот пораз
Тренерот на Милан, Карло Анчелоти, остро го нападна познатиот италијански судија Стефано Фарина, посочувајќи го како главен виновник за првиот пораз на неговиот тим во новата сезона. Според Анчелоти, а тоа убаво се гледа и на снимката, Амаури ја прими топката со рака во 73. минута во противничкиот шеснаесетник по што асистираше до Диана и овој од два метри само ја вметна топката во голот на Калач.
"Овој пораз навистина е болен, најмногу затоа што не го заслуживме, а второ бидејќи судијата драстично н$ оштети. Се виде од авион дека Амаури ја прими топката со рака, а потоа немаше проблеми да го проигра Диана. На нашите два последни натпревари како гости имаше големи грешки од судиите бидејќи и во Сиена примивме гол од класична офсајд-позиција во која беше Макароне", лут е Анчелоти.
Но, во исто време трофејниот тренер на "росонерите" мора да биде искрен и да признае дека уште поголем виновник од Фарина за поразот на Милан се неговите фудбалери кои имаа десетина поволни шанси, но не успеаја да направат недостижна предност по голот на Сидорф, а голем дел од вината оди "на душа" и на Жељко Калач, кој прими гол во третата минута од судиското продолжение од позиција од каде не смееше тоа да се случи.
"Росонерите" го бележат еден од најлошите стартови во Серија "А" во последната деценија. По пет одиграни кола Милан има само една победа и со шест освоени бода се наоѓа на делба на деветтата позиција на табелата со Лацио, Парма и Џенова.