САФ не ги зеде со него играчите во пензија,Мојс ја доби истата екипа што ја освои лигата минатата сезона .Тоа би требало да значи дека мораше да ја освои барем лигата..Муабетот..
Дали јаден или нејаден Евертон не знам,ама САФ ви го тртна Мојс.Ако некој е крив за оваа ситуација старото е крив,си замина а остави раштимана банда,воглавно по негова кривица.
Сигурно можеше да купи играч од средината,а тој ја покриваше дупката со Сколс кој го врати од пензија.
3 месеци рок за купување играчи,Манчестер купи на ден-два пред да истече рокот.Дали мислеше Мојсије дека не му требаа играчи или не си ја завршија професионално работата Мојсие и спортскиот директор,тоа има некој горе кој ќе ги суди.
Го купува Мата и го игра крило а неговата природна позиција е резервирана за Руни.Ова му иде како од кур на кур.Поради тоа лелекаше во Челзи,сега во нов клуб повторно на неадекватна позиција.
Пак прашањето е дали Мојсие прави грешка или тие над него..Дали се договораат за такви скапи играчи како ќе ги вклопат во тимот или нека има само.
Остај тоа,Кагава е на располагање кој има потенцијал да биде подобар од Мата каде каде.
Кагава го уништија како што Реал уништуваат веќе со години наназад играчи.Му го ебаа пиперот на Сахин,во Дортмунд пак растура.Кагава да се врати во Дортмунд ќе кине обавезно.
Во паралелен универзум ова во Баерн би требало да значи Баерн да купи јак голман а го има најдобриот во светот.Во случајов со Руни,не е најак ама ама тука негде е .Сега што немаше врска вчера тоа е друга работа.
Јака паралела :
Прашањето е дали тогаш кога растурале сакале да го бесат или сега после 6-7 години кога не прави ништо ? Па нормално дека тоа се случуваше пред некој месец.
А што мислиш дека Пеп нема да го распнат ако наредна сезона не освои ништо или пак оваа сезона ја заврши со само еден освоен трофеј(БуЛи)?
Ја маме ќе му расплакам.
Венгер до сега ќе беше избркан од Баерн,тоа што го толерираат Арсенал си е нивна работа.
Така да можеби и правично е Мојсие да продолжи барем уште една година ама доколку продолжи по ист терк,клоците и да го нема.
Тој знаеше уште од Мај(мислам) дека ќе биде назначен за наследник на САФ и имаше време да си ја направи екипата по сопствен шмек,ама ајде од Евертон во Манчестер не е исто.
@ManUtdChampions
Замер изјави дека Крос до 2015 не мрда.Прашањето е само дали ќе остане после тоа или ќе си замине за без пари.