7 играчи наброја за продавање. Мислиш дека ке купиме 7 други играчи? Патем, овој Хејвен делува ептен смирено, не паничари воопшто, а и со топка во нозе не е лош.
Брат не се 7, бројот е двоцифрен. Неколку од играчите и да не се заменат реално нема ништо да ни смени. Ете за Маласија, Шо, Маунт, Еванс, Линделоф, Ентони воопшто да не се донесе замена нема ништо да ни смени бидејќи и онака нивниот придонес е 0.
Би ги додал Мегваер, Далот, Касемиро, Ериксен, Рашфорд, Онана за кој ќе мора да се носи замени. Најверојатно и Хојлунд. За Гарначо и Маино не верувам да си одат барем уште една сезона затоа што и без нив имаме премногу за продавање а не дека нешто се сјајни сезонава.
Јунајтед треба од старт да пазари голман, десен винг бек, двајца во средина, десетка/крило и шпиц и пак нема ни близу да сме до среден тим оти реално ни се потребни 12-13 нови играчи што е тешко остварливо и за 3 трансфер рока а не пак за 1.