Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Не му е судено на царот Флеч да игра финале, пуста судбина =) Иначе Ваца кој не е против Јанг, ама ме убедуваат друштво од Англија дека играл добро и кога играл позади напаѓачот и имал доста асистенции и пробиви. Веројатно сакаат да го осигураат побрзо него дека и други тимови го сакаат, па после ќе се брка за други.

И добро е, нема до толку плукање по играчи сега, веројатно се научи Фулам - Евертон лекцијата од пред 7-8 месеца ;)
Се си е во ред јас ќе си останам на моето јас да сум на место на Ферги за наредна сезона би спремил состав нешто слично на ова:
Голмани:Де Геа,Кушчак,Линдегард,Амос(на позајмица)
Одбрана:Рафаел,Фабио,О'Шеи,Браун,Смолинг,Еванс,Видич,Фердинанд,Евра,плус некој копиљ од младите да осети машки фудбал.
Средина:Валенсија,Нани,Парк,Андерсон,Керик,Флечер,Сколс,Снајдер/Модрич,Клеверли,Гигс,Гибсон,Бебе,Обертан,плус некој копиљ.
Напад:Руни,Чичарито,Велбек,Диуф,Овен,Македа,плус некој копиљ.
 
Одличен е тимов, само Кушчак ќе си оди летово во ВБА од кај што дојде, така да Амос мора да е трет голман и да не оди на позајмица.

Во одбраната сме океј, само може да се пушта на купови Скот Вутон и Мајкл Кин (брат му на Вил Кин), како и Кинг, Морисон, Петручи, Вил Кин од поофанзивните играчи. На чудото од дете Пол Погба уште му е рано, но, се исплатеа сите компликации со трансферот што си ги направивме за него, одличен е малиот, само уште години да набие. Одлична генерација имаме во младите, само, ни треба брза замена за Сколси (не дека некој ќе е совршен ко него ама барем да сме покриени:)) а и Керик кога нема да е во форма :)

--- надополнето ---

Одличен натпревар пруживте, ми беше мило за промена да гледам фудбал, а не кик бокс.

Фергусон - Џентлмен, голем во пораз и во победа... со еден збор ЦАР! Тотално спротивен од Мурињо.

Нејќе да се брани никогаш, тоа го почитувам кај него, секогаш оди на надигрување па макар и да е пораз во прашање. :smir:
 
Главниот кривец вечерва беше Фергусон и никој друг,по втор пат ја направи истата грешка.Вечерва Валенсија беше како мува без глава убедливо најслаб во екипата на Јунајтед и не ми е јасно зошто Бербатов не доби шанса кога веќе Хернандез беше дрво цел натпревар,знаеме дека е бугар,знаеме дека промашува чисти шанси,ама финалето да го отседиш на клупа е стварно жалосно.

Ни на клупа не беше Татарот :smir:
 
Ван Дер Сар прими евтин гол од Меси, Чичарито - 0, средината изгубена, одбраната - сирење ... Многу слабости против еден фантастичен тим како што е Барселона. И тоа се случува, еби му мајката.
 
Ова е најверојатно мојот последен пост. (Изгубив кладба на акаунтот, некој од админите нека ми го избиреше профилот) Изгубивме од подобриот противник. Но како и да е треба да сме горди на своите избраници кој го оставаат срцето на теренот на секој натпревар. Едноставно не е до нас, Барса беше прејака. Добро го почнавме натпреварот но тоа е се што сторивме. Тоа е тоа, се надевам со неколку засилувања летоска ќе бидеме повторно на врвот на Европа.
 
Значи Барселона заслужено победија иако на моменти судиската наклонетост кон Барса беше смешна.
Уште кога ја видов почетната формација, знаев дека е преофанзивно за против оваа Барселона, но никако нема да се дрзнам да го "кењам" човекот кој ни донесе толку радости и титули. И сеуште мислам дека кога би играл Флечер или барем Андерсон во 4-5-1 формација би направиле разлика.
Но тоа е то, заврши оваа сезона, според мене успешна со титула во ПЛ и финале во ЛШ.
Одиме напред, летово не очекувам некој драстични промени во тимот, освен можеби играч од средината. Да не ги заборавиме Македа,Велбек,Клеверли,Диуф кои од следната сезона ќе ни бидат на располагање.
Без разочарување, в година се враќаме посилни !
G G M U ! ! !
 
