Валенсија можеби е лимитиран играч и не е некој вау фактор во екипава, ама е играч кој нема да запре со трчање и не се предава. Фергусон сакаше такви и носеше, оти му беше најлесно да ги мотивира. Без едно око изигра 80 минути еј, од денес па се додека е во клубов лош збор нема да кажам за него, вакви работи се за почит.
Истово сакав да го спомнам и јас ама викам да почекам еуфоријата да помина. Валенсија ова што го направи денес според мене навистина е за почит и јас исто ,колку и да е слаб сезонава и колку и да е ограничен, веќе никогаш нема да кажам лош збор за него. Бонус што левото око му е повредено, што за неговата позиција е и многу побитно од десното. Навистина прав борец и секогаш дава се од себе, ама нели секој со можностите.
Друго што сакав да спомнам, браво за цел тим во главно. Руни денеска беше ѕвер, колку истрча човекот секоја чест, се извади за лошата партија со Ливерпул во секој случај. Дури оваа победа пред се ја препишувам нему и на неговата упорност. Перси исто така редно беше да го видиме во право светло. Тој веќе неколку утакмици по ред беше или ептен слаб или воошто не доаѓаше до израз. Денеска распали. Де Геа ни го спаси мечот при 1-0, Рафаел изигра доста мотивирано, Гигс имаше и светли и слаби моменти, ама за него нема што да се зборува... Одбраната би ја искирикувал, во секој случај. Навистина имавме среќа и го имавме Де Геа во 3-4 ситуации иначе можеше се да пропадне во вода.

За повлекувањето, знам дека го имаше и со Ферги многу често, ама не веднаш после голот кој би ни гарантирал пласман во следна рудна. Со Ферги многу повеќе ја умртвувавме играта, отколку што се повлекувавме толку панично. Игравме една ултра досадна утакмица до крај, без никакви шанси ни на едната ни на другата страна. Денеска левата страна секогаш ни беше празна одкако се повлековме. Евра цело време беше во 16ник, а прво Велбек требаше да помага, ама Велбек е напаѓач, а не бек.

Не смееме така да му дозволиме на противникот да игра со топката. Некаде до 30 метри од нашиот гол буквално им дозволувавме да прават што сакат, друи не ги ни напаѓавме воошто.

Тоа не ми се допадна во никој случај. Друго што мора да се забележи е Фелаини во финишот, ме изнасмеа кралот на сета нервоза.
За протвник за следна рунда, најискрено и без да се лажеме би сакал да ги избегнеме Реал, Баерн и Барса. Дури би сакал и еден меч помеѓу овие 3, да се испотепат самите.

Во дуел против било која од овие 3 екипи, најреално би биле во подредена улога, а во дуел со било која друга од останатите 4 екипи мислам дека имаме многу реални шанси за пролаз во 1/2 финале. Само да играат мотивирано и со желба за победа како вечерва.
Челзи - според мене кај нив единствен елемет во кој се појаки, освен Мурињо, е цврстата одбрана. Која фактички е и симбол на фудбалот на Мурињо. Челзи има многу добри копачи во тим, за разлика од нашата одбрана која е тотално раштимана. Ама реално, колку и да се фурат нивните фанови без веза, Челзи нема некој посебно јак тим и во играчки кадар никако не се појаки од нас. Како што кажав, единствено ме плаши Мурињо со неговата цврста одбрана.
Атлетико Мадрид - овој дуел би бил многу интересен. Атлетико исто игра фудбал со цврста одбрана, немаат некоја атрактивен стил на игра и секако можеме да се надигруваме со нив. Бонус искуството кој го има нашиот тим, наспроти тој на Атлетико. Не смеат да се потценат во никој случај, ама исто така никако не се фаворити против Манчестер Јунајтед. Исто ако ги споредиме квалитетите на играчите, дури може да се каже дека сме и за нијанса појаки на хартија.
ПСЖ - Екипа за која немам оформено некое мислење, но според следењето на резултатите од резултати.ком екипа која знае да искикса без веза. Нормално тука најголем проблем ќе биде нашата одбрана да со сопре Ибрахимовиќ, ама Еванс веќе има искуство со него.

Не се ништо посебни исто така, иако би биле ептен незгоден противник.
Борусија Дортмунд - мојот омилен тим од другите екипи.

Колку и да ми се драги, Дортмунд има исто многу слаба сезона како нашата. Исто има многу проблеми со повредите како нас... И според мене би биле најдобар противник за Јунајтед во 1/4 финале. Многу од првотимците им се аут, или недоволно опоравени... а и Левандовски ќе го пропушти првиот дуел ради жолти картони. И затоа мислам дека се моментално во најлоша ситуација од другите 7 екипи. Сепак од друга страна ме плаши стилот на игра кој го игра Дортмунд. Пресингот и брзиот фудбал кој ги практикува Клоп не сум сигурен дали му одговарат на нашиот тим. Голема е веројатноста и да не изедат, но факт е дека се многу осакатени ради отсуството на дел од најбитните фудбалери. Да беа во фул сквад секако ќе беа горе, кај екипите што сакам да се избегнат.
