Абе дај ние да се одтарасаме прво од дрвава шо ги имаме премногу во тимов, па после ќе мелиме празна слама како Руни бил јак напаѓач ама не бил добар центарфор. ОК? Пред Руни има 100 играчи што треба да заминат. Руни во моментов е последен на список, според квалитет и придонес во играта на тимот. Сакате да ги признаете тоа или не. И овде завршувам, се друго е само губење време.Ако речам дека за Озил нема место во Јунајтед на Мојс, значи дека пишувам дека Озил не чини?
Руни е одличен напаѓач. Ама не е одличен центарфор. Му треба човек до него во напад. Тоа го видовме во сезоните кога Јунајтед газеше се пред себе, па Руни одеше на лево крило на сметка на Роналдо кој играше 9-ка, тоа го гледаме со Англија на секое светско и европско.
Има некој видео од пост меч изјавата на Мојс?
Се согласуваме за ова. Сезонава Руни е најдобриот играч во Јунајтед и само луд би го бркал сега, кога е во подобра форма од Перси. Јас коментирав дека на лето, Мојс премногу инвестираше во партнерството Руни - Перси, кое никако да го реализира. Јас немам ништо против Руни да се пензионира во Јунајтед, ако прифати по потреба да покрива лево и да игра подлабоко. Како што всушност играше во најдобрите негови сезони.Абе дај ние да се одтарасаме прво од дрвава шо ги имаме премногу во тимов, па после ќе мелиме празна слама како Руни бил јак напаѓач ама не бил добар центарфор. ОК? Пред Руни има 100 играчи што треба да заминат. Руни во моментов е последен на список, според квалитет и придонес во играта на тимот. Сакате да ги признаете тоа или не. И овде завршувам, се друго е само губење време.
иначе овој Јанузај ќе биде И Г Р А Ч И Ш Т Е, само не ми е јасно дали е левак или деснак, центар шутевите и шутевите и со десна и со лева му се феноменални
ееее разликата меѓу нас и другите е што кога тонеме ги влечеме и другите со насКако испаднаа другиве резултати не се осетија баш многу двава порази.
Стариот добар vidooq, по мечот со Евертон не беше на себе но полека се враќаш.Еј, добро е, уште Арсенал ако не победи утре, таман ке биде
Не верував дека ова некогаш ке го кажам по првите 2 сезони кај нас, ама златен Керик...
Ако Флеч е половина од стариот, многу проблеми ке ни се решат.
Не заборавајте, 2-та последни меча што ги изгубивме, беа против екипи кои
-Евертон има само еден пораз досега и игра много подобро
-Њукасл го победи Челси, даде гол и остана непоразен против Ливерпул со играч помалку, на гости ги победи Тотенхем и незгодниот Кардиф.
Сума сумарум, прееска сакав да пишам, иако сме на 9-то место, сепак, ги изигравме скоро сите дерби мечеви, и малтене, ни следи полесен распоред.
Не не служи среќата, судиските одлуки идат контра нас, не користиме шанси.
Она што сакав да го пишам е, игравме без Керик и Перси против Евертон, а без Руни и Керик против Њукасл.
Лани Њукасл ни даде 3 гола и тоа бевме во целосен состав, иако и Ферги ни беше тренер, душа ни извадија да ги победиме.
Би бил многу загрижен ако сме во целосен состав, а не победуваме.
Вака, ке влеземе во топ4, само титулата полека си добива нов сопственик.
Утре жустро ке навиваме за Евертон.
ПС ме изненади изјавата на Пардју, каде му даде поддршка на Мојс, мислев пак нешто ке мрчи ко лани.
--- надополнето: 7 декември 2013 во 18:55 ---
Сега кажа Мојс, се прејал ШинЖи, морале да му го испумпаат стомакот ...
Ај какви петарди имаме во тимот...
Јас се прашувам и гарантирам дека полошо од ова не може. Вкупно 2 бода освоени од денот кога го победивме Арсенал. Ја верувам Кардиф, Норич, Сандерленд имаат повеќе освоено, а да не зборуваме какви играчи и проблеми имаат они.Сите мислења ги прочитав и само ова и уште едно беа реални. Никој не се запрашува што ќе се случуваше со другите тимови да имаа вакви проблеми ко нас со повреди или пак да немаат воопшто среќа ко ние што немавме денес против Евертон или општо сезонава.