Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
4 октомври 2008
Мислења
653
Поени од реакции
434
Штоперите ги заебаа головите, ама со оглед на повредените моравме да играме со таа двојка. Лани заедно играа убаво бе мајката, сега се усраа. Мора да се види што е со повредиве, 90% ни се дешаваат по тренинзи... И откако ќе се среди тоа, да се форсира некој од Смолинг/Џонс, а крај краева да се купи некој наместо Фердинанд.

И освен за форсирањето на Линдегард, кој му беше проблемот на Ферги да стартува Гигс против таква брза екипа? Со повредени Валенсиа и Јанг, требаше Кагава лево, Руни и РВП напред. И уште нешто најчудно, кога се повреди РВП во прво полувреме - го стана Чичарито на загревање?! Не ми се верува дека тој ќе го заменеше, а Руни ќе останеше на клупа.
 
2

~2A

Гостин
Ќе почнам од......чекај! "Пред утакмица"
-Некој треба да му каже дека еден натпревар не се игра 45 минути,туку 90минути и што ќе продолжи судијата.Не треба да си земаат се "здраво за готово",си планираат однапред дека тепале и слично.

Составот:Не сум лиценциран тренер,ниту ги имам годините за тоа,но секој разумен човек што се разбира од фудбал ќе кажи критика кон Фергусон.
-Па добро бе толку ли не знаеш дека Тотенхем има брзи офанзивни играчи како што се Бејл и Ленон?
Што го клаваш Гигс кога е веќе стар,не може со младите да се наттрчува....
Единствен играч што ме нервира по малку на натпревар е КЕРИК! Па добро бе друже толку ли не знаеш да се позиционираш,да одземеш чиста топка,да не зборувам за подавање на асолни топки,а не тој топките што ги дава со 300km/h и оштри да ти пресечи веѓата?
Не знае да повелече топка,се плаши да нападни.... Не знам мене не ми се допаѓа фудбалеров. (не ми давајте статистики од минатата сезона, знам се ;) ).
Одбраната нема што да зборувам кратко и јасно ШВАЈЦАРСКО СИРЕЊЕ!
Клавам рака под секира дека ако бранеше де Геа вториот гол немаше да падне!

Второ полувреме

Руни којшто сака нека каже и да не трескаат зеленки оние од МУСЦ оти врска си немаат а ни се прават овде ВОЏИ,Руни требало да се бори за место.. :tapp:
Откога влезе Руни алал да му е се разигра препознатливата игра наша,видов друг човек на терен за разлика од прво полувреме (КАГАВА),но сепак Керик остана истиот плашливецот.

Дедо ми Фридел изгледа бил на баење,пеење и молење кај бајачки цркви и џамии,онолку среќа немам видено.

Судиската помош е карма,на некој начин и ни помогнаа со Ливерпул,ама сега ни одмогна... пенал4е ск'н...
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.847
Поени од реакции
44.254
Мене Том ми фалеше малце на средина. Има креативност детето, а баш тоа ни требаше после постигнувањето на вториот гол. Кагава се разигра, играше одлично во второ, ама играше крило, па во средината пак немавме така покреативен фудбалер. Се сложувам со критиките за Ферги за тоа што го стави Гигс во прв тим против брзите фудбалери на Тотенхем, мислам дека ако Руни играше од почеток ќе игравме многу подобро. Значи одма со неговото влегување се виде колку позитивно влијае на тимот. Абе ако треба и 10 пати да изгуби топка во текот на мечот, не е исто со и без него. Ама пак ќе ги искритикувам заедно со РВП за себичноста, значи срамота е бе во Манчестер Јунајтед играте мајка му стара, не смеете тука така да се понашате. Има да се проигравате меѓу себе, да си правите асистенции, да се поддржувате. Поарно двајцата по 15-20 гола да дадат, отколку да гледат за себе и да сакат индивидуално да дадат што е можно повеќе голови. Оти така и со по 10 ќе останат + може да се руши атмосферата во тимот. И Нани страшно ме изнервира последните 20 минути со неговото лигавење. И уште нешто не ми е јасно. Како може бре цело време да центрират, кога Тотенхем во шенсесетник има се дрва високи, а за Јунајтед стои Кагава џуџето, или Нани кој нема појма со глава да речеме. Абе гледај преку средина да ја протнеш, како вториот гол или бар понизок центратшут, како што беше тој на Руни за голот на Нани. И кога критикувам веќе, исто така мора негативни критики и за Линдегард и Рио. Фердинанд се изгуби на цело, ама и тој е 100 години веќе, неможе против пребрзи играчи. А голманот можеше поубаво да интервенира и на вториот и на третиот гол. Ама затоа Давидчо сигурно ќе се врати од наредната.

За Сколс секоја чест. Алал му вера стварно, 37-8 години отиде, а сеуште е главен играч во Манчестер. Средината без него е многу поразлична и ептен тешко ќе биде да се најде играч кој ќе го замени.

Ама ни фалеше и среќа, не викам не. 2 стативи, 1 гол од офсајд, ем судиски одлуки против нас. Имаше 3 ситуации за пенал, кога Вертонген го гушна и го собори Нани на 0:2, кога беше соборен Кагава на 2:3 и играта со рака не ми текнува од кој беше исто така. Ама јебига. Против Клуж сакам малце поубаво да се влезе во мечот и да се победи со најмалце 2 гола разлика. Сколс нека одмори, Клеверли/Андерсон и Флечер сакам да ги видам средина. И тројцата беа одлични некни со Њукасл, посебно Дарен, затоа сакам сега првотимец да е со еден од Том и Андо.

