Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.747
Поени од реакции
9.505
Че се одлогирам и не се враќам вечерва.
Ти кажав јас...Јас немам ништо против тебе, како и останатите што сме на овај фан клуб. Сите ве гледам исто, иако си правам слики според тоа што го пишувате и горе доле од тоа можам да доловам за што личност станува збор, но кон никого не сум се дрзнал да го искажам тоа заради почит зошто сите сме единка тука другар и треба да се почитуваме меѓу себе зошто колку и да сме различни имаме нешто заедничко во животот, а тоа е клубот за кој навиваме така да ве молам да имаме респект еден кон друг и да се радуваме на успесите на клбуот. Се надевам ми ја разбираш поентата која сакам да ти ја кажам.
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398

Сеа треба да си почутам изглеа и помал сум за разлика од тебе, ти посмирен си мене ми вријаат хормоните.... Ајде така си течат работите ;), ќе се трудам што подобар да бидам и да се согласувам со останатиот дел ;)
Ииии само уште ова да си кажам ова е фан клуб МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД... овде нели си разменуваме мисли самите ние фанови на клубот, во Премиер лига или ЛШ или ЛЕ (додека бевме) никаде не напднав "наш" фан... Поздрав
 
Член од
18 ноември 2010
Мислења
885
Поени од реакции
408

Секој е за тоа што го велиш проблемот е што ако пишеш некое поразлично мислење добиваш веднаш провокација како што гледам тоа во никој друг фан клуб го нема.
 
Се во свое време...ама знаеш како викаат старите...Трпение спасение :)
Инаку тоа га*о лижачи грдо изгледа и затоа изреагирав така. Немав лоша намера во секој случај да не ме сватиш погрешно.

Инаку секој може да си каже свое мислење, затоа е фан клубов и форумов. И јас бев тој што бурно реагираше по поразите во првиот дел од сезоната. Кога критиката ќе е на место треба да се прифати, за разлика од кажувања колку да е кажано само :)

Секој е за тоа што го велиш проблемот е што ако пишеш некое поразлично мислење добиваш веднаш провокација како што гледам тоа во никој друг фан клуб го нема.
Еве прочитај што пишав на истиов пост. Секој има свое мислење...И јас сум давал критики, слободно побарај наназад и можеби некој не се сложува со мене, затоа е важно да се води дискусија ама кога се има разбирање. Глупаво е да водам инает и да трескам глупости. Треба да летнеме да прочитаме како тоа го прават дечките од Интер. Нив им е тапа сезоната, ама во фан клубот се едно и стварно паѓаат квалитетни дискусии. Респект за нив :)
 
Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Дискусијава и личниве напади во фан клубов искрено ми се малку одвратни и детинести, тие што плукале Ферги уште еднаш им докажа дека не треба да ги доведуваат неговите одлуки во прашање, тие што даваа подршка може малку да ликуваат сега. За првите учете од грешките, за вторите you had your minute of glory now stop it.

Мојот став е дека без разлика кој е играч на клубот, како игра и дали нас ни се свиѓа треба секогаш да се подржува, од Де Геа на почетокот на сезоната, од Џони Еванс на мечот со Сити и низ сите останати примери каде не сме се покажале брилијантни на теренот. Јас не знам за вас ама мене Манчестер Јунајтед ми е единствен клуб за кого навивам. Не навивам за други клубови од други лиги, не навивам за МЗТ ни за Работнички, ни за Вардар ни за Металург, ги подржувам македонските екипи и секогаш ќе ги подржувам, но не можам да ги сакам исто како Јунајтед. Милион пати сум дремел дома и сум ги гледал Резервите додека другарите ме викале по кафиња, дискотеки и не знам уште какви проводи, ја прокоцкав шансата да бидам со топ плавуша само затоа што бевме седнати во Ајриш Паб на прв состанок и како за беља имаше куп со Волфс кога даде Велбек гол и од пуста радост со нога удрив во масата и се превртеа пијачките итн (нормално ја свртев со грб накај телевизорот :D).

Сакам да кажам дека за правиот фан местото на табелата и успехот на тимот се најмалку битни, јас ќе бидам со клубот и ако освоиме нов Требл и ако излеземе на терен со младинци. Ќе го гледам цел меч со Кроли Таун и цел меч со Барселона и исто ќе се нервирам, напињам и радувам.

For the love of the badge...
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Squad going to the Future Cup in Holland:

Squad

Pierluigi Gollini, Kieran O’Hara, Ben Barber, Ashley Fletcher, James Wilson, Declan Dalley, Liam Grimshaw, Matty Wilkinson, Callum Evans, Louis Rowley, Sam Byrne, Paddy McNair, Josh Harrop, Nicolas Ioannou, James Weir, Ben Pearson, Mats Daehli, Adnan Januzaj

Dates

April 7-9

Fixtures
Desportivo at 10.30 GMT - April 7
Ajax at 13.30 GMT - April 7
Besiktas at 12.00 GMT - April 8

Goon

Pogback
Член од
16 март 2010
Мислења
1.848
Поени од реакции
1.480
Браво Мартин!
Незнам колку ќе влијае твојов пост за другите, меѓутоа нека земат пример како се навива за еден клуб, како се сака еден клуб и како се излага со девојка.. :D
Ја на пример ете навивам и за Лејкерс, навивам исто и за Федерер, ама она што го чувствувам за Јунајтед е нешто посебно, не ми е битно дали играл Еванс, Руни, или некој младинец, чувството секогаш ќе биде исто.. Тоа е, поздрав! ;)
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.752
Поени од реакции
43.931
Па искрено, мора да кажам дека и со двете страни се сложувам по малце..

Точно дека тимот треба да се поддржува во секој момент, во добро и во лошо, дека нема потреба од плукање по играчите, а камо ли по Фергусон.. Дека секогаш треба да веруваме во Манчестер Јунајтед, бидејќи сите го знаеме менталитетот на тимот, кој кога е најтешко е најдобар.. Дека не смееме да го отпишуваме пред време, итн, итн...И секоја чест за тие што издржуваат да не се изнервират при слаб натпревар од страна на тимот... Но мора да се свати дека има различни луѓе, некои едноставно кулират, некои се нервозни... И сега во афект ќе плукнат по најслабиот поединец во тимот, може и да плукнат по Фергусон оти извадил послаб тим (а тоа на сите им е јасно оти Фергусон извадил послаб тим, но ете овие нервозни и мора да се истурат на некој), ќе плукнат по Велбек оти шутот му е 2 на саат или по Нани оти многу топки изубил без веза..

Значи, пред се, ве молам не ме сфаќајте лично..

Еве еден пример.. Го памтите она "Јунајтед го сака потешкиот начин" после секој натпревар од ЛШ? Велам после секој, бидејќи и победите со Отелул ни беа очајни.. Памтите кога после мечот со Бенфика нервозните пцуеја и се нервираа, а тие поискулираните велеа дека сигурно ќе поминеме, нели, на потешкиот начин?? Епа ете, на крај испаднавме од ЛШ и да речеме дека понервозните сепак биле во право што се нервирале пред тоа...

За ПЛ, испаѓа (и дај боже да испадне) спротивно.. После 2та порази по ред на стартот на годината, овие нервозните пак пцуеја по некои поединци, не веруваа во Јунајтед и Фергусон, дека се способни да ја освојат титулата.. Овие другите смируваа, си молчеа, веруваа во тимот.. И еве сега испаѓа по нивно.. И значи според мене нема никаква потреба да си префрлувате меѓусебно.. Има луѓе пооптимисти, има попесимисти, има пак некои си пишуват реално, како што стои ситуацијата во тој момент..

Ете јас лично, ниту плукав по Де Геа, ниту по Еванс.. Но можам да ги сфатам тие што плукнале по нив, бидејќи и јас се изнервирав во моментот кога Еванс доби црвен со Сити, или Де Геа прими преглуп гол од Ханли.. Ама во квалитетите на Де Геа верував одсекогаш (велев само дека треба да повежба корнери, но сега и таму има напреднато), за Еванс можеби сум го пцуел така во живо, ама на форумов не памтам.. Ама и тие што ете во тој момент рекле дека Еванс треба да оди во Блекбурн, не значи дека не го сакат тимот или слично, тие така кажале баш бидејќи го сакат тимот и мислат дека со Еванс во него, тимот би настрадал повеќе, па за доброто на Јунајтед, го "пушќат" Еванс во некој послаб тим.. (Ист беше и со Гибсон примерот, кога сите беа задоволни што се ослободивме од него).. За титулата, велев дека спред мене многу тешко ќе се освои, главно ради распоредот на Јунајтед и Сити.. Но ете, Јунајтед пак најсилен кога е најпотребно 10 победи на 11 меча, Сити пак со слаб менталитет направија неколку кикса и ете сега сме со едната рака на титулата...

Е сега, само едно не ми се допаѓа.. Значи, тука понекогаш буквално не е дозволено да се искритикува (значи велам искритикува негативно, а не да се плука по некој).. Значи доволно е да искритикуваш за некој да ти рипне, да ти каже оти навивај за Сити, за Реал, за Барса и сл.. Тоа не ми се допаѓа, бидејќи мислам дека негативните критики мора да ги има.. И дека ако не искритикуваш не значи дека повеќе го сакаш тимот од тој што искритикувал..

Ај доста филозофирав, почнав да се вртам во круг.. :D

За крај најбитното: GLORY GLORY MAN UNITED!
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.801
Поени од реакции
21.528
Инаку секој може да си каже свое мислење, затоа е фан клубов и форумов. И јас бев тој што бурно реагираше по поразите во првиот дел од сезоната. Кога критиката ќе е на место треба да се прифати, за разлика од кажувања колку да е кажано само :)
Тоа се вика имање личен став ... за разлика од други членови кој аплаудираат и прават copy paste на она што некој ќе напише ! Џонатан може помогнал задниве 7 натпревар ама има усрано x 7 пати повеќе , па не е така едноставно за простување ... има уште многу да докажува во мои очи за да кажам дека е добар . Така да нема потреба да ми реплицирате на моите постови за да ме убедите дека не сум во право зашто сепак он за мене е дрво и така ќе остане се додека Џони не го докаже спротивното .

ХА !!!!

A

apidrone

Гостин
Кога веќе сите кажувате нешто, дај и јас... Ако тоа ваше „сопствено мислење“ (а уствари упорно инаетење) испадне погрешно, и јас сум укажал на тоа, не се вадете на муабетот „гајле ти е тебе, ти навиваш за 3 клуба“. Неам намера никого нити да прашувам за кого да навивам, нити па да се правдам поради тоа. Мое право си е. Во спротивно сите тука би потпаднале под онаа глобална дефиниција за глори хантер - „Никогаш не си го гледал тимот во живо“. И не ми е сеедно кога на тимот не му оди, само што не сум луд да го критикувам менаџерот кој 20 години важи за топ менаџер во светот на фудбалот. Го следам Јунајтед еве 12та сезона. И секоја сезона е горе доле слична. Добар старт, потоа малце кочење ноември декември, за од Боксинг деј па цела втора полусезона газење на противниците (е сеа имаа и Арсенал и Челзи свои моменти, не викам не :)). И оваа сезона не беше ништо поразлично. Тоа пробувавме ние што така подолго го следиме тимот, да укажеме на некои работи кои се повторуваат, али за жал имаше одредени членови еве и откако сфатија дека не се во право, сеуште се инаетат.
Заклучок: Не за џабе Фергусон е 25 години менаџер на еден од најдобрите светски клубови (сеа најдобар е субјективно, секој за својот клуб сака да каже дека е најдобар нали :)). Сигурен сум дека понекогаш и помошниците негови не ги разбираат неговите замисли, не па ние. Затоа, enjoy and let Fergie take care of it.
П.С. се надевам дека ова е последен пост на оваа тема, и дека отсега натаму ќе се збори само за патот кон 20ката. Глори!
 
Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Се изначитав реферати на претходните страни, па не сакам да се избацувам со некој километарски пост, само ќе кажам...

Не ни замислувам, кој куршслус ќе биде во фан клубот, ако не дај Боже во иднина имаме резултати, слични на Ливерпул, Арсенал... Затоа и по се за поштување тие навивачи на овие клубови, бидејќи се лојални пред се, немаат помирисано титула (освен некое купче) долго време, а сепак останаа лојални на клубовите... Тука, еден куп квази навивачи... Затоа и велам, не дај Боже да имаме лоши резултати, во фан клубот ќе пишуваат 5-6 души... Жално

Па искрено, мора да кажам дека и со двете страни се сложувам по малце..
Ова за да собереш лајкови и од двете страни, признај :icon_lol::icon_lol:
 
Rooney's Temper

in front of Old Trafford
Член од
14 јуни 2009
Мислења
2.888
Поени од реакции
2.653
Не ни замислувам, кој куршслус ќе биде во фан клубот, ако не дај Боже во иднина имаме резултати, слични на Ливерпул, Арсенал... Затоа и по се за поштување тие навивачи на овие клубови, бидејќи се лојални пред се, немаат помирисано титула (освен некое купче) долго време, а сепак останаа лојални на клубовите... Тука, еден куп квази навивачи... Затоа и велам, не дај Боже да имаме лоши резултати, во фан клубот ќе пишуваат 5-6 души... Жално
Подобро 5-6 вистински отколку 50 глори хантери.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom