Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
16 август 2009
Мислења
2.214
Поени од реакции
1.714
Тоа си е чисто мое видување.Иако искрено да ви кажам повеќе сакам Бербата да си оди од тимот.
А за сезонава секоја чест.Ама има време ке видиме што ке се случи.
Доволно е само мало освежување на тимот.Ништо повеке.

--- надополнето ---

Можеме да си пишуваме само желби за наредната сезона.Ама како ке каже шефот така ќе биде.
Може пак да не изненади со трансвер на некој анонимец како Чичарито па и тој да прави растур.
Абе ОК твое видување, ама убаво е кога е водечки стрелец со 20 гола и најголем виновник што Јунајтед е моментално прв а? Секоја чест за сезонава, ама сакам да си оди од тимот.....:jaj:
 
B

BooBojan

Гостин
Абе ОК твое видување, ама убаво е кога е водечки стрелец со 20 гола и најголем виновник што Јунајтед е моментално прв а? Секоја чест за сезонава, ама сакам да си оди од тимот.....:jaj:
Само заради една работа сакам да си оди од тимот.Борбеноста.
Кога го гледам Руни како трчи,се бори,ора низ теренот му се восхитувам.
Сакам и Бербата да го видам некои моменти да ги одигра така,многу мерак ке ми направи.
Доста е лежерен,кога го гледам добивам впечаток,дека не се доволно залага. Само да биде повеке борбен.
 
Член од
27 јануари 2011
Мислења
10
Поени од реакции
3
Првин да се разбереме, како и секој што се смета за најверен навивач на Јунајтед, така и јас.. Го давам животот за нив, ги гледам секогаш, се тресам од возбуда секогаш кога играат, па дури си легнувам и покасно претходниот вечер за да станам таман во 13:40 на пример зашто тие последни часови не можам да го дочекам натпреварот.. Милион пати дневно отворам manutd, manunews, kajgana(иако не коментирам често) итн итн.. Ова ви го кажувам за да не помислите дека критикувам без врска и не го пратам тимот...
Иако моменталниот тим не е лош, и многу ретко посочувам слаб играч на Јунајтед, овој тим е меѓу најлошите со кој сме освоиле ПЛ.. И тоа ни успева се разбира заради Ферги.. Но баш заради него, по целото негово штедење, време е да го одврзе ќесето човекот.. Едноставно во многу натпревари се вадиме, а за гостинската игра да не зборувам.. Знам дека лигата се изедначува со многу вложени пари и дека може да има зезнати гостувања.. но освен со Виган ( кој редовно го млатиме ) немаше ниту едно гостување што личи на прав Јунајтед ( ајде може и Челзи да помине тука )

Голман : Убеден сум дека Ван дер Сар е најдобар голман во светот моментално и затоа ќе биде тешко да се замени.. Од овие нашиве, за Линдегард немам доволно инфо за да зборувам, а Кушето жал ме фаќа што тоолку време чека да биде прв, но нема доволно квалитети.. Фергусон најдобро го знае решението и мислам дека многу влијание ќе има колку пари ќе потрошиме за засилувања од средина.. Од сите спомнувани најмногу сум за Ноер зашто дечкото брани фантастично, а во него имаме и сигурен репрезентативец со што ќе билда многу искуство..

Одбрана : тука треба доста да се размисли, но според мене нема да биде катастрофа и со истите играчи да останеме... Да Силвас одлични, Евра исто, Фердинанд ако имаме среќа помалце да се повредува исто мноогу ќе помогне, Смолинг супер, Видиќ исто феноменален.. О Шеј се разбира дека ќе остане, таков играч Ферги не продава :) Еванс мислам дека заслужува уште шанса.. Најлесно е да се бара во друг клуб подобар играч.. Само сетете се како играше лани кога Вида и Фердо не изиграа ни една заедно.. Го мачеа малце повредите, и самодовербата му падна со неиграње, но за наредна сезона во него гледам солидна замена за штоперите.. Браун како Браун, све ќе зависи од неговата желба.. Ако посака да си оди по регуларен фудбал, мислам дека сигурно ќе ја добие во друг премиерлигаш.. Но после толку поминати години во Јунајтед, тешко дека ќе го видиме тоа :)

Средина : Е тука лежи проблемот :) Како прво Гибсон АУТ под хитно.. Секој од останатите може да се вметне во некоја неочекувана тактика на Ферги, и да се извлече некоја позитива од него.. Но Гибсон да не го гледам веќе ! Флечер и Андерсон ни ја даваат потребната борбеност така да тие остануваат со сигурност.. Е сега Керик.. Многу шанси му се даваат, многу не ги искористува.. Но сепак според мене, ако Харгрејвс излезе дека не може да игра ( недај боже ), Керик треба да остане.. Сколс има најдобар долг пас што сум го видел во животот, и многу вреди, но го јадат годините, и не само што не може да изигра 2 неделно, туку и кога игра натпревар со побрзо темпо, а покрај него не играат Флечер и Андерсон кои треба да трчаат место него и да му прават простор, ми се губи некако, но оправдано.. Значи све што посакувам тука е МОДРИЌ.. Човеков ако му дадеш малку простор може да ја диктира играта и да те изебе у здрав мозок ! А има душа да оди и до противнички шеснаесетник, едноставно вреден толку пари колку што ќе побара Тотенхем ! :)

Крила : Одлични сме.. Нани, Валенсиа фантастични.. Парк неуморлив, многу корисен.. На Гигс не смееме да се потпираме, но и тој ќе изигра некој натпревар.. Ме радува и Обертан со играта во резервите, и за да бидеме перфектни, ни се враќа и Клеверли кој ќе изигра доста натпревари следната сезона со сигурност.. Единствено од тука не можам да го гледам Бебе.. Се надевам дека ќе ме демантира, и пробува со игрите во резервите, но кога играше во прв тим, немаше дриблинг, наведнуваше глава многу често, а центаршут како за крило КАТАСТРОФА.. Али ајде, и така не е важен многу.. Ако го биде, нека го биде :)

Напад : Тука сум најзадоволен.. Руни секогаш одличен, дава све за тимот независно од позиција.. И мене ме изнервира многу тоа што го направи на почеток на сезона, но со сегашната игра, оставањето на душа на терен, трчање назад и секогаш мислејќи прво за тимот па за себеси, ме разубеди тотално.. Хавиер одличен, можеби наредната сезона ефикасноста во однос на шутевите ќе му се намали, но секогаш е спремен да втрча, да се отвори, да додаде.. Бербата мислам дека ќе остане.. Мрзата многу ме нервира, но верувајте има некои работи што само тој може да ги направи во цела ПЛ :) Тука ни враќа и Велбек, кој веќе се навикна на ПЛ што е огромна позитива.. Диуф нека си остане на позајмица бидејќи моментално нема место.. Е сега, ако пак го прати Македа на позајмица, остануваат Велбек и Овенчо.. Ако ги врати и Велбек и Македа, за Овен ќе нема место.. А може и да го остави Велбек во Сандерленд уште да се усовршува и да игра прв состав, а да останат Македа и Овен, но ова варијанта нај не ми се допаѓа.. Како и да е, Фергусон ќе си одлучи, а ние ќе си се радуваме бидејќи сме полни со талент во тој дел од теренот :)

П.с. Во средина може и Коста и Родвел ако Ферги мисли дека се потребни.. А Керик да лети.. Едноставно има безброј комбинации, но сигурно е дека треба да се менува нешто..

ГГМУ:smir:
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.844
Поени од реакции
11.502
Во право си Мики, ова е дефинитивно најслабиот состав со просечни играчи кој ќе освои премиер лига....но, и покрај се, колективно го имаат духот никогаш да не се предадат и традицијата говори дека сме најдобрата екипа што има постигнато најмногу битни голови во последните моменти.,...тоа за мочковциве е комплекс и синдром "секогаш се вадите" бидејќи нивните екипи после 2 примени гола паѓаат морално..

GLORY!!!
 
A

apidrone

Гостин
Уште не е освоено ништо!!! Крајот на април и/или почетокот на мај ќе покаже дали ќе ја освоиме ПЛ оваа година.
 
Член од
13 јануари 2009
Мислења
1.311
Поени од реакции
749
Што се случува со страната зошто не работи?
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.757
Поени од реакции
43.945
"He's a lovely lad, who's always smiling around the dressing room, and on the pitch he's been brilliant. You can see he's got a natural eye for goal, but what's surprised a lot of us is how good he is in the air. He spends ages practising after training." - Rooney on Chicharito
 
Член од
30 мај 2010
Мислења
213
Поени од реакции
11
Многу ми е чудно кога барате нови играчи кога можевме да издржеме и со овие до сега.Тоа е заради нашиот победнички менталитет,и тоа е тоа што ми се допага.И со повредени играчи,и со старци(респект за нив)ние се борииме на 3 фронта...Па кој друг го може ова бре?Што ви е вам?Треба да сте срекни што сме на чекор кон 19 титула во Англија која е рекордна.Збореле другите дека сме со најслабиот тим сезонава...па имињата играат или играчите?И што го пцуете Карик?дечкото се наога во криза ама верувам дека ако постигне еден до два гола(што признавам дека е и малку потешко во моментов)ке му се врати самодовербата.
Сетете се како беше на почеток со Вејн Руни а исто и со Димитар Бербатов,го пцуеја некои ама сега е прв стрелец во лигата и во тимот а читам дека некои сакаат да си замине ради тоа што нема борбеност.Тоа да,флегмастичен е ама битно постигнува голови кои се можеби решавачки за титулата.
Што ви е гајле што ке кажеле другите дали имаме слаб или силен тим?
Јас не велам дека не треба да се купат нови засилувања,одбраната ни е во ред,и нападот,единствено ме загрижува средниот ред.
За голман јас не верувам дека Ферги ке купува нов од калибарот на Ноер,Стекелембург,Де геа,мислам дека ке му даде шанса на Кушчак што и заслужува.

Туку настрана тоа,што се случува со загубата на парите на Јунајтед?Читав некаде дека пријавиле огромна загуба.Значи се уште не сакаат да го средат проблемот.
 
A

apidrone

Гостин
Многу ми е чудно кога барате нови играчи кога можевме да издржеме и со овие до сега.Тоа е заради нашиот победнички менталитет,и тоа е тоа што ми се допага.И со повредени играчи,и со старци(респект за нив)ние се борииме на 3 фронта...Па кој друг го може ова бре?Што ви е вам?Треба да сте срекни што сме на чекор кон 19 титула во Англија која е рекордна.Збореле другите дека сме со најслабиот тим сезонава...па имињата играат или играчите?И што го пцуете Карик?дечкото се наога во криза ама верувам дека ако постигне еден до два гола(што признавам дека е и малку потешко во моментов)ке му се врати самодовербата.
Сетете се како беше на почеток со Вејн Руни а исто и со Димитар Бербатов,го пцуеја некои ама сега е прв стрелец во лигата и во тимот а читам дека некои сакаат да си замине ради тоа што нема борбеност.Тоа да,флегмастичен е ама битно постигнува голови кои се можеби решавачки за титулата.
Што ви е гајле што ке кажеле другите дали имаме слаб или силен тим?
Јас не велам дека не треба да се купат нови засилувања,одбраната ни е во ред,и нападот,единствено ме загрижува средниот ред.
За голман јас не верувам дека Ферги ке купува нов од калибарот на Ноер,Стекелембург,Де геа,мислам дека ке му даде шанса на Кушчак што и заслужува.

Туку настрана тоа,што се случува со загубата на парите на Јунајтед?Читав некаде дека пријавиле огромна загуба.Значи се уште не сакаат да го средат проблемот.
Не можеме вечно со истите играчи, можат да паднат во форма, да се повредат и слично...
Кој е друг голман во тимот освен Кушчак и Линдегард (без ВДС)? Значи мора уште еден голман... јас сакам тоа да биде некој искусен и квалитетен, не сакам нов Керол, Хауард или Фостер... Стекеленбург или Ноер, по можност првиот :) Де Геа никако!!!
А за парите... тоа е вина на оние грдине Американци!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ја се кладам дека долгот нема врска со трансферите на Ферги :) Долговите ги имаше и во 2008, го купивме Бербатов? Го купивме. А и во право е човекот бе, кога се купува од друга лига и самиот Ферги си кажа дека треба да се пази и да се има до знаење дали играчот ќе може да ја издржи Премиер Лигата. Шала настрана, најнапорна лига е. Ко прво во која друга лига се играат на Нова Година мечеви? :)
Чист пример Чичарито, признава дека после тренинзи кисне во теретана само за да издржува дуели. Втор пример - Харгривс. Не издржаа колената негови, тендонитис фати. Ги гледате ли какви се ко второ англиските дефанзивци? Карпи. Имав еднаш прилика да зборувам со еден наш фудбалер кој играше против Англија во дуелите и рече ако влезеш во дуел со нив, воздушен најчесто, како да се маваш од карпа. :toe:
Си кажа Ферги, ќе купи фудбалер што само ќе донесе нешто ново, нешто што го нема кај другите. И така е, не ќе се правиме ко Сити ММЕ :) Ако обрнете внимание ќе видите дека секој фудбалер кај нас си е специфичен сам по себе, едни двајца со исти карактеристики нема. (Овен - Чичарито ок, ама Овен не се важи бесплатен беше :icon_lol:)

А и земете предвид дека примарна цел на овој клуб е осврнување кон играчите од младинската школа. Исто така во 1998 Ферги го ругале зошто ги избркал Канчелскис и компанија и на негово место Гигс, Сколс, Бат, Невиловци ама во 1999....
 
Член од
30 мај 2010
Мислења
213
Поени од реакции
11
Не можеме вечно со истите играчи, можат да паднат во форма, да се повредат и слично...
Кој е друг голман во тимот освен Кушчак и Линдегард (без ВДС)? Значи мора уште еден голман... јас сакам тоа да биде некој искусен и квалитетен, не сакам нов Керол, Хауард или Фостер... Стекеленбург или Ноер, по можност првиот :) Де Геа никако!!!
А за парите... тоа е вина на оние грдине Американци!
Потполно си во право за се,но Ферги замислил некоја друга работа и знаеме дека е тешко да го одврзи кесето а и затоа ги повикува младите од резервниот тим.Тука ништо не можеме,а и јас верувам во младинците.За некоја сезона ке газат во Англија а богами и во Европа.Сега ке се јави некој од страна и ке каже дека не можеме да се надеваме на младинците иако јас мислам сосема спротивно од тоа.А јас мислам дека доколку се даде шанса на Кушчак да биде во првиот тим ке го замени достојно ВДС како Смолинг што го заменува Рио или близнаците на место на десен бек или лев.
Едно нешто не ми е јасно...зошто мисли некој дека набројаниве голмани би се снашле и би го замениле ВДС?може еден од нив ке биде нов Хауард,тоа никако не го знаеме.
Еве Амос е овде иако е млад,Линдегаард,Кушчак,што ке ни е уште еден голман?Мора некој да си замине нели?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
#MUFC with an average of 2,13 goals a game in #EPL 10/11. Ronaldo's final season: 1,79

Неубедливи сме, се согласувам :toe:



EDWIN: Van der Sar has the best save % (93%) in the Champions League, followed by Petr Cech (90%)

Цар.
 
Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.572
Поени од реакции
4.239
England new boy Jarvis idolised Ryan Giggs

Ова момче според мене е совршена замена иам многу голема брзина,дриблинг,техника,одлични центаршут + и ефтин е за 7-8 милиони наш е за Сер Рајан Гигс плус и идол му е Гигс :smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom