Првин да се разбереме, како и секој што се смета за најверен навивач на Јунајтед, така и јас.. Го давам животот за нив, ги гледам секогаш, се тресам од возбуда секогаш кога играат, па дури си легнувам и покасно претходниот вечер за да станам таман во 13:40 на пример зашто тие последни часови не можам да го дочекам натпреварот.. Милион пати дневно отворам manutd, manunews, kajgana(иако не коментирам често) итн итн.. Ова ви го кажувам за да не помислите дека критикувам без врска и не го пратам тимот...
Иако моменталниот тим не е лош, и многу ретко посочувам слаб играч на Јунајтед, овој тим е меѓу најлошите со кој сме освоиле ПЛ.. И тоа ни успева се разбира заради Ферги.. Но баш заради него, по целото негово штедење, време е да го одврзе ќесето човекот.. Едноставно во многу натпревари се вадиме, а за гостинската игра да не зборувам.. Знам дека лигата се изедначува со многу вложени пари и дека може да има зезнати гостувања.. но освен со Виган ( кој редовно го млатиме ) немаше ниту едно гостување што личи на прав Јунајтед ( ајде може и Челзи да помине тука )
Голман : Убеден сум дека Ван дер Сар е најдобар голман во светот моментално и затоа ќе биде тешко да се замени.. Од овие нашиве, за Линдегард немам доволно инфо за да зборувам, а Кушето жал ме фаќа што тоолку време чека да биде прв, но нема доволно квалитети.. Фергусон најдобро го знае решението и мислам дека многу влијание ќе има колку пари ќе потрошиме за засилувања од средина.. Од сите спомнувани најмногу сум за Ноер зашто дечкото брани фантастично, а во него имаме и сигурен репрезентативец со што ќе билда многу искуство..
Одбрана : тука треба доста да се размисли, но според мене нема да биде катастрофа и со истите играчи да останеме... Да Силвас одлични, Евра исто, Фердинанд ако имаме среќа помалце да се повредува исто мноогу ќе помогне, Смолинг супер, Видиќ исто феноменален.. О Шеј се разбира дека ќе остане, таков играч Ферги не продава
Еванс мислам дека заслужува уште шанса.. Најлесно е да се бара во друг клуб подобар играч.. Само сетете се како играше лани кога Вида и Фердо не изиграа ни една заедно.. Го мачеа малце повредите, и самодовербата му падна со неиграње, но за наредна сезона во него гледам солидна замена за штоперите.. Браун како Браун, све ќе зависи од неговата желба.. Ако посака да си оди по регуларен фудбал, мислам дека сигурно ќе ја добие во друг премиерлигаш.. Но после толку поминати години во Јунајтед, тешко дека ќе го видиме тоа
Средина : Е тука лежи проблемот
Како прво Гибсон АУТ под хитно.. Секој од останатите може да се вметне во некоја неочекувана тактика на Ферги, и да се извлече некоја позитива од него.. Но Гибсон да не го гледам веќе ! Флечер и Андерсон ни ја даваат потребната борбеност така да тие остануваат со сигурност.. Е сега Керик.. Многу шанси му се даваат, многу не ги искористува.. Но сепак според мене, ако Харгрејвс излезе дека не може да игра ( недај боже ), Керик треба да остане.. Сколс има најдобар долг пас што сум го видел во животот, и многу вреди, но го јадат годините, и не само што не може да изигра 2 неделно, туку и кога игра натпревар со побрзо темпо, а покрај него не играат Флечер и Андерсон кои треба да трчаат место него и да му прават простор, ми се губи некако, но оправдано.. Значи све што посакувам тука е МОДРИЌ.. Човеков ако му дадеш малку простор може да ја диктира играта и да те изебе у здрав мозок ! А има душа да оди и до противнички шеснаесетник, едноставно вреден толку пари колку што ќе побара Тотенхем !
Крила : Одлични сме.. Нани, Валенсиа фантастични.. Парк неуморлив, многу корисен.. На Гигс не смееме да се потпираме, но и тој ќе изигра некој натпревар.. Ме радува и Обертан со играта во резервите, и за да бидеме перфектни, ни се враќа и Клеверли кој ќе изигра доста натпревари следната сезона со сигурност.. Единствено од тука не можам да го гледам Бебе.. Се надевам дека ќе ме демантира, и пробува со игрите во резервите, но кога играше во прв тим, немаше дриблинг, наведнуваше глава многу често, а центаршут како за крило КАТАСТРОФА.. Али ајде, и така не е важен многу.. Ако го биде, нека го биде
Напад : Тука сум најзадоволен.. Руни секогаш одличен, дава све за тимот независно од позиција.. И мене ме изнервира многу тоа што го направи на почеток на сезона, но со сегашната игра, оставањето на душа на терен, трчање назад и секогаш мислејќи прво за тимот па за себеси, ме разубеди тотално.. Хавиер одличен, можеби наредната сезона ефикасноста во однос на шутевите ќе му се намали, но секогаш е спремен да втрча, да се отвори, да додаде.. Бербата мислам дека ќе остане.. Мрзата многу ме нервира, но верувајте има некои работи што само тој може да ги направи во цела ПЛ
Тука ни враќа и Велбек, кој веќе се навикна на ПЛ што е огромна позитива.. Диуф нека си остане на позајмица бидејќи моментално нема место.. Е сега, ако пак го прати Македа на позајмица, остануваат Велбек и Овенчо.. Ако ги врати и Велбек и Македа, за Овен ќе нема место.. А може и да го остави Велбек во Сандерленд уште да се усовршува и да игра прв состав, а да останат Македа и Овен, но ова варијанта нај не ми се допаѓа.. Како и да е, Фергусон ќе си одлучи, а ние ќе си се радуваме бидејќи сме полни со талент во тој дел од теренот
П.с. Во средина може и Коста и Родвел ако Ферги мисли дека се потребни.. А Керик да лети.. Едноставно има безброј комбинации, но сигурно е дека треба да се менува нешто..
ГГМУ:smir: