Мене ми се случи една чудна, натприродна работа...
Сум сонувал убаво и наеднаш од никаде, од темната темнина испадна една вештерка ама иста таква вештерка каа шо беше на Томиџери картун филмот.
Опремена со метла, панцир, голем шешир со базука на врвот, каубојски чизми тиа со трквалце шо имат позади и каа оде тропат и имаше напишано на лист :
Манчестер Јунајтед - Баерн Минхен 0:2
Изгледа знаела дека сум глори глори ман јунајтед и сака да ме провоцира...
Беше стара вештерка, грда, немиена и имаше една голема тртка на носот. Од тоа ногу се уплашив и незнаев шо да правам...
У тиа момент еден глас ми шепна на увото да и а фанам тртката, тоа и било слаба точка исто каа ахиловата пета...ја се мислев, се мислев, и пак се мислев и размислив и одлучив да го направам тоа.
А фаќам тртката и и правам исто каа шо прават на цицките тоа шо се вика nipple twist ама воа беше тртка твист и она почна да писка и на крај се предади, од базуката на шеширот на врвот пушти едно бело знаменце каа знак за тоа шо се вика ај гив ап и одма у истиот момент го смени листот на :
Манчестер Јунајтед - Баерн Минхен 2:0
И се разбудив радосен, станав, тргнав да уплатам точен резултат 2:0 за Јунајтед, 1Х, 1-1, ДП1 и ногу такви други Манчестер Јунајтед типови ама по патот видив една стара баба со тртка на носот, се уплашив и право дома се пикнав у шифуњерот таму најдоле у ќошот и се покрив со јоргани и ќебиња.
Е сега сакам да прашам дали е тоа случајност или кондиција ?
Нешто у кратки црти за мојот натприроден сон.
Како и да е Јунајтед че победе 2:0, Руни че ги даде и двата гола...
Името на Манчестер Јунајтед че биде запишано на сателитот шо врте околу Јупитер за сите да може да го гледат, човеци, вонземјани, инсекти, животни и други живи животи на нашата земја а и на другите земји кој заедно че се радуват и че зборуват ногу зборови како именки, придавки, глаголи и други такви зборови.
Глаголи се зборови кој означуваат работа, дејство или состојба...мислам дека така беше ама не е важно тоа.
Манчестер Јунајтед против големиот Баерн Минхен че се гледа со нормално, убава ракија и мезе...за мезе може да има компир салата, краставици или нешто друго.
Ја почнав малку порано за да влезам у форма и да добиам коинциденција или кондиција, незнам точно како се викаше, ногу е комплициран тиа збор.
И за на крај исто каа шо викаа на џандар збира само сега че речиме Манчестер Јунајтед збира и некој че рече шо збира, нема да му биде јасно...па нормално Манчестер Јунајтед збира победа.
Ајде Слава Слава Манчестер Јунајтед а ти си улава баерн минхен.
Денот кога Баерн Минхен че падне, мислам вечерта оти сега е 3 саатот и има уште време за да дојде темнината.
Уште еднаш два спрема нула за црвените ѓаволи и светска слава.