Ван Дер Сар прими евтин гол од Меси, Чичарито - 0, средината изгубена, одбраната - сирење ... Многу слабости против еден фантастичен тим како што е Барселона. И тоа се случува, еби му мајката.

Човекот одбрани пенал кога најмногу требаше :smir: Ако се добро сеќавам оваа сезона ви заби 2 комада :toe: Со истава средина ве разбивме и дома и гости :baeh: Па да ти кажам за нијанси е појака од вашата :helou:
 
Види го сеа шо ти збори ... Ти му збориш за перформансите на тимот во финалето, овој ти вика ви заби 2 комада .. цццц

wenger-facepalm.jpg
 
Кој што сака нека пишува и кој што сака нека мисли, али моментално толку ни се можностите.. На почетокот на сезоната сите ќе бевме задоволни само со титула во ПЛ знаеме сите од кој причини, а ова финалево во ЛШ ни дојде како шлаг на тортата.. Со овој исти состав и со оваа иста средина ги поминавме Челзи, го прегазивме Шалке и ја освоивме ПЛ.. Тоа е тоа, како и пред 2 год. така и сега Барса беше подобар противник и заслужено ја освои титулата, едноставно не ни лежи таа нивна игра со кратки додавања и уфрлувања од втор план и затоа и изгубивме.. Али од вечерва едно ќе биде сигурно, додека не ја победи Барса во финале САФ нема да се пензионира, па макар уште 10 год. да биде тренер, верувајте ми!!! Glory Glory..

--- надополнето ---

Види го сеа шо ти збори ... Ти му збориш за перформансите на тимот во финалето, овој ти вика ви заби 2 комада .. цццц

wenger-facepalm.jpg

Остај ти за нашите перформанси и уживај, Јунајтед изгуби од Барселона и легни си мирно.. :smir:
ПС. Убав Аватар имаш, а и потписот ми лежи на срце! :salut:
 
Од што нема што да пишеш за твојот беден пост погоре, се фати за мојот потпис и аватар кој ги добив за кладба .. Ах бе греву.
 
Ти кажав уживај и крај.. и следен пат те молам поштеди не од коментари за перформансите и играта на Ман Утд.. Спортски поздрав ;)
 
Најпрво да ви се заблагодарам на честитките и на максимално фер и коректните коментари!
Второ, да ја искажам својата почит кон една голема екипа како Манчестер Јунајтед, кон неговите играчи
кои беа максимално фер и коректни, како и кон сер Алекс Фергусон, човекот по којзнае кој пат докажа дека е легенда и дека со полно право си ја носи титулата. :salut:
Исто да му посакам се најдобро на Ван Дер Сар понатаму, човекот остави печат како еден од најдобрите голмани
што некогаш бранеле.
Поздрав и се најдобро до сите, се гледаме наредната година се надевам пак во финале :smir:
 
Се изначитав милион глупости, САФ бил крив, судиите не суделе за нас, требало ова, требало она... Епа ај да почнам од почеток... :)

Пишав во мојот review дека сум задоволен од оваа сезона, само мала замерка најдов што не успеавме да ги победеме сељаците во ФА Куп, али било-поминало... Потајно се надевав на успех и дека ќе успееме да ја разбиеме играта на Барса, но не беше така... почетните 15-тина минути игравме пресинг и контролата на играта ја имавме ние, ама пресинг 90 минути, може да резултира со срцеви удари кај некој од нашите :icon_lol:... Немавме посериозен шут на голот, се на се немаше ниту 7-8 центаршутеви во нивниот шеснаесетник (а, една екипа треба да има најмалку 25 во тек на игра), немаше пробиви по крилните позиции на што сме навикнати, тоа е тоа... После првиот гол (кој според мене е грешка на Видиќ при маркирањето на Педро), набрзина се вративме во игра, но вториот гол не закопа, според мене грешка на Царот, кој рака на срце, не го напаѓам, би ми пишал Господ грев ако кажам нешто такво, Фала ти за Се ВДС, се најубаво во понатамошниот дел од животот :)... додека третиот гол беше некаде 20 асистенција на Нани оваа година во сите натпреварувања :icon_lol:

Барселона е екипа која има перфектна генерација, која секој ден, секој месец, година, се повеќе се доградува и буквално со врзани очи ќе играат, посебно тројката Чави-Иниеста-Меси, неверојатно... За тренер го имаат Гвардиола, млад, перспективен тренер, кој има своја визија за играта и внесе новитет во фудбалот, нешто што го немало претходно, Браво, Секоја чест... Ретко кој тренер успеал во вакви битни натпревари да го надигра Ферги, а тој веќе два пати го прави тоа, во три години... :wink:

И, едноставно нешто што според мене е позитивно од денешниот натпревар е тоа што влеговме во овој меч да се надигруваме, не паркиравме автобус пред гол... И друго што ми се допаѓаше беше чистиот фудбал кој се играше (освен 2-3 старта при крајот на Керик и Валенсија :))... Не надиграа поштено, таа нивна игра со кратки пасови ги убива како физички, така и психички противниците, и се сомневам дека некој ќе најде лек за оваа игра на Барса (единствено лани Интер, ама тука големо влијание имаше факторот Среќа :))... Од таму каде што требаше да бидеме најопасни, денес ние бевме најслаби... Не сакам да ги напаѓам играчите, ниту пак да пцујам по нив, знам колку е тежок поразот во Финале... Кога губи екипата, сите се криви, но денеска би ги издвоил Чича и Валенсија како најслаби, кој тотално се загубија и ја одиграа можеби најслабата утакмица од кога се во Јунајтед... Имаме прилично млад тим, надополнет со искуство, а на клупата Легенда, така да ова не е последно Финале за нив, имаат уште многу што да покажат овие Момци... :)

Да сме живи и здрави сите, пред нас се уште многу Финалиња, Титули, среќни моменти, помалку и разочарувачки, само треба да се има верба во Тимот-Религија...

GGMU
 
За се си во право само за Валенсија и Чикарито не си во право ... момците беа тотално отсечени и немаа никаква комуникација зашто воопшто немавме среден ред ( а така е веќе некое време ) а против една вака силна Барселона само пораз е неизбежен. Единствено не ми беше јасно зашто САФ порано не направи измена во составот па барем да се понадевавме малце. Веќе предолго време играме со крпен среден ред и мислам дека редно е да се освежи малце , имиња нема да спомнувам зашто САФ и целата екипа знаат најдобро.

Еве и едно големо БЛАГОДАРАМ за ВДС за се што направи за Манчестер Јунајтед. Еден од најдобрите голмани не само на ниво клубско туку на светско ниво !!!

p.s. ноќеска едвај заспав :kesa:

GGMU
 
tumblrllm6.jpg

tumblrllga.jpg

img_10_24123_1762.ashx

img_10_26884_6993.ashx

img_10_27349_2169.ashx

img_10_27596_9992.ashx

img_10_35898_6567.ashx

ronidsanja.png

Фала ти за се легендо, се надевам дека твојот наследник ќе биде твоја слика.

--- надополнето ---

Ван Дер Сар прими евтин гол од Меси, Чичарито - 0, средината изгубена, одбраната - сирење ... Многу слабости против еден фантастичен тим како што е Барселона. И тоа се случува, еби му мајката.

Ај кога веќе коментираш за ВДС, барем да го испратеше во пензија достојно, со некој убав збор :icon_lol:

Еdwin van der Sar retires.

Nikolas Anelka likes this. :icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom