И покрај поразот мислам дека ова е успешна сезона за Манчестер. Едноставно овој тим беше отпишуван од многумина на почеток од сезона и некои песимисти мислеа дека ќе се бори за 4то место, а на крај се освои рекордната 19та титула во ПЛ.
Како и да е, јасно е дека и финалето во ЛШ е успех и дека без 2 - 3 засилувања и пред се освежувања не може да се очекува повеќе.
За финалето, едноставно играчите на Манчестер тешко може да и парираат на Барса, пред се заради техничките способности. Значи не е тука се во тактиката, едноставно било кој англиски тим тешко може да се справи со овој начин на игра на Барса. (Челзи успеа пред 2 год, бидејќи играше физички многу цврсто). Драго ми е што Ферги одлучи да игра машки и да не се брани или да игра грубо, иако тоа можеби ќе донесеше повеќе резултат.
Moжеби подобра тактика ќе беше да се искочи само со Руни во напад, а со засилен среден ред, а и Гигс уште пред натпреварот не очекував дека ќе може премногу да направи, со оглед на пресингот кој го врши средниот ред на Барса во одбрана. Очекував повеќе од Валенсија и пред се од нафрлени топки, но Манчестер не успеа да дојде ниту до многу прилики да уфрли во 16 - ник или до корнери.
Нема простор за преголемо разочарување, едноставно Барса во моментов е посилен тим и заслужено победи.
Со некое засилување летово, па наредна година во нови походи и се надевам дека Де Геа ќе биде достојна замена за Ван Дер Сар кој ги заслужува сите почести за своите игри во клубот.