Да кажам свое мислење за некои работи.
Колку и да го почитувам рефлексот на Томас Кушчак и сум му благодарна за пеналите што ги има фатено, сепак како да му фали авторитет во шеснаесетникот и друго нешто, ми изгледа како неспособен да процени кога треба да истрча по топката а кога да остане на гол линијата. Мислам, видете го Пинокио како ги строи увек кога ќе треба да ни изведат аут, слободен удар, корнер и кога истрчува по топката. Досега од ова што го има играно кај нас и во Фулам, само една грешка му имам забележано, против ВБА кога му се испушти топката, но грев ќе ми се пише ако му го памтам тоа
, нека ви текне против Фулам седнат каква топка одбрани сезонава.
Мислам дека Браун нема да биде продаден од причина што целиот живот го помина во Јунајтед и како знак на благодарност нема да биде ставен на трансфер листата но ќе биде на клупата, што според мене е ок. Можеби не го бива типов за централен дефанзивец, но како десен бек пружа солидни партии кога веќе нема никој. Штом прифаќа клупа нека седи. За продавање ќе биде чудо ако се случи.
Денес Обертан сам ги реши резервите на Њукасл во кои играа неколку првотимци. Даде два гола и до израз дојде неговата брзина. Навистина не знам што е работата со играчов, за резервите е маестрален а додека игра за првиот тим како да е паднат од Марс. Мислам дека треба да му се даде шанса на позајмица во некои од англиските клубови следната сезона, еве може Сандерленд.
Бебе додека не научи добро англиски ништо не правиме, со кого ќе комуницира на терен? Ако Руни/Чичарито/Бербатов се отворат во шанса, сигурно нема да го бараат Рафаел/Андерсон/Фабио да му кажат на Бебе да им подаде или нафрли, ќе трае тоа цела вечност. Затоа за него не сакам позајмица, нека остане во тимов следната сезона и нека игра што повеќе во Карлинг и ФА во почетните дуели.
Исто така мислам дека Овен ќе ја заврши кариерата во Јунајтед. Самиот изјави пред некој месец дека ако не му биде понуден нов договор тоа ќе биде крајот за него во фудбалот. Штета што е сличен профил напаѓач како Чичарито но не заборавајте дека досега секоја шанса што му се пружила ја искористил. Даде гол против Шити, гол против Астон Вила лани во финалето на купот, сезонава не спаси од пораз против Болтон, даде гол против Саутемптон во ФА, дури и самиот Ферги признава дека се однесува нефер према Овен.
А и сакам да седи во тимов за ремет на Скаузерите, ќе испадне дека требаше да премине во редовите на најлутиот ривал за да освои ПЛ
За децата што ги имаме во младинскиот/резервниот состав, бидејќи ги следам секогаш кога имам прилика, сакам да им биде дадена шанса на Морисон, Погба, Кинг, Вил Кин кој лани ни беше најдобиот млад играч. Белгиецот што го земавме лани, тој Марник Вермиљ освен бек се покажува добро и како крило, само што треба да си ги смири нервите до некој степен, инаку ме потсеќа на Гери Невил.
Моја желба за летово е Лука Модриќ од Тотенхем ако веќе одиме по звучно име и никој друг. Реално, не ни ни треба. Засилувањата зад сцена како Чичарито и Смолинг би ги прифатила во секое време отколку да се изгориме како со Верон или па како кога го купувавме Бербатов кога нашиве даваа изјави дека се заинтересирани за него, па комшиите од Шити одма се залетаа и после сме го платиле 30 милиони. Епа ќе го платиме, затоа сега тотално ги разбирам што не зборуваат толку во јавност за можни трансфер цели.
П.С. За голманското место, тренерот на голманите Ерик Стил го следел мечот меѓу Леверкузен и Шалке - Eric Steele was present during the weekend's match between Leverkusen and Schalke.
Е сега кого го следел е мистерија.