Ајде дечки, уште помалку од 9 часа остануваат до тоа нешто за кое на почетокот од сезоната некој да му кажеше на светот дека ќе играме финале, ќе прснеше од смеа.
Ние битно ја освоивме 19ката, ова со Лига на Шампиони уште едно финале, 3 во 4 години дојде како огромен бонус за Серот да му покаже на светот дека како што велат тие, Манчестер е во опаѓачка форма :pos2: Иако сум јас сигурна дека Чичарито ќе игра, се може. Чичарито ќе биде најистурен напред и веројатно Руни ќе ослободува простор за Чича да ги фати на брзина Пике и Пујол, зависи кој ќе им игра стопер. Или па и обратно. Мада, се мислам дека Руни ќе игра поповлечено за да врши пресинг и за да добиеме на физичка сила во средниот ред, во случај Флечер да не е спремен, што ќе биде огромна трагедија за тој човек, 3 финалиња и ниту еден настап во нив
Не знам што ќе се прави со другиот ѕвер од средината, Џи Сунг ѕверот, премногу трча и го направи тоа против Челзи, мое мислење е дека ќе е задолжен за Чави.
Како и да е, да ги оставиме овие работи на генијот на клупата, тој најдобро знае кој ќе игра а кој нема да игра, наше е да го бодриме тимот. Играат можеби двата најдобри тима сезонава со право, но можеби важното за нас е што влегуваме на овој меч без притисок - ние сме аутсајдерите. Што и да се случи, ич да не ви е гајле. Ако победиме тоа ќе е мотив плус следната година Ферги да направи историја - одбрана на титулата. Ако изгубиме, следната година ќе сме уште подобри зошто нели, оваа бевме очајни како што кажуваат.
Хедс ап и GLORY GLORY!