Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
13 август 2023
Мислења
1.068
Поени од реакции
2.645
Подобри шанси имавме но тоа е кога немаш финишери во тимот, ако не е Бруно реално нема кој да даде гол.
Зиркзе е повеќе плејмејкер отколку шпиц, Гарначо и особено Хојлунд се мртви незакопани. Не ми е јасно овие како можеа од таленти лани ваква регресија да имат сезонава.
Далот стандард, нема основни познавања од фудбал, во последно време заборавил и како се води топка.
Линделоф ќе се пензионира уште малку не научи да процени каде ќе падне висока топка, незнам зошто денес стартуваше на сметка на Хевн кој доста сигурно изигра и со Фулам и денес. Се надевам ќе добие повеќе шанса до крајот на сезоната па за следната да биде по озбилна опција.
Гарначо има осцилации, покажува знаци на живот. Денес беше ок. За разлика од Хојлунд кој константно е мртво цела сезона.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.649
Поени од реакции
6.490
7 играчи наброја за продавање. Мислиш дека ке купиме 7 други играчи? Патем, овој Хејвен делува ептен смирено, не паничари воопшто, а и со топка во нозе не е лош.
Брат не се 7, бројот е двоцифрен. Неколку од играчите и да не се заменат реално нема ништо да ни смени. Ете за Маласија, Шо, Маунт, Еванс, Линделоф, Ентони воопшто да не се донесе замена нема ништо да ни смени бидејќи и онака нивниот придонес е 0.
Би ги додал Мегваер, Далот, Касемиро, Ериксен, Рашфорд, Онана за кој ќе мора да се носи замени. Најверојатно и Хојлунд. За Гарначо и Маино не верувам да си одат барем уште една сезона затоа што и без нив имаме премногу за продавање а не дека нешто се сјајни сезонава.

Јунајтед треба од старт да пазари голман, десен винг бек, двајца во средина, десетка/крило и шпиц и пак нема ни близу да сме до среден тим оти реално ни се потребни 12-13 нови играчи што е тешко остварливо и за 3 трансфер рока а не пак за 1.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.787
Поени од реакции
9.612
7 играчи наброја за продавање. Мислиш дека ке купиме 7 други играчи? Патем, овој Хејвен делува ептен смирено, не паничари воопшто, а и со топка во нозе не е лош.
Интересно ќе биде летово и се ќе зависи од продажбите. Башка не пазаревме зимава така да има голема веројатност од голема активност на пазарот.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.649
Поени од реакции
6.490
Гарначо има осцилации, покажува знаци на живот. Денес беше ок. За разлика од Хојлунд кој константно е мртво цела сезона.
Имаше и овој солидни партии во ЛЕ есента но последните 3-4 месеци сме минус играч со него на терен. Очигледно дечкото си има проблем со психата и во моментов не гледам дека би можел да се врати од мртвите и да успее кај нас. Можеби на друго место.
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
11.159
Поени од реакции
10.511
Интересно ќе биде летово и се ќе зависи од продажбите. Башка не пазаревме зимава така да има голема веројатност од голема активност на пазарот.
Немаме пари за 7 играча друже, 4 до 5 можда со продажби.
Едино ако бараме некого на позајмица што нема смисла да ни дадат добри играчи на позамица а црепови и ние имаме во тимот.
 
Член од
16 април 2008
Мислења
2.527
Поени од реакции
2.383
Имаше и овој солидни партии во ЛЕ есента но последните 3-4 месеци сме минус играч со него на терен. Очигледно дечкото си има проблем со психата и во моментов не гледам дека би можел да се врати од мртвите и да успее кај нас. Можеби на друго место.
Ја мислам дека кај Хојлунд не е психата веч квалитетот. Едноставно нема квалитет, толку му се могучностите.
 
Член од
15 јули 2009
Мислења
3.579
Поени од реакции
3.648
Очекувам повеќе минутажа за Хевн и Оби. Да влезеше Оби од клупа на место на Хојлунд можеби и ќе го добиевме мечот.
Исто Коне изгледа дека е спремен за првотимски фудбал.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.219
Поени од реакции
68.824
Ја мислам дека кај Хојлунд не е психата веч квалитетот. Едноставно нема квалитет, толку му се могучностите.
Овој Хојлунд годинава, со оној од лани, како во пат да не се сретнале.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.649
Поени од реакции
6.490
Ја мислам дека кај Хојлунд не е психата веч квалитетот. Едноставно нема квалитет, толку му се могучностите.
Шознам, Хојлунд покажа лани дека може да игра. Даваше голови, се повлекуваше на центар да прима топка и да проследи до крила или знаеше да се ослободи од противникот со некој потези со пета. Претрчуваше дефанзивци со топка во нози, се рваше со дефанзивци. Сезонава ништо од ова нема во Хојлунд. Ај да е 30+ години ко Касемиро што пропадна преку ноќ не е.
Самодовербата е заебана работа. Тој што има играно фудбал или некој друг спорт знае дека кога играш со самодоверба едноставно се ти оди од рака додека без самодоверба и наједноставни работи како прием на топка и едноставен пас на два метри ти изгледаат како најтешката работа на свет.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.219
Поени од реакции
68.824
Би го убил на место. И минатата утакмица го направи истото. Неверојатно е што прави. Годинава ги има сите топ 10 најглупи потези. Од промашување на празен гол, до оној непас до Хојлунд против Сосиедат, Фулам. Денес истото.

Член од
31 јануари 2007
Мислења
19.010
Поени од реакции
23.239
Би го убил на место. И минатата утакмица го направи истото. Неверојатно е што прави. Годинава ги има сите топ 10 најглупи потези. Од промашување на празен гол, до оној непас до Хојлунд против Сосиедат, Фулам. Денес истото.

И смешно му е, наместо да наведне глава тојј ссе смее. Како дебил.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.630
Поени од реакции
8.361
7 играчи наброја за продавање. Мислиш дека ке купиме 7 други играчи? Патем, овој Хејвен делува ептен смирено, не паничари воопшто, а и со топка во нозе не е лош.
Нема да купиме 7, само од причина што ИНЕОС ги избркаа пола вработени, па ќе нема кој да преговара толку продажби и купувања :D 7ца е само бројка, комотно можат да купат дечурлана или дрва некои ...

Проблемот по мене е што некои позиции не можеш да ги довериш на деца (и ретардирани) - Шпиц, еден од штоперите, задњи везни и голман. Критични позиции се, капак на тоа притисокот околу клубов.

Ќе биде интересно летово. Ќе има голем обрт на играчи.
 
Член од
30 јануари 2009
Мислења
509
Поени од реакции
465

Нема да купат седуммина што се добро етаблирани ама ќе купат 3/4 ца како Де Лихт, Мазрауи, и 3/4 ца како Хевен и Оби.
Веројатно сигурно си заминуваат Хитон,Еванс, Линделоф,Ериксен кои ионака немаат некаков придонес сезонава.
А се надеваме дека ќе бидат продадени и Рашфорд,Маласиа и Ентони.
Иако сакаме нема да бидат продадени дрвата како Дало :toe: .
Лошото е што веројтно неможат да се ослонат на играчи од У21 не оти не се талентирани ама оти нивото во премиер лига е 5/6 скалила погоре од нивниов моментален развој.
За илустрација никој од играчиве што си отидоа а беа ,,таленти'' Ханибал(Барнли -Чемпионшип), Шортајр(Паок-Грција), Форсон (Монца-Италија) Камбала(Виљареал-Шпанија) не можат да се наметнат во прва постава у новиве клубови.
Истото важи и за младиве шо е моментално по позајмици, мене лично ми се свиѓаше како изигра Итан Енис на предсезонските и мислев дека ќе добие шанса сезонава арно ама моментално не може да фати место во Донкастер шо игра у 4-та лига Англија :toe:
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
11.159
Поени од реакции
10.511
Нема да купиме 7, само од причина што ИНЕОС ги избркаа пола вработени, па ќе нема кој да преговара толку продажби и купувања :D 7ца е само бројка, комотно можат да купат дечурлана или дрва некои ...

Проблемот по мене е што некои позиции не можеш да ги довериш на деца (и ретардирани) - Шпиц, еден од штоперите, задњи везни и голман. Критични позиции се, капак на тоа притисокот околу клубов.

Ќе биде интересно летово. Ќе има голем обрт на играчи.
Се зезаш а офанзивно позади шпиц кој ќе игра?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom