Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Ау ау, никој ништо не ни можи. Нека е честито победата, сега сме на +5 од Арсенал. :)
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.844
Поени од реакции
11.502
Ова со судииве станува смешно и трагично веќе, немам коментар
!
Инаку мило ми е што победивме, 3 бода си се 3 бода!

GLORY!!!
 

Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
И против судијата игравме денес и пак победивме :vozbud:
 

SIRKO

Believe in Manchester United FC
Член од
8 јануари 2008
Мислења
287
Поени од реакции
18
Ајде за убо да е 5 бодови предност мислам дека се доволни за Титула :D:D GGMU!!
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.942
Поени од реакции
7.054
Добро е победивме шо победивме со никаква средина и со кикс на Арсенал треба да сме презадоволни. Ама овој натпревар и евентуално уште еден-два до крајот ќе му го оформат мислењето на Ферги за Керик. Па шо е многу многу е. Приметивте дека во последните 15 мин. Валенсија и Руни беа во средината. Па Валенсија не се ни познава дека се врати од тешка повреда пред два натпревари и одма ора по теренот. Руни како и секогаш, ѕвер неуморен, Смалинг пак на висината на задачата, Нани пак со старите мани ама машко трчање даде и тоа се цени :) Сега сме 5 бода со натпревар повеќе од Арсенал. Одиме напред кон титулата :)
 

Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
Ова со судииве станува смешно и трагично веќе, немам коментар
!
Инаку мило ми е што победивме, 3 бода си се 3 бода!

GLORY!!!
Не станува смешно, ова е СТРАМНО!!!
 

INVINCIBLE

MUFC
Член од
9 декември 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
434
Победа у 88 минута, со играч помалку... Priceless. Урлав како ненормален по дома, како цунами да поминало низ собата.

United, you just made my day!
 
Член од
13 март 2009
Мислења
1.968
Поени од реакции
1.868
Добро е победивме шо победивме со никаква средина и со кикс на Арсенал треба да сме презадоволни. Ама овој натпревар и евентуално уште еден-два до крајот ќе му го оформат мислењето на Ферги за Керик. Па шо е многу многу е. Приметивте дека во последните 15 мин. Валенсија и Руни беа во средината. Па Валенсија не се ни познава дека се врати од тешка повреда пред два натпревари и одма ора по теренот. Руни како и секогаш, ѕвер неуморен, Смалинг пак на висината на задачата, Нани пак со старите мани ама машко трчање даде и тоа се цени :) Сега сме 5 бода со натпревар повеќе од Арсенал. Одиме напред кон титулата :)
Брат, добар беше Керик денес, одзеде доста топки и не загуби многу.
И покрај милион опструкции од ФА ние продолжуваме да газиме се пред себе и секој ден сме се поблиску до рекордната 19 титула ! ! ! GGMU ! ! !
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Абе да не пуштам да гледам... :P

GGMU
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
На Бербатов на утрешниот тренинг ќе му биде врачена наградата "First to 20: Golden Boot Race 2010/11". Прв до 10 исто така ја доби тој. :)

За мечов ќе кажам дека покажавме упорност како и секогаш секогаш и секогаш, која безмалку секогаш ни се исплаќа. Керик само да се исфрли од тимов и Парк од следниот меч да заземе место ќе е маестрално. Ван дер Сар на висина на задачата по кој знае кој пат, Смолинг прави скоро и да не ни сакам Рио да се врати во тимот, Еванс денес беше ок, се труди дечкото, незаслужено доби црвен картон, ама само со човек можеш да се разбереш, со заслепени не ни пробувај.
Руни, Валенсија(не знам дали приметивте но отиде на лева позиција, тотално неприродна за него), Нани, Евра, се утепаа од трчање, Браун беше солиден за тие 45 минути, се врати на неговата природна позиција - десен бек. Чичарито направи што можеше, сепак против корпулентните дефанзивци на Болтон не можеше баш најдобро да се справи, малечок е, Бербатов влезе и почна со бугарското. Гигс на несекојдневна позиција ама си ја изврши задачата која што му беше дадена.

Инаку, да кажам, ФЕРГИ Е ИНСТИТУЦИЈА. Милион повредени дефанзивци, нешто помалце повредени во среден ред, играч помалку, го водиш тимот од ложата и пак победа. Е ако има подобар менаџер, титнете.

Сега ни следи репрезентативна пауза, одличен период да се средат впечатоците и да видат до кај се со повредите, се надевам на враќање на Флечер, Видиќ, Андерсон, Парк, Рафаел и тогаш ќе е веќе друго. Сега, со +5, само да гледаме да ги победуваме мечевиве мирно и да се штедат сили за наредните мечеви.


GGMU!
 
A

apidrone

Гостин
Следната ќе биде тешка... Идеме на гости кај Вест Хем, а потоа на Стемфорд Бриџ у ЛШ...
 

hYstericAl

Front Bumper
Член од
10 март 2010
Мислења
338
Поени од реакции
335
2 минути фаљаа да добијаах срцев удар, после тава за малко адреналино ќе ме убиише :) нека е со среќа

We never give up....always trying to score....Berbatov with the goal!! - Рио на твитер :D
 
Член од
8 април 2010
Мислења
1.182
Поени од реакции
281
Додека е Ферги немате криза вие.
Нека е жив и здрав и да го води Манчестер уште 25 години.
Зш без него нема да биде интересен фудбалот у англија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom