Пријателски натпревар l Екипа А vs. Екипа Б
Оваа сезона нашиот миленик Манчестер Јунајтед игра далеку под своите можности и очекувања, сето тоа се должи на транзицијата и смената на генерација во клубот која се случува и допрва ќе се случи за време на летото. Но тоа не е денешната тема бидејќи денес ќе се одигра пријателски натпревари помеѓу фановите на Манчестер Јунајтед да се обели образот на клубот поради последните порази и нерешени исходи на англискиот гигант.
Големи се шансите овој натпревар да биде подготовка за следната пресметка против фановите на Челзи или пак Ливерпул но тоа се само шпекулации засега. Во секој случај организатор на овој турнир е
@ManUtdChampions и сите заслуги за организацијата се негови.
Имаше доста пријавени играчи за овој меч и избраните се поделени во две екипи, А и Б.
За
Екипа А ќе настапат:
@Јунајтед (голман),
@goodlife_filipsis (стопер),
@The Edge^ (средина),
@Артиљеро (десно крило),
@ManUtdChampions (лево крило) и
@NomoregameS (напаѓач).
Нема повредени играчи ниту пак измени во Екипа А и сите играчи се подготвени за настап. Веќе е позната формацијата во која ќе настапи и се очекува добра хемија меѓу играчите со која би издвојувале победа.
Клучен и најдобар играч во овој тим е
@NomoregameS кој пред неколку сезони на времето постигнал маестрални и неверојатни 6 погодоци т.е. двоен хет - трик против Металург.
За Екипа Б ќе настапат:
@vidooq ,
@UnitedWeStand ,
@MikiMiki ,
@Just Do It , голман од Куманово,
@Vidic15 .
Како и во Екипата А така и во Екипа Б нема ниту повредени играчи ниту измени. Тие не сакаа да ја откријат тактиката за овој натпревар мислејќи дека е тоа нивниот ас со кој ќе можат да издвојуваат победа.
Во овој тим
@vidooq се пофали дека веќе ги средил своите алатки за вечерашниот натпревар а кој има вакви патики срамота е да не знае да игра фудбал.
Натпреварот ќе се одигра со почеток од 18 часот во Мондано, должни се сите натпреварувачи да бидат минимум 15 минути порано пред почетокот на мечот.
Се очекува тежок натпревар со надигрување на тактички план но пред се ова е натпревар на кој ќе ќе има дружење и фер игра. Публиката и навивачите се исто така дел од овој натпревар и се очекува присуство на 15 луѓе.
Исто така менаџерот на двата тима
@Ilumious најверојатно ќе биде дел од овој натпревар.
Директен пренос од овој натпревар на ТВ нема да има но ќе имате можност да следите резултат од натпреварот на форумот Кајгана доколку
@Ilumious биде присустна и известува од местото на настанот.
Екипата А ќе биде во црвени дресови а Б во бели дресови.
Им посакуваме среќа на играчите и нека победи подобриот!