1. се надеваш на туѓи неуспеси
2. тимот нема ама баш никаков напредок ... едно е да губиш и да напредуваш а друго е да губиш и да се уназадуваш ние го правиме второто па затоа и не гледам теоретски шанси за 4-то место.
3. саф на времето не наследил шампионски тим туку група пијаници од кој направил шампиони, мојс го прави обратното.
4. гајле ми е за челзи сити ливерпул арсенал евертон и остала багра ... треба да си гледаме прво во сопствен двор па после и надвор од него.
Сезонава е феил а голема вина треба да се бара во мојс .... кога тимот ќе излезе на терен без мотив проблемот е во тренерот .... да дефинитивно сме во период на транзиција но по се изгледа и мојс е дел од таа транзиција( се додека не дојде некој кој ќе знае што треба да прави ) .. а со рушењето на рекордите од типот 41 година не тепале на олд трафорд .. допринесува тимот уште повеќе да паѓа психички. Никој не очекува трофеј од Мојс но ова што го прави со јунајтед е self humiliation ... да не може да тепаме дома и да не набутаат во шише противниците ( кој најголем успех во кариера им е играње во премиер лига )90 минути ... незнам !!!!
1.Нормално дека ке се надевам, зашто побогу не би се надевал?
Ние не сме Баерн Минхен па да освојуваме титула со максимален број на поени, и да не не боли стап за другите резултати.
2.Истиов тим што ги истресе Леверкузен?
3.Само немој да се криеш во Мај, кога ке завршиме во Топ 4.
4.Кој рече да гледаш надвор од сопствениот двор?
Факт е дека многу работи чкрипат.
-Нема дисциплина, нема страв. Фелаини со телефонот? Би му се качил горе, и би го истрижал со вибраторот од телефонот. На што личише тоа денес?
-Нема доволна мотивација-залагање. Истиов тим гризеше кога губеше. Анемичност денес.
Ситуацијата не е добра, тоа никој не го негира, само не е катастрофална како што изгледа на табелата.
Ни се погодија некои пехови, стативи, погрешни измени, недосудени пенали, повредени играчи, лош распоред, уште полош трансфер период, и кога сето тоа ке го собереш, го добиваш сегашново место, и тоа е.