Балотели ваков - Балотели онаков, ама Балотели денеска ни лупна две голчиња и главен "виновник" за црвениот картон на Еванс, и нормално го напушти теренот онака лабаво, си заврши работа...
Има Господ... Се смее(в)ме на Арсенал, на Рома, на Блекбурн, ама не стигна казната и нас и тоа од градските ривали. Одлучувачки момент беше црвениот картон на Еванс, по некоја си логика која само Еванс ја има, место да иде на топка, реши да се "ремпа" со црнчето и одеднаш Балотели испадна сам пред гол, мал контакт и нормално црвен картон, чист како солза...
До пред тоа, имавме 70% посед на топка, од тогаш па до крај процентот падна на 30, многу нормално... Сити оваа година склопија одличен тим, мора да признаеме, е сега дали имаат менталитет за освојување на титула допрва ќе видиме. Не игравме денеска со Свонси па да не се осети играч помалку, игравме со одличниот Сити, екипа која искористува вакви предности...
После дадениот гол на Флечер, кај мене имаше трошка надеж барем за утешителен пораз, но веднаш потоа пукна бруката, се играше "Викторија" каде играчите во сини дресови напаѓаа со 6-7 играчи, додека во одбрана беа само двајца играчи во црвени дресови... А, тоа е рамно на самоубиство...
Де Геа денеска само една одбрана (таа на Џеко со нога), ама тоа не значи дека дечкото е крив за головите, кога играчите на Сити му доаѓаа на метар до голот. Одбраната денеска катастрофална, не го пишувам ова оти завршивме со 6 парчиња, истото ќе го пишев и да беше 0-2. Евра еден дуел не доби со Ричардс и Силва денеска, додека во напад го немаше никаде. Фердинанд и Еванс денеска беа катастрофа. На Рио му ја протнуваа меѓу нозе, дуел игра слаба, тотална заспаност. Нани премногу статичен, Флечер како да имаше футинг денеска, се уби од трчање, но во делот со топка не се покажа никако, Јанг пробуваше нешто, но најчесто завршуваше со изгубен дуел или изгубена топка. Велбек мислам дека редно време е да седне малку на клупа и да му го препушти местото на Берба или Чичарито. За Руни немам коментар, само тој денеска се залагаше и ја посакуваше победата. Го имаше насекаде, делеше топки, се враќаше во одбрана, доста добиени дуели... Ама еден играч неможе да ја направи разликата, кога нема подршка од другите, односно кога другите се катастрофални тој ден...
И да, одамна не сум гледал волку добро отсудено дерби во Англија, нема замерка... Се си беше на место, се си беше досудено коректно...
Очекувам сега да паднеме психички по овој пораз, но не сумњам дека ќе се вратиме посилни од кога и да е. Не дај Боже само оваа психолошка криза да потрае, се надевам дека нема...
GGMU