Валенсија мора да се врати за Њукасл, очајно ќе ни треба.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Е ај сеа керик му се нафрливте, супер игра човекот, т.е. на прошлите утакмици, финтата е што ретко кој се концентрира на него кога играме добро и не добица пофалби. Сите наши фудбалери викаат дека ретко фановите гледаат која работа ја врши тој.

Денес и Евра е за пофалба, се бореше за топките. Се сложувам со Б, фалеше томче а и Андо пошо Спарси се физички силна страна со новиве фудбалери.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.977
Поени од реакции
22.161
Е ај сеа керик му се нафрливте, супер игра човекот, т.е. на прошлите утакмици, финтата е што ретко кој се концентрира на него кога играме добро и не добица пофалби. Сите наши фудбалери викаат дека ретко фановите гледаат која работа ја врши тој.

Денес и Евра е за пофалба, се бореше за топките. Се сложувам со Б, фалеше томче а и Андо пошо Спарси се физички силна страна со новиве фудбалери.
ти па еден кажа за керик и одма се фати за него ..
Него што правиме со нани ... што денес освен голот од нафрлената топка на руни го немаше никаде . Дали заслужува линдегард место пред де геа ?

p.s. дали примети дека саф на крај го смени кагава со велбек :eek: ...
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
ти па еден кажа за керик и одма се фати за него ..
Него што правиме со нани ... што денес освен голот од нафрлената топка на руни го немаше никаде . што правиме со линдегард ...
Дали некој примети дека саф на крај го смени кагава со велбек :eek: ...
Па добро зошто како што се тргна у фан клубов уште малце и Менди Хенри ќе испадне крива за поразов.
 
Член од
18 ноември 2010
Мислења
885
Поени од реакции
408
Тактични не надиграа тоа е јасно и уште нешто

Eдно гласно фановите на форумов го прогласија Линдергард за крив шала на страна дечкото ништо не можеше да направи кога одбраната пред него ја поминуваат со еден спринт.

Битно Де Геа да бранел :icon_lol:

Ако ни е овој прв состав треба да се плашиме од идните натпревари со екипи од светски ранг.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Тактични не надиграа тоа е јасно и уште нешто

Eдно гласно фановите на форумов го прогласија Линдергард за крив шала на страна дечкото ништо не можеше да направи кога одбраната пред него ја поминуваат со еден спринт.

Битно Де Геа да бранел :icon_lol:

Ако ни е овој прв состав треба да се плашиме од идните натпревари со екипи од светски ранг.
Па баш у тие ситуации, еден на еден, подобар е Де геа.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~A~
Член од
18 ноември 2010
Мислења
885
Поени од реакции
408
Па баш у тие ситуации, еден на еден, подобар е Де геа.
Не е вината во голманите таква ситуација за една екипа како Манчестер не смее да се деси за тоа е Керик и останатите дрва од одбраната и еднаш да се десеше ај ама 2-3 пати лесно си поминуваа како да играат против Норвич.

И демек ако бил Де Геа ке одбранел не ме заебавај.
 
Член од
5 август 2008
Мислења
6.020
Поени од реакции
5.343

Дај види само како се фрла на празна и закеснето на вториот гол.. Не идеше топката којзане колку брзо па да неможе да ја фати.. Мораше таа да ја одбрани едноставно МОРАШЕ И МОЖЕШЕ!!!!
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Не е вината во голманите таква ситуација за една екипа како Манчестер не смее да се деси за тоа е Керик и останатите дрва од одбраната и еднаш да се десеше ај ама 2-3 пати лесно си поминуваа како да играат против Норвич.

И демек ако бил Де Геа ке одбранел не ме заебавај.
Давид не се фрла пред да шутне играчот. Сети се ланска сезона колку такви тркови одбрани и еден на еден шутеви. Не зборам од инат, аргументи се ова. Линдегард е ок за шутеви од далечина и искачање на нафрлени.

Јас мислев Линдегард се одучи од тие неговите скокови што ги правеше против саутемптон ама не, еве го пак со прерани фрлања (голот на Бејл)
 
Член од
18 ноември 2010
Мислења
885
Поени од реакции
408
Дај види само како се фрла на празна и закеснето на вториот гол.. Не идеше топката којзане колку брзо па да неможе да ја фати.. Мораше таа да ја одбрани едноставно МОРАШЕ И МОЖЕШЕ!!!!
Давид не се фрла пред да шутне играчот. Сети се ланска сезона колку такви тркови одбрани и еден на еден шутеви. Не зборам од инат, аргументи се ова. Линдегард е ок за шутеви од далечина и искачање на нафрлени.

Јас мислев Линдегард се одучи од тие неговите скокови што ги правеше против саутемптон ама не, еве го пак со прерани фрлања (голот на Бејл)
Идеален голман нема али ако мислите дека Де Геа ке одбранел ок моето мислење е спротивно и џабе да се објаснуваме и до утре.

Мене лично Линдергард не ми беше крив објаснив погоре кои се кривците.
 
Член од
5 август 2008
Мислења
6.020
Поени од реакции
5.343
Сега нареднава утакмица.. мора да ги игра пак Клеверли и Андерсон заедно во средина едноставно мора.. РВП нека одмори.. Нани нека иде лево.. а десно би требало да се врати Валенсија.. А Руни и Велбек во шпиц.. да се врати на 4-4-2.. ако биде ова очекувам потоп на Клуж и да незанат што ги снашло..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom