- Член од
- 14 април 2012
- Мислења
- 33.063
- Поени од реакции
- 68.071
Јас се прашувам и гарантирам дека полошо од ова не може. Вкупно 2 бода освоени од денот кога го победивме Арсенал. Ја верувам Кардиф, Норич, Сандерленд имаат повеќе освоено, а да не зборуваме какви играчи и проблеми имаат они.
Тоа немањето среќа е оправдание и ништо друго. Имаше сезони кога Арсенал промашуваа невозможни шанси, ама и тогаш, а и сега викам не е тоа среќа. Сам со голман излегува 3-4 пати на утакмица и не знае да даде гол. Тоа е незнаење. И исто судиите понекогаш не гледаа очигледни работи, па биле оштетувани. Безвезе муабети.
Ова е катастрофа, не знам кај гледате позитивно нешто. До пред овие 2 утакмици се надевав на 2 победи и задржување на чекорот. Абе лани 90 бода освоивме со истиот тим, ај сеа да речеш ново еве 10-15 помалку, ама 50 нема да освоиме како што сме тргнале. Дадовме 90 гола, а последните 5 кола на смеа се играа. Сеа 50 нема да дадеме. И шанса за Мојс до крајот на сезонава, со ултиматум Ливерпул да не заврши пред нас за првпат после не знам колку години. Тоа нека му биде титулата сезонава. Уште тој ,,рекорд'' му остана за срушување.
2 пречки не се оправдување.
Недосуден чист пенал е оправдување.
Почнав да мислам дека не зафаќа Арсенал синдром, од пред неколку години, кога како по распоред им се повредуваше важен играч.
Еве, го немавме Ван Перси на неколку натпревари, Џонс одмараше на неколку, Руни го немаше денес, Керик уште неколку меча.
Кажав и погоре, ке бидам загрижен, ако сме во фул состав, а не победуваме.
Ова изгледа лошо, ама идат мечеви во кои екипите од горниот дел ке играат меѓу себе, а тука ја гледам можноста за приклучување кон врвот.
Има работи кои мора Мојс да ги среди, некои потези на екипата делуваат така аматерски, како да се работи за играчи од 7-ма Англиска лига.
Мора да почне екипата да игра поубедливо, и МОРА да се донесе свежа крв, затоа што имаме играчи кои под водство на Мојс се тешки просеци, а Фергусон знаеше да го вади најдоброто од нив.
Очекувам кога има слаби поединци да ги вади нив, а да внесува играчи кои може да сменат меч.
Проблематично е 30 минути имавме за да притиснеме јако, ние тоа едвај 2-3 минути притисок направивме.
Најголемиот пораз денес се дебилните навивачи кои станаа да си идат во 89-та минута.
Од сите екипи на светот, на таа најпознатата по доцните пресврти, таа публика стана да си иде. Е тоа ме нервира.
Ова со Ливерпул нема да го коментирам, тие 20 години не се мерило до каде е Јунајтед, не би требало ни сега. Мислам, потценувачки е тие да ти бидат било каков бенчмарк за успешност на сезона.
Кога менувавме генерации 2005-та, никој не беше среќен со второ место, затоа што сме завршиле пред Ливерпул кој завршил 5-ти...
Сити и Челси ја ублажија тежината на овој пораз, така да, не знам. Знам дека сте многу напиздени, 2 пораза кои многу не уназадија, но не ги потценувајте Евертон и Њукасл.
Убеден сум дека завршуваме во топ4 ако не не ебат повредиве до крај на сезона.