Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Тоа си е чисто мое видување.Иако искрено да ви кажам повеќе сакам Бербата да си оди од тимот.
А за сезонава секоја чест.Ама има време ке видиме што ке се случи.
Доволно е само мало освежување на тимот.Ништо повеке.
--- надополнето ---
Можеме да си пишуваме само желби за наредната сезона.Ама како ке каже шефот така ќе биде.
Може пак да не изненади со трансвер на некој анонимец како Чичарито па и тој да прави растур.
Само заради една работа сакам да си оди од тимот.Борбеноста.Абе ОК твое видување, ама убаво е кога е водечки стрелец со 20 гола и најголем виновник што Јунајтед е моментално прв а? Секоја чест за сезонава, ама сакам да си оди од тимот.....:jaj:
Еванс мислам дека заслужува уште шанса.. Најлесно е да се бара во друг клуб подобар играч.. Само сетете се како играше лани кога Вида и Фердо не изиграа ни една заедно.. Го мачеа малце повредите, и самодовербата му падна со неиграње, но за наредна сезона во него гледам солидна замена за штоперите.. Браун како Браун, све ќе зависи од неговата желба.. Ако посака да си оди по регуларен фудбал, мислам дека сигурно ќе ја добие во друг премиерлигаш.. Но после толку поминати години во Јунајтед, тешко дека ќе го видиме тоа 
Како прво Гибсон АУТ под хитно.. Секој од останатите може да се вметне во некоја неочекувана тактика на Ферги, и да се извлече некоја позитива од него.. Но Гибсон да не го гледам веќе ! Флечер и Андерсон ни ја даваат потребната борбеност така да тие остануваат со сигурност.. Е сега Керик.. Многу шанси му се даваат, многу не ги искористува.. Но сепак според мене, ако Харгрејвс излезе дека не може да игра ( недај боже ), Керик треба да остане.. Сколс има најдобар долг пас што сум го видел во животот, и многу вреди, но го јадат годините, и не само што не може да изигра 2 неделно, туку и кога игра натпревар со побрзо темпо, а покрај него не играат Флечер и Андерсон кои треба да трчаат место него и да му прават простор, ми се губи некако, но оправдано.. Значи све што посакувам тука е МОДРИЌ.. Човеков ако му дадеш малку простор може да ја диктира играта и да те изебе у здрав мозок ! А има душа да оди и до противнички шеснаесетник, едноставно вреден толку пари колку што ќе побара Тотенхем ! 

Тука ни враќа и Велбек, кој веќе се навикна на ПЛ што е огромна позитива.. Диуф нека си остане на позајмица бидејќи моментално нема место.. Е сега, ако пак го прати Македа на позајмица, остануваат Велбек и Овенчо.. Ако ги врати и Велбек и Македа, за Овен ќе нема место.. А може и да го остави Велбек во Сандерленд уште да се усовршува и да игра прв состав, а да останат Македа и Овен, но ова варијанта нај не ми се допаѓа.. Како и да е, Фергусон ќе си одлучи, а ние ќе си се радуваме бидејќи сме полни со талент во тој дел од теренот 
Што се случува со страната зошто не работи?
Многу ми е чудно кога барате нови играчи кога можевме да издржеме и со овие до сега.Тоа е заради нашиот победнички менталитет,и тоа е тоа што ми се допага.И со повредени играчи,и со старци(респект за нив)ние се борииме на 3 фронта...Па кој друг го може ова бре?Што ви е вам?Треба да сте срекни што сме на чекор кон 19 титула во Англија која е рекордна.Збореле другите дека сме со најслабиот тим сезонава...па имињата играат или играчите?И што го пцуете Карик?дечкото се наога во криза ама верувам дека ако постигне еден до два гола(што признавам дека е и малку потешко во моментов)ке му се врати самодовербата.
Сетете се како беше на почеток со Вејн Руни а исто и со Димитар Бербатов,го пцуеја некои ама сега е прв стрелец во лигата и во тимот а читам дека некои сакаат да си замине ради тоа што нема борбеност.Тоа да,флегмастичен е ама битно постигнува голови кои се можеби решавачки за титулата.
Што ви е гајле што ке кажеле другите дали имаме слаб или силен тим?
Јас не велам дека не треба да се купат нови засилувања,одбраната ни е во ред,и нападот,единствено ме загрижува средниот ред.
За голман јас не верувам дека Ферги ке купува нов од калибарот на Ноер,Стекелембург,Де геа,мислам дека ке му даде шанса на Кушчак што и заслужува.
Туку настрана тоа,што се случува со загубата на парите на Јунајтед?Читав некаде дека пријавиле огромна загуба.Значи се уште не сакаат да го средат проблемот.
Де Геа никако!!!
Долговите ги имаше и во 2008, го купивме Бербатов? Го купивме. А и во право е човекот бе, кога се купува од друга лига и самиот Ферги си кажа дека треба да се пази и да се има до знаење дали играчот ќе може да ја издржи Премиер Лигата. Шала настрана, најнапорна лига е. Ко прво во која друга лига се играат на Нова Година мечеви?

Ако обрнете внимание ќе видите дека секој фудбалер кај нас си е специфичен сам по себе, едни двајца со исти карактеристики нема. (Овен - Чичарито ок, ама Овен не се важи бесплатен беше Не можеме вечно со истите играчи, можат да паднат во форма, да се повредат и слично...
Кој е друг голман во тимот освен Кушчак и Линдегард (без ВДС)? Значи мора уште еден голман... јас сакам тоа да биде некој искусен и квалитетен, не сакам нов Керол, Хауард или Фостер... Стекеленбург или Ноер, по можност првиотДе Геа никако!!!
А за парите... тоа е вина на оние грдине Американци!
