Логично е клубот да бара ама во случајов, татко му барал процент од идна продажбаУште недојден, ке договараме процент од продажба. Фала, ама сеуште не сме фидер клуб.
Можеби не е Сколси, Пирло квалитет, ама греота е да се оспорува дека моментално меч за меч како што игра е на доста високо ниво.Во што се состои позитивноста?
Го подобрил процентот на успешни додавања, позитивни и успешни одлуки, успешноста на ударите?
Вчера имаше еден добар период од 20 минути кога се прашував игра ли он уопште на овој натпревар. Да, вчера имаше помалку утки, само ради фактот что дел од товарот му превзема Матич. Со Мектоминај кога е, попотресен е, а може и до противниците било во тие натпревари.
Да не гатаме, има ли некој негова статистика од последниот натпревар? А уште подобро од последните 3 натпревари!
Се е тоа во ред!Можеби не е Сколси, Пирло квалитет, ама греота е да се оспорува дека моментално меч за меч како што игра е на доста високо ниво.
Моторче е..го има насекаде. Поддршка во одбрана, во офанзива носи добри одлуки со движење без топка до пас на играчите, се подобро ги чита противниците, сечи топки, дели добри пасови, добива дуели...
И да, во фудбалот не е се во статистиката иако сигурен сум дека информациите кои ги бараш се баш на страната на Фред.
Не ми е омилен и од почетокот на сезоната сум со мислење дека не е Јунајтед материјал, но од мечот со Тотенхем навака си гази братот ( а и пред тоа во пар со МекТоминеј играат на солидно ниво). Дали е само моментален и едносезонски блесок ќе кажи времето, но ако продолжи вака ќе ми го промени мислењето и како таков би го задржал во тимот.
Со моменталнва форма е од корист на Јунајтед. Тоа сакам да ти го укажам и во споредба со оној Фред од почетокот на сезоната (па и лани) можам комотно да тврдам дека има голем напредок во неговите перформанси. Да не барам мои постови од пред некој период каде бев убеден дека викам дека е превара братот и дека тешко дека ќе видим нешто добро од него, но еве со тек на време станува константен во настапите и греота е да се кажи дека игра лошо.Се е тоа во ред!
После постот му ја погледнав статистиката, која кажува дека е подобар и од Сколс и од Пирло заедно. Се шалам, ме изненади статистиката, пошто го гледав мечот!
Нејсе, дали во тимови како Челзи, Тотенхем можеш да го замислиш Фред? Да не збориме за Сити или Ливерпул! Сигурно не!
Епа тој факт ме убива у поим, правиме муабет за мидтејбл тим играч и си викаме шуќур!
Мое лично мислење: Матич изигра добар натпревар, имаше една грешка кога изгуби топка на некаде 35 метри, што не смееше да ја изгуби, се дуго повеќе од очекуваното!Дечки како изиграа Матич и Марсијал вчера?Читам позитивни коментари за Марсијал.Матич мислам ќе е слаба карика за со Арсенал, а ако игра Погба, не сум сигурен дека ќе е добар дефанзивно и мислам дека ќе го извиси Фред.