Еве човек ... БРАВО !Ве разбирам како ви е.5-0,6-2.....ехехе болет овие порази и сега,ко вчера да беше.И то шо неаме освоено титула во последниве 3 години Шпанија.али ипак ,минлива работа.
Мене една работа шо ми засмета (значит говорам ко неутрален фан).е то шо подценувачки мн се влезе во овој меч,и од Фергусон,а и од навивачите на МанУтд.Да беше онај Сити со Бенџани,Белами,Коради,..во средина со Ајрланд,М.Џонсон,да разберев..Ама Насри,Силва,Балотели,Агуеро..имиња кои до вчера самиот Ферги ги сакаше во тим,не е заебанција.Јест традиција.....мојте и вие да викате GGMU,и јас да викам Хала Мадрид,ама парите си го прает своето(контрадикторно,по шо реал е крстен галактикос,ама ајде).Немојш бе ти ,еден Манчестер Јунајтед,тим со претентензии за ЛШ и ПЛ,да немат еден асолен плеј .САми видовте,колку Силва значи за екипата ан Сити,сите напади преку него одат.Еден таков играч му фалит на Манчестер,па макар коштал и 50-60 милиони,требит да се купит.Релно гледано,во Пл сте секогаш фаворити,па така и сега,макар изгубиле и 11-0.Но доколку работите не се променат,а Сити продолжит со ова темпо,ќе бидит жустро.За во ЛШ,да не прам муабет......
Спотрски поздрав,а за заебанциите ,ич да не ве болит![]()
![]()
Толку добар пост одамна немам прочитано. Апсолутно во се се сложувам со тебе.Јунајтед е во криза неколку натпревари и тоа на сите ни е јасно, сакале да признаеме или не.
Добрата работа е што оваа криза не ја поминавме со којзнаекакви негативни бодовни последици (ако се иземе денешнава психолошка дупка што ја доживеавме).
Е сега момциве ќе научат добра лекција од денешниов натпревар, ама што е поважно таа лекција ќе биде дел и од “црната книга на САФ“ па ќе биде предмет на анализи понатаму во секој случај.
Прашањето е дали ќе стигнеме до натпреварот со Евертон да ги опоравиме играчите шо денес настапија а нема да настапат вторник во натпреварот од купот, бидејќи ќе мораме со Евертон да го извадиме и последниот атом од силата ако сакаме да се надеваме на победа.
После Евертон очекувам да целосно излеземе од криза и почнеме да прикажуваме игри какви што се очекуваат. Така даденешнава “шлаканица“ ќе има (колку и тоа да ми е тешко да го кажам) и позитивен ефект.
ПРАШАЊЕ е...како ќе се снајдат Сити ,Челзи и Ливерпул оваа сезона кога ќе ги фати криза (тоа е неминовно) - тогаш ќе биде битно да минат резултатски полошо од нас.
П.С: мислам ирелевнатно ми е да зборувам за било какви позитивности од денешниов натпревар, ама ќе си пукнам ако не споменам дека бев импресиониран от тоа како “гол инстинктот“ и “желбата за пресврт и победа“ се всадени во нашите играчи...и на огромна разлика нашите не сакаа да се бранат и чуваат “подостоен“ резултат - туку сите одеа напред да пстигнат нов гол....овајпат тоа ни се врати лошо со контрите....ама боже мој, ретки се играчите со менталитет кој ги тера да се надигруваат при онолку голема резултатска разлика !
Озбилно ова?Бери и Харт вечерва на роденден кај Руни![]()
Да, ќе видите слики утреОзбилно ова?
Си зависи должината на редотПомало парче торта за нив.