Малку се демантираш самиот себе. Прво викаш дека проблемот не е до недонесувањето на засилувања, а потоа сакаш да ги одјебеш Переира и Лингард, а на позиција десно крило сме дефицитарни со години. Шанси на млади играчи се дава кога имаш саглам костур, а нашиов костур, како што некој пиша, едниот сака во Реал, другиот пропадна во форма од минатата сезона.
За делот што го имаш пишано за тактичко спремање на утакмица и позиционирање си сосема во право, делува дека ама баш ништо не прават на тренинг. Сити имаат 4-5 акции спремено од корнер или прекин. Нашиве? Балон топка до Мегваер. Не знам дали некој гледа од страна, ама на кого нафрлаа на глава денес упорно, кога Рашфорд не знае да игра со глава, не знае кога да нападне ниска топка во петерец ко што направи Марсијал на пример против Челси. Оле не е доволно прагматичен, и не знае или не смее да донесе непопуларни одлуки. Лани требаше да го дропне Де Геа, наместо тоа, остана со него, па не чинеше најмалку 5-7 бода. Рашфорд е зрел за на клупа и да олади неколку меча.
Не знам кој е тој муабет дека овие играчи треба да се доволно добри да го победат Саутемптон? Пеп не е глуп што прави 2 силни 11-ки, со по играчи од 50-70 милиони фунти, иако веќе има квалитететни играчи за прва 11-ка. Колку за споредба, и двете екипи играа денес против послаби противници, но Пеп не е будала, искача со најквалитетните 11-мина на располагање, и не ротира. Тимовите кога ке ги ставиш на хартија, јасно е. Искача Марез, влага Бернардо Силва. Кај нас, искача Мата, влага Лингард за да реши меч. Ребилд не се прави со 50 милиони фунти нет спенд. Но ајде, не требало трансфери, нашите трансфер цели немале Јунајтед ДНК, или што ти ја знам какви изговори се смислуваат. Моменталниов тим не завршува во Топ 4, па макар светот се свртел наопачки.